4.8 C
Скопје
29/11/2022 11:56
МАКТЕЛ

НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПРЕД 77 ГОДИНИ: Скопје било ослободено за два дена, најжестока била битката за хидроцентралата Матка, Германците ги минирале сите значајни објекти и мостови во Скопје, Планот бил да се направи обрач околу Германците

Битката за ослободување на Скопје, претставувала многу сложена операција, бидејќи за да биде успешна од голема важност биле успесите на партизанските бригади во битките во другите градови. Крајна цел била да се поврзат 50та дивизија која била во реонот на Штип со 42та дивизија која била на Сува Гора, за да можат заедно да нападнат во Скопје. 50та дивизија незначително задоцнила (еден ден) на позицијата за нивно спојување, во реонот на Велес. Нивното доцнење се должело на силниот отпор кој го дале Германците во реонот на Штип, каде 5та бугарска дивизија воопшто не учествувала како што било договорено и планирано, туку пасивно ги запоседнале позициите кај Злетовска Река, без да учествуваат во битките за ослободување на Штип и реонот околу градот.

 

Со вакви предуслови, ослободувањето на Скопје останало да се изврши со пешадија и улични борби (без употреба на артилерија) кои зависеле исклучиво од храброста и моралот на македонските војници. Во борбите за Скопје заробени биле голем број Германци како и нивното вооружување (топови од разни калибри, митралези и најразновидна техника).

Германците ги минирале сите значајни објекти и мостови во Скопје

 

Во Качаничката Клисура дејствувала Шеснаесеттата македонска ударна бригада која секојдневно била во судир со балистите и Германците (бригадата Angel miller) на комуникацијата Скопје – Качаник.

Скопје главно било окупирано од 22та пешадиска дивизија со 47от и 65от германски полк, некои делови од 11та воздухопловна полска дивизија, како и помали единици и борци од армиската група Е. Поголемиот дел на германските сили биле распоредени на десниот брег на реката Вардар, а нивните помошни сили од спротивната страна во реонот на денешната населба Гази Баба и индустрискиот дел на градот во тоа време. Сите објекти во кои биле позиционирани германските сили биле опколени со бодликави жици, била поставена кружна одбрана и минирани пристапи до самите објекти.

Германците ги имале минирано сите значајни објекти како што биле: зградата на Железничката станица, Кранговата палата, палата Бановина (зградата на Претседателството), дирекцијата на полицијата, Народната банка, домот на армијата, учителската школа и неколку други згради крај кејот на Вардар, вклучувајќи ги и сите мостови во градот. Германците имале поставено и надворешна одбранбена зона на линијата Горно Лисиче-Кисела Вода-гребенот на Карлијак, како и во населбата Ѓорче Петров.

Планот бил да се направи обрач околу Германците

41та дивизија добила задача да го обезбедува реонот Градско-Криволак-Кавадарци-Плетвар, а со тоа да ја штити заднината по долината на Вардар и дејствувањето на 49та дивизија во правец на Битола, како и операциите на 42та и 50та дивизија во нивните битки за ослободување на Скопје.

Планот бил да се спојат 42та со 50та дивизија и заедно да нападнат на Скопје. За таа цел морале да бидат најпрво ослободени Штип и Велес. Планот бил 42та дивизија со две бригади (третата и дванаесеттата македонска ударна бригада) да напаѓа од југ преку Карлијак, дел од нив да нападнат во Ѓорче Петров и по секоја цена да ги заземат мостовите и да се онеспособи непријателот да ги уништи.

   

50та дивизија и 8та бригада од 42та дивизија требало да нападнат по левиот брег по долината на Вардар, во источниот дел на Скопје, за подоцна во содејство со Шеснаесеттата македонска ударна бригада да го заземат северниот дел на градот. Планот бил да се создаде обрач околу градот и би се дејствувало кон спасување на веќе минираните мостови во самиот град.

Во крајната етапа, планот бил сите ударни младински групи кои биле организирани во самиот град, веднаш да почнат улични борби против непријателот и да се помогне во лоцирање и водење на партизаните кои би навлегле во градот. Бидејќи артилериското одделение на 42та дивизија останало на реонот на Велес, морало да се изврши силен изненадувачки напад на сите окупаторски позиции во градот со пешадиски структури.

Бугарската дивизија била целосна пасивна и добила наредба да се врати во Бугарија

Прогласот со кој се објавува дека Скопје е ослободено од страна на 42 македонска дивизија и македонските единици.

42та дивизија направила марш до селото Количани (јужно од Скопје), каде што стигнала истата вечер. 50та дивизија и 8та бригада на 42та дивизија направиле краток продор кон Скопје, со цел да се притиснат Германските позиции кон Катланово. За време на акцијата за ослободување на Штип, 5та бугарска дивизија  тоела наполно пасивна, одморајќи се кај Злетовска Река, а дури откако бил ослободен градот Велес тргнала на пат кон Скопје и ноќта помеѓу 13 и 14 ноември со наредба од Главниот штаб, им било наредено да си се вратат назад за Бугарија, уште пред да стигне целата дивизија во Катланово.

