Универзитетскиот професор Нано Ружин вели дека американскиот тим кој пристигна во Скопје за да ја истражува корупцијата во Македонија е дојден најмногу поради тоа што, како што вели, македонските авторитети се со ограничен капацитет и неефикасни на ова поле.Ваквиот потег следува по анализата на американската администрација за Западен Балкан во која се забележани големи отстапувања од владеењето на правото. Овие проценки се дополнуваат со оние на ЕУ и НАТО. Со таа цел, американската дипломатија на своите земји-сојузници од овој регион настојува да им помогне, затоа што се смета дека македонските авторитети немаат ефикасност и капацитет, вели поранешниот дипломат за „Фактор“.Веста за пристигнувањето на американскиот тим ја објави амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер. Таа по нејзиното назначување за нова амбасадорка на САД во Македонија, јасно кажа дека нејзиниот фокус во земјава ќе биде борбата против корупцијата. Слично нешто најави и заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.