18.1 C
Скопје
18/05/2025 17:11
МАКТЕЛ

     

Најавата за нов заем очекувана, поважно е од каде и под кои услови ќе биде земен и како ќе биде потрошен, сметаат експертите

      

Нема ништо неочекувано во најавата да се земе заем, многу поважно е од каде ќе се обезбеди и под кои услови, велат експертите по најавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар на новата влада Христијан Мицкоски за задолжување од една милијарда евра од друга влада. Иако тој не открива детали под кои услови ќе се земе заемот и од каде, за стручната фела важно е да има продуктивна употреба на заемите која ќе овозможи економски раст.
Трите приоритети на кои треба да се насочи новата влада, според нив, се забрзан економски раст, продолжување на евроинтегративниот процес и борба против корупцијата. Посочуваат дека е потребно создавање одржлива и продуктивна економија базирана на иновации, претприемништво, ефикасна работна сила која е силно интегрирана во регионалните и глобалните економски текови, зајакнување на институционалната структура и одржливи реформи во здравствениот, образовниот и социјалниот систем…

Задолжувањето да биде насочено кон продуктивни инвестиции кои ќе овозможат долгорочен економски раст
Професорот Борче Треновски од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ вели дека во моментот е неблагодарно да се дискутира за најавениот заем затоа што нема доволно детали, но посочува дека задолжувањето треба да биде насочено кон продуктивни инвестиции кои ќе обезбедат економски поврат што ќе овозможи сервисирање на долговите и дополнително национален развој.

   

– Сведоци сме дека изминатите години редовно нашата земја се задолжува, притоа искористувајќи дел од новите заеми за враќање на старите, а дел за правење нови јавни расходи, што постепено го кумулираше нашиот долг. Ова го кажуваме од причина што од потенцијалната нова Влада беше најавена една милјарда задолжување под поволни услови и ова го отвори прашањето – дали во иднина нешто ќе се промени, што ќе значи ова ново задолжување. Имајќи предвид дека се уште немаме доволно информации за оваа најава за задолжување, неблагодарно од наша страна е да шпекулираме за детали, меѓутоа може да продискутираме за определени аспекти кои можеби ќе фрлат малку светлина за окружувањето во кое потенцијално би се задолжиле, вели Треновски во изјава за МИА.

Со последното зголемување на три проценти на референтната каматна стапка граѓаните може да очекуваат во догледно време каматните стапки како депозитите, така и на кредитите да се зголемуваат
Посочува дека обезбедувањето на поволно задолжување е добредојдено, но дека од особена важност е да има информација за евентуално дополнителните услови, кои би го придружувале ова задолжување, односно кои би биле евентуалните економски и други трошоци/барања што ги носи истото.

– Во услови кога веќе имаме ниво на јавен долг на граница на фискалната одржливост (кога секако ќе треба да враќаме стари долгови), а од друга страна меѓународните финансиски пазари се уште се „затегнати” како резултат на изминатите кризи – обезбедувањето на поволно задолжување секогаш е добредојдено, но воедно претставува и предизвик (од каде ќе се обезбеди ова задолжување, кои ќе бидат условите за истото …). Секое задолжување, од искуство од институционалните инвеститори е поврзано со определени барања/правила/реформи покрај главницата и каматата – барања кои даваат некоја гаранција за продуктивна употреба на средствата или зајакнување на менаџментот со јавните средства и долгот, појаснува Треновски.Во однос на намената на најавеното задолжување од една милјарда, според Треновски, постои можност дел од средствата да бидат наменети за раздолжување од старо задолжување.

