13.5 C
Скопје
12/05/2025 20:34
МАКТЕЛ

     

Насилство и страв – Евреите од Берлин се загрижени

      

Еврејските експерти од Берлин повторно алармираат – антисемитизмот зема галопирачки замав, стравот расте кај еврејското население. Тие предупредуваат од уште полош развој на ситуацијата. Ана Чернијак Сегал раскажува сувопарно, а сепак целосно погодена од обидот за подметнување пожар во нејзината синагога со молотови коктели кон средината на октомври минатата година и од нападот врз млад член на заедницата пред неколку недели исто така во Берлин. Младиот човек бил „физички нападнат и навредуван на антисемитска основа“, имал „скршеници на коските и претрпел огромна емоционална и ментална штета“. Тоа се два антисемитски напади врз ортодоксната еврејска заедница „Кахал Адас Јизроел” од Берлин кои се најдоа во вестите низ цела Германија.

Навреди во подземната железница

Но Сегал, која ја води заедницата, раскажува и за многу други инциденти и меѓу редови се чита загриженоста за безбедноста. Имало вербални напади на улица или во јавниот превоз како на пример „убијци на деца“, потоа непријателски коментари на интернет, антисемитски написи на згради и влезови, откорнати малите прачки со стихови од Тората кои религиозните Евреи ги нанесуваат на влезните врати. „Имаме доста зголемена состојба на опасност по безбедноста на еврејскиот живот “, вели таа и додава дека „тоа не сме можеле ни да си го замислиме”.

Антисемитизам – зошто толку упорно опстојува

   

Сегал е една од погодените кои се јавија за збор при претставувањето на годишниот извештај „Центар за истражување и информирање за антисемитизам“ Берлин (РИАС-Берлин). Тоа што статистиката само со бројки и сепак толку застрашувачки го бечежи, таа го надополнува со вистинските приказни. Во 2023 година РИАС- Берлин има нотирано 1270 антисемитски инциденти во германскиот главен град. Тоа е најголем број откако институцијата е формирана во 2015 година и е пораст од околу 50 проценти во однос на претходната година. „7 октомри 2023 е пресврт”, вели шефицата на проектот РИАС – Берлин, Јулија Коп. Антисемитизмот од тогаш е „значително повеќе присутен“ отколку претходно во Берлин. Од 7 октомври, првиот ден на убиствениот напад од терористичката организација Хамас, се до крајот на годината имало во просек околу 10 антисемитски инциденти на ден. Опфатени се казниви и неказниви дејствија.

Коп објаснува дека еврејскиот живот во градот веќе се има променето. Евреите внимаваат на тоа да не бидат препознаени според религиозни симболи. Поединци дури и се преселуваат во други делови од градот заради посебна загрозеност.

„Трауматизирани и повредени”

Коп го наведува еврејскиот ресторан „Додас Дели”, кое долго време се наоѓаше и си имаше своја клиентела во Берлин Фридрихсхајн. По почетокот на теророт од Хамас бил уништен натписот и имало постојано закани и предупредувања да не се посетува Дели. „Сопствениците беа приморани да го напуштат маалото“, раскажува таа и додава дека наскоро треба да се отвори во Вилмерсдорф, на западот на Берлин. За комесарот за антисемитизам на еврејската заедница во Берлин, Сигмунд Кенигсберг, извештајот покажува „како големи делови од еврејската заедница во Берлин се трауматизирани и повредени”.

Пропалестински демонстрации во Берлин во средината на мај, 2024
Пропалестински демонстрации во Берлин во средината на мај, 2024Фотографија: RALF HIRSCHBERGER/AFP

Ситуацијата во Берлин, градот со најголема муслиманска и палестинска заедница во Германија, не е исклучок. Тоа го покажува извештајот на РИАС за 2023 година во Хесен, кој беше претставен на истиот ден. И таму почнувајќи од 7 октомври експлодираат бројките – повеќе од 60 проценти од регистрираните инциденти се случиле во последното тромесечје на годината. Претходниот ден експертите на „Здружението на советувалишта за погодени од десно, расистичко или антисемитско насилство“ зборуваа пред новинарите. Историчарот Јенс-Кристијан Вагнер, шеф на спомен местата Бухенвалд и Мителбау-Тора во Тирингија, посочи дека имало инциденти додека групи биле водени низ поранешните концентрациони логори. Дошло до антисемитски или анти-израелски забелешки, па дури и до заплашување на соработници на спомен местата. На прашањето дали сторителите во овие слуачи се од кругот на проипалестинско или муслиманско милје, тој вели дека по правило се „автохтони Германци“, односно Германци без било каква доселеничка позадина. Загриженост за безбедноста и телесниот интегритет имаат Евреите очигледно во сите делови од Германија, а не само во Берлин.

