Црвениот крст продолжува и понатаму со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства. Досега се обезбедни вкупно: 42.739.931,00денари, или приближно 695.000 евра. Средствата се наменети исклучиво за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани, сооптшти Црвениот крст. Оттаму ги повикуваат граѓаните и понатаму да ја покажат хуманоста и солидарноста за обезбедување помош за настраданите семејства. Донација можете да извршите на следните начини:
– Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани. – Донации со повик на телефонските броеви на Македонски телеком, А1 Македонија, МТЕЛ 143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик). – Онлајн донации на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/ – За донации на средства во странска валута: NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF NORTH MACEDONIA, BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE, BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA, BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11, SWIFT CODE: KOBSMK2X, IBAN CODE: MK07300701000001228