МАКТЕЛ

    

Насмеаната некогашна обвинителска ѕвезда не покажа ниту малку срам за она што се случи и за што има правосилна судска пресуда против неа, ниту пак каење

      

Деновиве „експлодираше“ едно интервју на некогашна обвинителска ѕвезда која се наоѓа во казнена установа. Па си замислувам како ја гледал обичен граѓанин кој чека правда. Обвинителката насмеана, радосна, спокојна, весела, во интервјуто во подкастот „Претрес“, не се жали на животот меѓу затворските ѕидови. Гледачот, занемен, нерасположен, со гнев кон правната држава и разочаран од незадоволената правда.

Обвинителката е обврзана со изјава за доверливост која, вели, многу ја почитува и се држи до неа, па нема да зборува за својата работа во СЈО. Човек да се запраша – а не ли беше обврзана со законот и со обвинителската заклетва кои ги прекрши на најгруб начин? „Изјавувам и се колнам дека во вршењето на обвинителската функција ќе ги почитувам Уставот и законите, дека функцијата ќе ја извршувам совесно и одговорно…“ Така вели обвинителската заклетва која таа ја заборави веднаш штом ја потпиша. Да не говориме за угледот и етичноста и достојноста за функцијата, говорничката умешност и вештина, кои се исто така дел од условите да се биде обвинител, па макар и обвинител во затвор.

   

Со јавувањето на обвинителката од затворот, Македонија уште еднаш го доживеа поразот од едно епохално промашено кадровско решение на кои му кумуваа вршители на највисоки функции во државата, и клучните амбасадори во тоа време. Тоа наведува да се запрашаме каква е способноста за расудување при селекцијата на личности за најодговорните функции. И колку самите институции имаат капацитет да препознаат погрешни луѓе на погрешни места и навреме да реагираат. Бидејќи тоа не се случи, останува да заклучиме по којзнае кој пат дека работните средини се полни со медиокритети кои се прават слепи и глуви пред неспособноста, криминалното однесување, и сите други симптоми што не може да не се видат во секојдневната соработка и комуникација.

Насмеаната некогашна обвинителска ѕвезда не покажа ниту малку срам за она што се случи и за што има правосилна судска пресуда против неа, ниту пак каење. Расположена, како да добила Нобелова награда за право, а не како да е во затвор за најтешка злоупотреба на обвинителската функција, таа ѝ обзнани на јавноста дека ниту малку не се кае за нејзиното време во Специјалното јавно обвинителство. Не се ни кае, вели, што прифатила да биде специјална јавна обвинителка. „А зошто да се каам, им направив кариери на 100 луѓе“, самоуверено и низ насмевка одговара таа.

Изгор сметка за СЈО
Веројатно Македонија има зошто да се кае после тажната приказна за Специјалното јавно обвинителство. Државниот завод за ревизија откри дека во периодот 2015-2019 година биле потрошени 4,5 милиони евра само за надоместоци надвор од платите, од кои 157 илјади евра биле само за шефицата Катица Јанева. Надоместоците биле давани без пропишани критериуми. Вкупната сума за плати и додатоци за истиот период изнесува околу 12 милиони евра.Што се вели, Македонија плати „изгор сметка“ за оваа авантура. Денес, кога државата не успева да се справи со бројните пожари во кои веќе има и човечка жртва и изгорени домови, добро е да се потсетиме зошто немало пари за современа противпожарна заштита, а имало за такви кадри.

Но обвинителката денес вели дека не размислува за минатото затоа што тоа било професионален ангажман. „Јас не сум емотивец, туку сум изградена личност, јас кога станав СЈО не бев дете, не бев некој што се лаже по пари, мене никој не може да ми биде авторитет…..“, тече муабетот со обвинителката. Како да се наоѓа на пазар, а не во затвор. Вели и: „Јас не му кажав на татко ми кога станав СЈО, знаев дека тој ќе се лути, не сакаше да бидам СЈО бидејќи знаеше што ќе ми се случи“. И тука доаѓа главниот удар. На прашањето дали таткото ја предвидел иднината на својата ќерка во СЈО, добивме одговор придружен со долго смеење: „Па, во глобала – да!“Ниту срам, ниту наведната глава, ниту покајнички зборови од таков висок профил на личност на која ѝ се поклонуваше цела држава, странски весници ѝ пишуваа пофални текстови, а таа ја прокоцка огромната доверба.