Сомнеж и фрустрација

Сепак, најчесто се чувствуваат заштитени од страна на полицијата и дека добро се внимава на нив. И од експертите на РИАС нема критика за однесувањето на безбедносните структури на антиизраелски демонстрации. Но, сомнежи и фрустрација сепак се присутни. Сегал раскажува како прозорците на едно еврејско семејство од нејзината заедница биле искршени со фрлени камења од децата на муслиманско семејство од соседството. Од полицијата го добиле советот „да се отселат од таму бидејќи не можат ништо да сторат“. Меѓу членовите на заедницата такви вести имаат страшно влијание. Одговорните морале да молат за погодените лица да покажат подготвеност да пријават такви инциденти. И тоа не го прават сите.

   

Најново

(ВИДЕО) Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не е здрава храна ако го намалиме лебот и го тргнеме „благото“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова може да ја револуционизира иднината на возењето

Sase Ivanovski

Машен, Германија – Повеќе од град, тоа е еден од клучните железнички центри во Европа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: За нас, говорат делата!

Sase Ivanovski

Недела поладне во Белград! Pan-Pot во кафетерија

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Каде што застана Груевски, продолжува Мицкоски

Sase Ivanovski

Масивната вежба на писта на американските воздухопловни сили со 53 авиони – испратена порака до ривалите како Кина

Sase Ivanovski

На многаја лета Свети Василиј Острошки…

Sase Ivanovski

Полска еднаш ги отвори вратите за милиони украински бегалци, но сега расположението се смени

Sase Ivanovski

Полска: Руската тајна служба стои зад пожарот во трговскиот центар во Варшава во 2024 година

Sase Ivanovski

Научниците откриваат колку точно тежина ви е потребно за да кревате за да стекнете мускули

Sase Ivanovski

САД и Кина се согласија да ги намалат царините во рамките на деескалацијата на трговската војна

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп е подготвена да прифати „палата на небото“ како подарок за Трамп од Катар

Sase Ivanovski

Објавена е првата излезна анкета од изборите во Албанија, Социјалистичка партија и Еди Рама водат со 79 пратенички места

Sase Ivanovski

Зошто кинескиот борбен авион J-10C „Vigorous Dragon“ е во тренд…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бендот „Фанк Шуи“ со голем хуманитарен концерт за Кочани во МКЦ на 15 мај

Sase Ivanovski

Ќе се работи Студија за природните вредности на Јабланица, целта е да се прогласи за заштитено подрачје

Sase Ivanovski

Лишени од слобода четири лица во гостиварско затоа што управувале возила со поголема брзина од дозволената

Sase Ivanovski

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Sase Ivanovski

Ретроспективната изложба на Анета Светиева

Sase Ivanovski

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Sase Ivanovski

Муртезани на средба со известувачот за Северна Македонија, Вајц  во Брисел: стратешки разговори за напредокот во пристапниот процес и поддршка за реформите

Sase Ivanovski

Лишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

(ФОТО) (Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Европските лидери го посетија Киев и и порачаа на Русија: 30-дневен прекин на огнот сега или ќе се соочат со огромни санкции

Sase Ivanovski

ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ ЌЕ СЕ ЕДУЦИРААТ, КАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВААТ КОН СВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Sase Ivanovski

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората како институционален облик на соработка

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ЗНАМ не можат да излажат никого

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ

Sase Ivanovski

Вчера 968 сообраќајни прекршоци, 636 за брзо возење

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Пронајдена дрога во Кавадарци, лишени од слобода две лица

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонскиот павилјон меѓу 10-те највпечатливи на Венециското биенале, GOVTECH дигитална програма за решавање на проблемите на граѓаните, се зголемува довербата на граѓаните во финансискиот систем

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Акциска контрола синоќа во Скопје, 76 сообраќајни прекршоци, 20 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Чествување на 195-годишнината од раѓањето на Прличев со промоција на книга од акад. Митевски во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венециското биенале ги поздрави СДС, успех за македонската делегација предводена од Љутков, македонскиот павилјон во првите 10

Sase Ivanovski

Од утре почнува Robomac по 13-ти пат

Sase Ivanovski

Филипче му ја честиташе победата на Еди Рама

Sase Ivanovski

Симеонов: Се зголемуваат платите на здравствените работници што е услов за квалитетен здравствен систем

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза?