– Знаеме дека следната година веќе доспева позначајна сума на старо задолжување и раздолжувањето ќе биде една од фискалните потреби, кои ќе се појават и можат да апсорбираат значаен дел од очекуваната милјарда – што доколку навистина е поволно и без дополнителни национални трошоци може да направи определени заштеди. Доколку не се искористи за раздолжување – јасно е дека досега ефикасноста на системот на јавни расходи беше особено ниска и нашата интерна контрола и приоритизација на расходите беше недоволно организирана – што го отвара прашањето дали оваа милјарда или некоја нова ако дојде, ќе биде употребена за продуктивни расходи кои ќе овозможат национален развој и ќе го зголемат нашиот потенцијал да ги вратиме долговите, потенцира професорот Треновски.
За професорот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии нема ништо неочекувано во тоа што новата влада најавува задолжување бидејќи, како што вели, фискалната ситуација во земјата не е сјајна.

– Буџетскиот дефицит во првите три месеци изнесува околу девет проценти од БДП, и само во овие три месеци е потрошена скоро една половина од вкупниот проектиран дефицит за целата година. Сепак, малку е тажно што првата работа која ја најави новиот премиер на економски план е даке ќе се задолжи милијарда евра, вели Јовановиќ за МИА.
Ако сакате да ја поттикнете економската активност мора да ја стимулирате потрошувачка, тоа е еден од основните постулати за справување со секоја криза, порача вечерва поранешниот советник во
Проблематично, според него, е тоа што во јавноста проструила информација дека милијардата ќе биде земена од Унгарија која, како што посочува, не е земја која плива во пари и во голема мера зависи од буџетските трансфери од ЕУ.

– Ова отвора бројни прашања, како на пример – зошто Унгарија би ѝ дала пари на Македонија, што ќе бара за возврат, дали бегалецот Груевски е некако во игра, дали ова е можеби вовед во негово враќање во државата, дали Македонија тргнува по патот на Унгарија, која важи за една од најпроблематичните членки на ЕУ?, прашува Јовановиќ.
Економијата да биде во фокусот на новата влада, но и одржливи реформи во повеќе сектори
Фокусот на новата влада, според академик Таки Фити, треба да биде економијата, односно забрзувањето на економскиот раст, бидеќи во моментот, смета дека имаме ниски стапки на економски раст и развој, многу ниска продуктивност на трудот и слаба конкурентност на економијата. Потребно е, вели тој, и забрзување на европските интеграции, но и борба против корупцијата.

– За да се забрза економскиот раст и развој има нешто што е многу значајно и што влијае врз бизнис климата и можностите за инвестирање во Македонија, а тоа е борбата против корупцијата. Тоа е рак рана, бидејќи стана системска, ја има на сите нивоа не само кај јавните набавки и кај централната влада, туку и кај општините и сите сектори, кај граѓаните…. Митото и корупцијата станаа вообичаена работа. Тоа му прави големи штети на економскиот раст и развој. Дејствува и на репутацијата на земјата ја влошува бизнис климата, ја намалува склоноста на инвсетирање, не само на странските инвеститори кои што не сакаат да даваат мито за да добијат некакви привилегии, туку и кај нашите, истакнува академик Фити.

Потребен е поповолен даночен третман на иновативните тутунски производи, истакна академик Таки Фити на научната дискусија по повод завршувањето на мултидисциплинарниот проект „Социјален прист
Со цел остварување на долгорочен развој и просперитет, професорот Треновски, смета дека е неопходно конечно да се почне со долго очекуваните структурни реформи, кои ќе овозможат системска промена во земјата зајакнувајќи ја нејзината економска социјална и институционална основа.

– Се надеваме дека новата влада конечно ќе направи обид да воспостави основа за национален консензус за промени во неколку клучни области: Создавање одржлива и продуктивна економија базирана на иновации, претприемништво, ефикасна работна сила која е силно интегрирана во регионалните и глобалните економски текови. Зајакнување на институционалната структура преку создавање на силни/ефикасни, деполитизирани, отчетни институции и администрација, кои ќе бидат отпорни на корупција, ќе обезбедат владеење на правото, гарантираат имплементација на законските решенија и силна поддршка на бизнис секторот и граѓаните на нашата земја, посочува Треновски.