Формула за уживање во животот
Обвинителката се пофали и дека во затворот ослабела 40 килограми, дека двапати дневно се слуша со синот и ќерката, па дури и видно расположена рече дека многу мајки не си ги гледаат децата секој ден како што таа има прилика за тоа.
И задоволна си е таа од нејзиниот живот затоа што „водолија си е водолија“, вели објавувајќи ја својата пасија за читање хороскоп. Од кога влегла во затвор, раскажува таа, само три месеци била затворена. Во останатиот период ги користела законските погодности што ѝ следуваат, па добивала одмори, оди на пазарење, си вози и.т.н. На прашањето што ќе работи откако ќе ја издржи целата затворска казна, одговара: „Ќе го работам тоа што и досега го работев во моите 60 години живот– ќе уживам во животот“.

Па, цинично кажано, нека ужива, заслужила. Граѓаните на оваа земја не уживаа во сцените на распадот на СЈО и вестите за милионски суми ставени во приватни џебови од парите на даночните обврзници. Не само што не уживаа, туку засекогаш изгубија надеж дека ова општество ќе се промени. Човек просто да посака да го стори истото што го стори таа обвинителка, да ја злоупотреби својата функција за едно 2-3 милиони евра, и после со радости да дава интервјуа од затвор за убавиот затворски живот. Ете и нејзиниот компањон во тоа што го направија, често го гледаме како гордо се шета низ скопските улици затоа што добил „прекин на издржување на затворската казна поради потреба за лекување“.

Дали е премногу наивно да се очекува срам и каење после една таква животна случка, што стави црно петно врз целиот правосуден систем на Македонија, врз политиката, врз дипломатијата која беше вклучена во изборот на кадри за СЈО и воопшто за цело едно историско поглавје во кое милион граѓани маршираа низ улиците барајќи правда?! Не, не е наивно, туку е час поскоро потребно да се промени нашето општество за да не може на врвни функции да доаѓаат авантуристи од секаков вид. Се разбира има и исклучоци, и на нив останува да ја променат оваа поразителна општествена состојба.(dw)
Соња Крамарска

  

Најново

Џамбазов за Андреј: „Пријателе …малкумина има како тебе, ти беше од таа специјална сорта – добри луѓе“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Очевидецот Влатко Здравков 100 души лежат, фаќаш кој има пулс, тие да ги спасиме

Sase Ivanovski

Сотир Габелоски: 59

Sase Ivanovski

Ден на жалост во Босна и Херцеговина поради трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Папата Франциск испрати писмо од болницата: Сега кога сум болен, војната ми изгледа уште поапсурдна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Драматична сцена во НБА: Колабираше познат американски комичар

Sase Ivanovski

Хаосот со објектите што глумат „кабареа“ во Скопје, е дозволен од тие што имаат инспекторска значка

Sase Ivanovski

Радев: Подготвени сме да лекуваме уште повредени од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Сè уште трае обдукцијата на жртвите од Кочани, се вршат и ДНК анализи

Sase Ivanovski

Улицата Христо Татарчев повторно раскопана, надзорот му нашол мана на новиот асфалт

Sase Ivanovski

Двајца повредени во пожарот во „Пулс“ испратени на лекување во Хрватска

Sase Ivanovski

Австрија сочувствува со Северна Македонија: Поддршка и солидарност по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Во Луизијана прва егзекуција по 15 години на осуденик на смрт со вдишување азот

Sase Ivanovski

Мал авион се урна во море во Хондурас – Најмалку 7 загинати

Sase Ivanovski

Бектеши, Трајковски и уште 12 осомничени лица за пожарот во Кочани добија 48 часовен притвор