Извештајот издаден од Штабот на брегалничко-струмичкиот корпус од 24 октомври ја потврдува неактивноста на бугарската армија и во кочанскиот крај:

„Бугарските сили се целосно неактивни во кочанскиот сектор. Германците се на линијата Тракањe-Теранци. Бугарите и тука се неактивни. Тие не го извршуваат договорениот план за заедничко дејствување, затоа доцнат во борбата или воопшто не ни учествуваат.“

Од кумановскиот терен, повторно поради нерешителност на бугарската армија, која не го затворила обрачот околу градот како што им било наредено, голем дел од германските сили ноќта помеѓу 10 и 11 ноември се префрлиле во правец на Скопје.

42та дивизија се приближила кон Карлијак и почнала со напади на надворешната германска одбрана на Скопје. Третата македонска ударна бригада со главните сили напаѓала преку селото Сопиште на Кисела Вода, а другиот баталјон во реонот на Горно Лисиче. Дванаесеттата бригада со главните сили напаѓала на Крстовар, еден баталјон напаѓал на Бел Камен и со тоа до доцна вечерта македонските партизани успеале да завладеат целата линија Горно Лисиче-Кисела Вода-Крстовар-Бел Камен.

50та дивизија и 8та бригада на 42та дивизија, истиот ден извршиле напад на реката Пчиња, го зазеле Катланово, каде Германците успеале да го срушат мостот на реката. Македонските партизани до ноќта пробиле до селата Петровец – Катланово, спремни да го продолжат ослободителниот марш кон градот Скопје.

Скопје било ослободено за два дена

Утрото на 12 ноември почнале првите борби во самиот град на неговата јужна страна. Овие напади ги извршила 42та дивизија, додека паралелно со неа од правецот на Кисела Вода со силен напад, влегла Третата македонска ударна бригада, заземајќи стратешки згради и потиснувајќи ги Германците кои се прегрупирале во веќе запоседнати згради во центарот на градот. Истиот ден (12 ноември, македонските броци – биле стигнати до самите згради, крај кејот на Вардар.

Делови од Дванаесеттата и Третата македонска ударна бригада ја блокирале железничката станица и почнале борба за самата зграда, како и за Кранговата палата (која се наоѓала во нејзина близина). Главницата на Дванаесеттата македонска ударна бригада ги нападнала зградите на Учителската школа и Поштата. Дел од Дванаесеттата бригада се упатил кон денешната населба Ѓорче Петров (тогашно Ханриево).

Прогласот за ослободувањето на Скопје 

Во овие улични борби значајна улога одиграла скопската младина која веднаш странично ги нападнала сите утврдени германски позиции и ги водела македонските борци до сите за нив добро познати германски упоришта низ градот. 50та дивизија и осмата бригада со извесно задоцнување претпладне на 12 ноември почнале напад на германската одбрана во источниот дел од градот (реонот на Гази Баба и индустриската зона)

Паралелно со нив во текот на 11 и 12 ноември Шеснаесеттата македoнска ударна бригада, ги нападнала албанските балистички групи на Скопска Црна Гора, а во попладневните часови веќе ги напаѓале касарните во кои биле сместени германските војски. Германските сили кои биле стационирани во северниот и во северно-источниот дел на градот успеале да се извлечат од градот и да се упатат кон Качаничката Клисура. Најсилни упоришта на Германците останале Учителската школа и Поштата кои доцна во ноќта на 13 ноември биле заземени од на македонските борци. Во учителската школа биле заробени 86 германски војници. Целата ноќ од 13 кон 14 ноември како и целиот 14 ноември вршени се чистки на целиот терен од преостанати германски единици.

Битката за Скопје била извршена со голем успех бидејќи биле спасени сите мостови во градот и зградите кои биле минирани. Германските единици успеале да ги срушат железничките мостови во Скопје и во Ханриево (денешна населба Ѓорче Петров), едно крило од зградата на Железничката станица, а нешто подоцна од непронајдена мина била оштетена и зградата на Народната банка.

Битката за хидроцентралата Матка

Еден баталјон од Дванаесеттата македонска ударна бригада по заземањето на Бел Камен, продолжил да води жестоки битки во реонот на селото Матка, каде германските инженерски единици имале план да ја минираат и разурнат браната Матка. Со огромна пожртвуваност на оваа бригада потпомогнати од месното население успеале да ги разбијат албанските балисти и Германци, а со тоа ја обезбедиле ХЕ „Матка“, како и градот Скопје.

Во овие борби кај ХЕ „Матка“ загинале: Никола Георгиевски, Никола Јаневски, Драгољуб Анчевски, Драган Јакимовски, Николо Маладини, Иван Колосенко, Бранко Тодоровски, Александар Спасовски, Александар Костадиновски, Илјаз Салиев и Васил Калановски. Во нивна чест е изграден споменик кој се посетува на 9 мај Денот на победата над фашизмот.