Потребни се, смета тој, и одржливи реформи во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, како и вистинска децентрализација кои ќе обезбедат ефикасни услуги за граѓаните, рамномерен развој на земјата и национална благосостојба.Приоритети во јавното трошење
Без разлика дали државата ќе се задолжи сега или подоцна, експертите сметаат, дека е неопходно да се зајакне системот за приоритизација во јавното трошење, да се обезбеди вредност за пари и транспарентно да се постави финансиска рамка во која би се реализирале средствата.

– Задолжувањата има логика ако обезбедат „вредност за парите” ако можете истите да ги вратите, со нив да обезбедите национален развој, без притоа да имате економски, социјални или политички трошоци за вашата земја. Меѓутоа кругот на задолжување тешко се контролира и да не заборавиме дека нашата следна тема и фокус треба да биде на фискалната консолидација, користењето на националните фискални резервоари, зајакнување на фискалниот простор и намалувањето на јавниот долг, смета Треновски.
Професорот Јовановиќ забележува дека новата влада нема намера да направи суштинска промена и дека ќе продолжи со досегашниот неолиберален модел заснован на мала држава, ниски даноци, примат на приватниот сектор и фокус на странските инвестиции.

– Овој модел во Македонија, со мали варијации, се применува веќе 30 години и е главната причина зошто доходот по глава на жител во земјата е само 40 отсто од просекот во ЕУ, сиромаштијата е преку 20 проценти, а нееднаквоста е највисока во Европа. За да има осетно подобрување на животниот стандард, потребно е да се отфрли овој модел и да се премине на модел со многу поголема улога на државата во економијата, преку индустриска политика, вложувања во инфраструктура, здравство, образование и други јавни услуги, и редистрибуција од богатите кон сиромашните, смета Јовановиќ.
Тој посочува дека изборната програма на ВМРО – ДПМНЕ во економската сфера не влева оптимизам и оти за жал единствената промена најавена пред изборите во однос на СДСМ било дека нема да ги зголемуваат платите, што, како што вели Јовановиќ, би значело запирање на единствената колку-толку добра политика на претходната влада.

   

Најново

(ВИДЕО) Илон Маск порано многу ми беше атрактивен ама сега не ми се свиѓа

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ последниве 20 години ја делеше и ја уценуваше државата, а сега врескаат затоа што правдата чука на нивната врата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за енергетика, нивниот Васко Ковачевски е во бегство поради криминал, а Филипче е на одмор во Дубаи со златна виза

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Елена Ристеска: Тоше Проески беше многу несигурен во себе

Sase Ivanovski

НАПАДНАЛ ВРАБОТЕНА ВО КАЗИНО СРЕДЕ ЦЕНТАР Приведен е разбојник во Скопје

Sase Ivanovski

ТАРАВАРИ ГО ОДБРА СВОЈОТ ПАТ, САМ СИ ПРАВИ ШТЕТА Премиерот вели дека партнерствата се склопуваат поради принципи, а не заради советници

Sase Ivanovski

ПЛАТИЛ ОТКУП ЗА СОПРУГАТА, БАБАТА И ЗА ЌЕРКАТА Полицијата расчистува случај на грабнување во Охрид

Sase Ivanovski

ЌЕ ОСТАНАТ ОНИЕ ШТО ЌЕ СЕ ПОКАЖАТ ВО РАБОТАТА Мицкоски најави големи промени во Владата и во ВМРО-ДПМНЕ до крајот на годината

Sase Ivanovski

Мицкоски: Некрофилски се злоупотребува трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Мицкоски за договорот со В. Британија: Ниту било побарано од мене, ниту ми паднало на памет градење мигрантски кампови!

