Светското фудбалско првенство во Катар ќе биде отворено денес, по традиција со натпревар во кој ќе игра домаќинот. Противник на Катар ќе биде Еквадор. Средбата ќе се одржи на стадионот „Ал Бајт“ во Ал Хор со почеток во 17 часот. Натпреварите од групната фаза на Светското првенство во 2022 година ќе се одржат од 20 ноември до 2 декември.