Sase Ivanovski

Таравари ќе ги посети повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Солун

Sase Ivanovski

Романскиот патријарх Даниел изрази сочувство за настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови

Sase Ivanovski

Вкупно 72 пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во странство

Sase Ivanovski

Времето денеска променливо облачно и студено со засилен северен ветер

Sase Ivanovski

(ФОТО) „Едни убивате, други иселувате“: Порака од Париз по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД АЗБЕСТОТ СЕ СТРАШНИ: Д-р Трајковски објасни какви се последиците откако се обзнани дека во дискотеката имало азбестен кров, а постои опасност голем број од повредените да го вдишале

Sase Ivanovski

„СИТЕ НАДЛЕЖНИ ГИ БОЛЕЛО УВО, И СЕГА БЕНДОТ Е КРИВ, а вие во ШвеТЦка сте живееле“ – Жанета Трајковска до министерот: „Аман без пајакот“

Sase Ivanovski

„НЕМОЈТЕ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ НАД ПАЦИЕНТИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ“: Д-р Лазаров за Вучиќ вели дека е благодарен, но апелираше да нема гужви каде што се сместени

Sase Ivanovski

ТОШКОВСКИ ГИ БРАНИ ФУНКЦИОНЕРИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ: Овие дејствија се преземани во минатото, не се преземани денес

Sase Ivanovski

Во Солун во посета на повредените од Кочани пристигнаа министрите Таравари и Муцунски

Sase Ivanovski

24 анализа – Кој се е виновен за трагедијата во Кочани?

Sase Ivanovski

Оваа жена го промени светот на архитектурата…

Sase Ivanovski

Потеклото на броевите објаснето во Фез

Sase Ivanovski

Римските сводови го сменија инженерството…

Sase Ivanovski

Шпанија има 17 неверојатни региони, секој со свој уникатен шарм…

Sase Ivanovski

Корупцијата ќе ја проголта државата Македонија – Сега или никогаш

Sase Ivanovski

Кој дел од историјата на САД најмногу ве изненадува?

Sase Ivanovski

🔑 Кој го измислил КЛУЧОТ? Ајде да зборуваме за овој НЕОПЕAН ГЕНИЈАЛЕЦ!

Sase Ivanovski

Во 1900 година, една француска компанија за гуми излезе со брилијантна продажба

Sase Ivanovski

Александар Вучиќ во обиколка на повредените од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Кочанчани ја земаа правдата во свои раце

Sase Ivanovski

Трите пак кои се пратени на третман во Грција, ноќеска се оперирани затоа што имале внатрешни и надворешни изгореници. Тие се под постојан лекарски надзор

Sase Ivanovski

Здравствените власти ги повикуваат сите кои биле ноќта во близина на пожарот да се јават на преглед на скопските клиники, затоа што 18 пациенти од Кочани дури денес пријавиле изгореници и симптоми на гушење

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ѓраѓани го превртеа возилото на сопственикот на дискотеката каде загинаа 59 луѓе

Sase Ivanovski

Основниот Кривичен суд по вторпат го ослободи од вина полицаецот кој во 2023 година пукаше и ја застрела Фатмата Камара

Sase Ivanovski

НЕВЕРОЈАТНАТА СЛИЧНОСТ НА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ СО ТАА ВО РОМАНИЈА ОД 2015-ТА: И ТАМУ ВО ПОРАНЕШЕН МАГАЦИН ЗА КОНДУРИ ЗАГИНАЛЕ 60 РОМАНЦИ СО СЕ ЦЕЛАТА МУЗИЧКА ГРУПА КОЈА НАСТАПУВАЛА

Sase Ivanovski

Свештеник ја смири гневната толпа луѓе пред куќата на Градоначалникот Папазов во Кочани

Sase Ivanovski

Две лица од Куманово побарале лекарска помош поради труење од чад, откако нивен сосед запалил оган

