Нашиот домаќин Јове Балуловски, шеф на кујна во битолскиот ресторан „Елисиум“, вели дека од секогаш сакал да готви. Прво учел од мајка му, а потоа почнал да ја изненадува со своите почетнички кулинарски експерименти кои колку и да биле неуспешни, изгорени или недопечени, за неа биле највкусното нешто. Од 6 до 19 години живеел со семејството во Опатија, Хрватска и таму завршил и средно угостителско училиште.
Бидејќи биле 4 деца кои живееле со самохрана мајка, Јове од свои 13 години, како најстар од браќата и сестрата, почнал да ѝ помага на мајка си готвејќи за нив. Првпат решил да ја изненади и да ѝ испржи компири кои биле малку подгорени, но за неа, кога се вратила од работа, тоа бил највкусниот оброк на светот. Потоа продолжил да готви за семејството станувајќи се подобар и подобар. Одел на пракса во тамошните ресторани и хотели, а потоа, продолжил да стекнува искуство и како војнички готвач во касарната „Илинден “ во Ѓорче Петров.
Целиот текст прочитајте го на „Арт кујна“.