Sase Ivanovski

Амбер Херд откри дека дочекала близнаци, кои и се придружија на големата сестра Унах (4)

Sase Ivanovski

Бугарија наскоро на референдум – ќе одлучува дали ќе го прифати еврото

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан најавија директни преговори

Sase Ivanovski

Еди Рама на прагот на четврти мандат

Sase Ivanovski

Нови цени на горивата од полноќ: Дизелот поевтинува, бензинот поскапува

Sase Ivanovski

Почина кардиологот Агим Зеќири

Sase Ivanovski

“Ни падна нас да ги исправаме грешките од лековерност или незнаење на претходниците” беседеше премиерот интервјуиран од заменик министерката Трајков

Sase Ivanovski

Најмалку десет жртви во израелски напад врз училиште во Газа

Sase Ivanovski

Пакистански авион од кинеско производство собори два индиски борбени авиони, соопштија американските власти

Sase Ivanovski

ПКК објави дека се самораспушта и го запира вооружениот конфликт против турските власти

Sase Ivanovski

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Sase Ivanovski

Гардијан со детали: САД и Кина договорија намалување на царините за 115 отсто за период од 90 дена

Sase Ivanovski

Една епизода од Game of throns чини колку Х Македонски народни приказни

Sase Ivanovski

Слонот во собата и „куклите“ во Владата

Sase Ivanovski

Оптимизам на берзите во Европа по договорот меѓу САД и Кина за намалување на царините за 90 дена

Sase Ivanovski

Руско Министерство за одбрана тврди дека нивниот „Искандер“ уништил ХИМАРС на украинската армија

Sase Ivanovski

ЦЕЛТА Е ЕУ, НО ТРЕБА ДА ПОБЕДИМЕ И ВО ПАРИЗ, БЕРЛИН, РИМ… Мицкоски сака Македонија да биде трипати подобра од сите за да испрати порака

Sase Ivanovski

Голем триумф за Еди Рама – сам има мнозинство да состави Влада

Sase Ivanovski

ДУИ: Време е да се преиспита легитимитетот на политичките претставници на предвремени парламентарни избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Интрига или факт: Гајдов му удрил бокс/шлаканица на Зиков?

Sase Ivanovski

Основната разлика меѓу евро-интеграциите на Скопје и Кијив: Украина ја брани Европа сама по себе. ЕУ ја брани Северна Македонија самата од себе

Sase Ivanovski

САД и Кина се договорија да ги намалат царините!

Sase Ivanovski

Како причини за таа својствена одлика за Американците, се наведуваат американската култура и нивниот секојдневен живот

Sase Ivanovski

Костадинов до Ѓеоргиевски: Недостасува кадар во градинките во Струмица, зошто местата не се пополнуваат?

Sase Ivanovski

Хотел Златибор во Ужице, Србија е маестрален пример за социјалистичкиот модернизам

Sase Ivanovski

Бобан Стефковски: БЕЛОМОРСКИ ВИДУВАЊА 2025

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денеска имавме чест и задоволство да оствариме прекрасна средба со Крис Павловски и Џанкарло Девасини

Sase Ivanovski

Почнаа 13-тото издание на RoboMac и 5-тото издание на RoboMac Junior

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но не очајуваме, македонската економија има потенцијал испорачуваме резултати

Sase Ivanovski

Јаневска: се залагаме за едносменска настава во сите училишта бидејќи значително го подобрува знаење на учениците

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Филипче има удел во бизнисите на Заев во Дубаи, затоа ли молчи за златната виза?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петрушевски: Во што се претвори СДС? Здружение на наркодилери и конзументи? Или нивен заштитник? Ќе се откаже ли СДС од Слаѓан Марковски?

Sase Ivanovski

Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска со порака до збунетото СДСМ – се самозалажувате – вашите штабови се како археолошки напуштени музеи

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: И ова утро, Општина Центар го исчисти сметот во Дебар Маало, Комунална хигиена на продолжен викенд

Sase Ivanovski

Минисерство за внатрешни работи: Приведен кавадарчанец, управувал возило со 2,52 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Sase Ivanovski

Симеонов: Се зголемуваат платите на здравствените работници што е услов за квалитетен здравствен систем

Sase Ivanovski

Герасимовски: Ги повикувам станарите од Општина Центар да се пријават за субвенции за санација на покриви и лифтови

Sase Ivanovski
Вчитувам....