Sase Ivanovski

Хотелско-туристичкиот комплекс „Бисер“ е современ објект со современ ликовен израз надополнет со елементи од традиционалното градителство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кога српскиот новинар на Би-Би-Си е прекинат во работата од претседателскиот кандидат на изборите за кои известува

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТЕЛМА-КОД: МОРНИЧАВИ СНИМКИ ОД ТЕЦ ПЛАТЕНО-НЕЗАВРШЕНО ВО РЕК ДОЛГ НА ЕСМ

Sase Ivanovski

Пешевска: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е бедем на женската борба и сила во Македонија

Sase Ivanovski

Големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата на крајот на годинава или на почетокот на наредната, најави Мицкоски

Sase Ivanovski

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречи клеветењето од Украина

Sase Ivanovski

Ставревски би бил грешка на Мицкоски ако стане гувернер, го памтиме по купување чоколади наместо леб. Членот на советот за безбедност избран од Сиљановска, Хајредини, го нападна фаворитот на Мицковски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Крвава матурска вечер во Сараево, навивачи со палки и факели претепаа матуранти

Sase Ivanovski

Мораме да објавуваме фотографии од изгорените од Кочани, само така може да им помогнеме, вели Димитриев од Support Kochani

Sase Ivanovski

Бугарија со протестна нота, осквернавени биле симболи на гробот на Гоце Делчев

Sase Ivanovski

Николоски: Партнерството со Британија значи инвестиции, силна економија и стратешка позиционираност

Sase Ivanovski

Крис Павловски, директор и основач на „Рамбл“ ја оживеа во македонската јавност идејата на Ванчо Михајлов за Македонија како „Швајцарија на Балканот

Sase Ivanovski

Инвестиција на турски „Шахтерм“ од првични 25 милиони евра и 200 работни места

Sase Ivanovski

Хамас и Израел седнаа на преговарачка маса во Доха

Sase Ivanovski

Рубио разговараше со Лавров

Sase Ivanovski

Вучиќ: Милијарди евра се инвестирани во уништувањето на Србија

Sase Ivanovski

Рубио: Русија подготвува документ со барања за прекин на огнот во Украина

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Не успеа планот на ДУИ со Таравари да дојде до распад во коалицијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Eвертон славеше победа во последниот натпревар на славниот „Гудисон парк“

Sase Ivanovski

Макрон најави дека Албанија ќе биде во ЕУ за две години, повика да се инвестира во неа

Sase Ivanovski

Мицкоски: Со среќа нека му е на Таравари, тој го одбра својот пат

Sase Ivanovski

Александар Јанев: Денеска, со длабока почит, се поклонив пред храбрите синови на Македонија кои го загубија животот во конфликтот од 2001 година, родум од Крива Паланка

Sase Ivanovski

Стефан Василевски: Клинички болнички центaр Ријекa, Хрвaтскa – добиен преку фузијa нa повеќе јaвно здрaвствени единици (модел кој се дискутирa во Мaкедонијa, но би било добро дa се имплементирa во иднинa особено нa регионaлно ниво)

Sase Ivanovski

Зеленски се состана со лидерите на САД и ЕУ во Рим пред повикот Трамп-Путин

Sase Ivanovski

АНТИБИОТИЦИ „ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ“ И ДИАЗЕПАМ КАКО ВОЛШЕБНА ТАБЛЕТА

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД ПОВИКУВА: ГРАДСКИ ПАРК Е И ТВОЈ-ОДЛУЧУВАЈ ЗА НЕГО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во Њујорк најмалку две лица ги загубија животите: Едриличарски брод на мексиканската морнарица се урна во Бруклинскиот мост

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Едрилица удрила во основата на Бруклинскиот мост во саботата вечерта, предизвикувајќи повеќекратни повреди, според NYPD

Sase Ivanovski

РЕЧИСИ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА НОЌЕСКА ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА, МЕПСО ЈА СООПШТИ ПРИЧИНАТА

Sase Ivanovski

Швајцарија: Двајца загинати, пет повредени во лавина на Ајгер

Sase Ivanovski

Таравари: Горд сум на излегувањето на АА од Владата, победуваме во октомври

Sase Ivanovski

Мицкоски: Најавувам големи промени во партијата и државата, ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за убедлива победа на локалните избори, нашите кандидати секаде водат 3 до 4 пати споредено со кандидатите од опозицијата

Sase Ivanovski

Мицкоски: Договорот со Обединетото Кралство е договор за партнерство и еден вид Нов договор за Македонија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски: Нашиот избор е лојалност кон сопствениот народ, изборот е Македонија, време е за Македонија!