Sase Ivanovski

Како политичарите и носителите на јавни функции НЕ треба да комуницираат со новинарите во моменти на трагични настани

Sase Ivanovski

На Судска медицина се уште се работи на идентификација на телата на загинатите во пожарот

Sase Ivanovski

Караев: Ние сме заложници на еден систем „Ми се може“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сите 14 обвинети со лисици се однесени во Обвинителството во Кочани (ВИДЕО)

Sase Ivanovski

Кочани во тага: „Додека луѓето се измачуваат – системот ужива“

Sase Ivanovski

Вкупно 86 пациенти во македонските болници, во странските се преземени 51, денеска и утре уште 30

Sase Ivanovski

Бектеши и поранешниот директор на пазарниот инспекторат Трајковски спроведени на сослушување

Sase Ivanovski

Од психијатриска поддршка за семејствата од Кочани, до повици за одговорност

Sase Ivanovski

Пановски: Ова е дилетантство од невидени размери

Sase Ivanovski

Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи

Sase Ivanovski

Над 150 жртви во масовни несреќи во Македонија во изминатата деценија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не знаете како ми е мене, многу од нив беа мои пријатели, вели осомничен припадник на обезбедувањето

Sase Ivanovski

Министерството за здравство ја информира јавноста дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти

Sase Ivanovski

Тошковски: Секој еден којшто допринел за оваа ужасна трагедија којашто и се случи на Македонија ќе одговара, нема да е како досега во случаите

Sase Ivanovski

Тошковски: Работиме максимално посветени, ќе покажеме дека имаме капацитет согласно закон да ја овозможиме правдата

Sase Ivanovski

Националниот младински совет на Македонија: Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските на младите животи што вчера згаснаа во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Низ клиниките во Македонија се распределени 98 пациенти

Sase Ivanovski

Тетово: Возач со „Голф“ удрил во велосипедист и избегал

Sase Ivanovski

Лекарите постепено ја намалуваат терапијата со кислород за Папата

Sase Ivanovski

Азески: Од бротчето во Охрид до пожарот во Кочани, не успеавме да изградиме функционална држава

Sase Ivanovski

Петмина нападнале 66-годишен човек кај Бит-пазар

Sase Ivanovski

Уште 12 повредени префрлени на лекување во Србија, тројца во Грција и двајца во Австрија

Sase Ivanovski

Никогаш не сме биле поблиску до мировен договор, вели Белата куќа

Sase Ivanovski

Студентски отпор: Ангелова и Јаневска се самопромовираа, собираа ПР-поени на собирот на УКИМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Како до лиценца за кабаре?! За издавање министерството за економија се потпира и на други институции

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“: Не чувствувам вина, јас ги спасив сите што можев и многу ми е криво што не можев тие да ги спасам

Sase Ivanovski

НАСА: Американските астронаути по девет месеци на Меѓународната вселенска станица утре се враќаат на Земјата

Sase Ivanovski

Украинците ја загубија последната клучна американска ракета, а потоа испукаа силно ново оружје и предизвикаа сериозно уништување во Русија

Sase Ivanovski

„Маршот да не ескалира во протест“: Охридските средношколци утре ќе им оддадат почит на загинатите во Кочани

Sase Ivanovski

Национален младински совет: Трагедијата е резултат на системскиот хаос што владее со години

Sase Ivanovski

Срѓан Ивановиќ: Лесно запалива држава

Sase Ivanovski

Мицкоски по средбата со Стојаноски и Дурмиши: Во текот на утрешниот ден започнува теренска контрола на сите субјекти

Sase Ivanovski

Студентите бараат откажување на наставата и испитите за време на деновите на жалост

Sase Ivanovski

Пациентите кои се на лекување во Белград се во тешка состојба

Sase Ivanovski

ЕУ евакуира жртви со изгореници од смртоносниот пожар во Кочани преку механизмот за цивилна заштита

Sase Ivanovski

УСС ги прифаќаат критиките во врска со настанот -во наредните собири нема да има никакви обраќања на политичари

Sase Ivanovski
Вчитувам....