Sase Ivanovski

За 14 години, повеќе од 430 жени беа убиени во Србија, а фемицидот сè уште не е посебно кривично дело.

Sase Ivanovski

Бомбаш самоубиец уби најмалку 13 лица во Могадишу

Sase Ivanovski

Пешевска: Со својата громогласна борба ја покажавме нашата одлучност за промени, кои насушно и беа потребни на Македонија после седум годишното владеење на сегашната опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен разбојник во Скопје, кај него се пронајдени марихуана и одземеното

Sase Ivanovski

СДСМ: Распад на енергетскиот систем!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода кочанчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода ресенчанец, управувал возило со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

Sase Ivanovski

Матица Македонска: Седумдесет и пет години од раѓањето и половина век од објавувањето на првата книга на Раде Силјан се чествуваат и во Србија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија посветена на странски инвестиции, турски „Шахтерм“ гради фабрика во Скопје, следи и инвестициски циклус во изградба на модерна карго и брза патничка железница, енергетски капацитети, болници

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за Модуларната болница, покажа дека судиите бирани во штабовите во Струмица и Тетово верно му слугуваат на СДС и ДУИ

Sase Ivanovski

Промени во партијата, но и во Владата до крајот на годинава- најави Мицкоски

Sase Ivanovski

Како да направите плескавици за да не се распаднат?

Sase Ivanovski

Пензионерка мора да врати 60.000 евра од пензијата- се жали дека нема пари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Жените низ времињата биле моторот кој усмерувал

Sase Ivanovski

СДСМ: Кој е виновен што пола Македонија остана без струја?

Sase Ivanovski

Тешко повреден во кавадаречко Кумановец кој управувал четирицикл

Sase Ivanovski

Пратеник од крилото на Таравари, Салим Сулејмани, објави дека поднел оставка од сите функции во партијата, но и од функцијата пратеник

Sase Ivanovski

Нацевска: НБРСМ спроведе реформи за развој на финансиските пазари со видливи резултати

Sase Ivanovski

Папата Лав XIV на инаугуративната миса: Повик за мир, единство и заштита на природата

Sase Ivanovski

Возел без возачка и со 2.38 промили алкохол во крвта возел ресенчанец

Sase Ivanovski

Кои автомобили најмалку се расипуваат?

Sase Ivanovski

Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени три лица

Sase Ivanovski

ДУИ: Осуда за решението на Централниот регистар за прием на осум нови вработени без Албанец

Sase Ivanovski

Николовски: Очекувам македонското градежништво повторно да е меѓународно конкурентно

Sase Ivanovski

Оружје наместо автомобили – новата реалност на Чешка

Sase Ivanovski

Во Скопје наврна најмногу дожд

Sase Ivanovski

На Светскиот образовен форум и министерката Весна Јаневска

Sase Ivanovski

ВРЕДИ гарантира стабилност со бројки во владата, како важен столб на парламентарното мнозинство

Sase Ivanovski

Муцунски во работна посега на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија

Sase Ivanovski

Грција во план за унифицирана наплата на патарина со Србија

Sase Ivanovski

АД МЕПСО: Струја немаше поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со мала облачност

Sase Ivanovski

Наместо од аптеките, таблетарната хормонска терапија пациентите ја земаат од Клиниката за онкологија

Sase Ivanovski

Мексикански висок брод удри во Бруклинскиот мост, скрши јарболи и уби 2 члена на екипажот

Sase Ivanovski

Американска живеачка: Плати од 55.000 долари, леб два долара, млеко еден долар…

Sase Ivanovski
Вчитувам....