На овој ден покрај македонската делегација, свежо цвеќе положува и руска делегација, оддавајќи почит кон македонските борци, но и кон нивниот сограѓанин Иван Колосенко кој загинал во тие битки.

Жестоки судири имало и на 14 ноември

Откако Скопје било заземено од македонските партизани, утрото на 14 ноември продолжени се чистките на непријателот. 42та дивизија на Шеснаесеттата македонска ударна бригада се дала во потера кон последните германски сили кои се повлекувале во правецот Скопје-Качаник, а друга бригада по долината на Вардар кон Хромовите рудници на Радуша.

Додека 50та дивизија ги гонела кон правецот Скопје-Групчин-Тетово. Најжестоки судири на 14 ноември се одиграле на линијата на селата Орман, Ново Село, Оризари, Глумово и Матка. На овие позиции албанските балисти заедно со германците извршиле неколку против-напади. Македонската војска успеала да ги издржи сите нивни напади и да продолжи да ги протерува во правците кон Качаник и Тетово.

Осум жени меѓу загинатите борци

Во борбите за Скопје загинале 426 борци. Од нив 8 се жени. а 418 се мажи. Бројот на цивилните жртви не е претставен во оваа бројка.

Се смета дека последните стрелани скопјани се деветтемина стрелани во близина на Камениот мост од страна на германскиот окупатор: Драган Јакимов, Дончо Андонов, Јордан Јакимов, Перо Јовановиќ, Пантелеј Давчев, Перо Червеников, Светислав Ѓуриќ, Фоки Владимиров и Христо Kараџа. Во нивна чест е подигнат и споменик во близина на Камениот мост во Скопје.

Бугарски искривувања на историјата

Како што забележал генералот Апостолски, само 5 дена после битката за Скопје, одредени бугарски историчари пробале да ја извртат историјата, пробувајќи да вметнат бугарски заслуги за ослободување на градот Скопје, за кој генералот Апостолски, како и многу други преживеани борци потврдуваат дека бугарски војници не само што не учествувале во битките за ослободување за Скопје, туку не биле вклучени во ниту еден од направените воени планови.

Радио Софија, секојдневно ширела дезинформации низ бугарските медиуми како нивните војски играат ослободителна улога во Македонија. Ова со гнев го увидел генералот Апостолски, кој тогаш издал наредба, со која им се забранило воопшто да влезат во Скопје, а не пак да парадираат. На оние кои се појавиле откако битките завршиле им било дозволено од генералот Апостолски да се одморат во касарните и да се вратат назад во Бугарија, без никакво право да парадираат на улиците на слободниот град Скопје.

„Набргу по нивното заминување, кај мене дојде еден командант на полк и ми рече дека сакале да одржат парада во Скопје. Во меѓувреме, влегле и некои единици во индустрискиот дел на градот. Ваквото барање и доаѓањето на некои нивни единици во градот, кај мене предизвикаа голем револт и лутина. Веднаш им реков дека нема да можат да одржат никаква парада во Скопје, зашто парада одржува само оној што се борел за Скопје, а тие пушка не пукнале за неговото ослободување. Им наредив веднаш да го напуштат градот“, сведочи генералот Михајло Апостолски.

Сведоштвото на генералот Боро Чушкар за тоа како е спречена бугарската парада во Скопје

Најјасни податоци за овој чин дава Боро Чушкар, провоборец и генерал, во неговите мемоари и сеќавања. Тој го потврдува фактот за манипулацијата на Радио Софија, која на големо ги манипулирала бугарските граѓани дека генералот Стојчев лично го ослободил Скопје.

„Стигнавме кај Железничката станица во последна минута. Бугарските осмореди само што не беа тргнати по главната улица на параден марш. Рипнавме од коњот и Ѓуро и јас. Му пријдовме на најстариот по чин офицер. Беше тоа командант на дивизијата, а по чин беше – генерал мајор. Сув, слабичок и некако жолт, како лимон.

Отидов и го прашав: „Знаеш ли дека ова не е царска Бугарија? Знаеш ли ти, генерале, дека се наоѓаш во Југославија? Знаеш ли ти дека војуваме против вас четири години? Да ви ја ебам мајката фашистичка! Знаеш ли ти, ѓубре едно бугарско, ако направите уште еден единствен чекор кон градот, дека ќе наредам да се пука кон вас од сите оружја и орудија што ги има во градот!?

Се влечете како лешинари по нас и јавувате по радио како ја „ослободувате Македонија!? Каде вие испаливте куршум за ослободување на Велес и на Скопје, да ви ебам мајката! Што ви дава за право така гадно и подло да се лажете себеси и светската јавност!? Сместа во овој момент ќе им наредите на војската да се сврти на лево круг и сите да се вратите во касарните од каде и дојдовте. Дали разбравте, генерале? Со нас шали ќе нема!“, му реков нему, а кога завршив, видов дека сè уште го држам за градите како детска играчка.

Тој цело време трепереше како штиклица. На крајот, сепак, отсечно рече „Јасно другар. Но јас не сум виновен. Таква наредба добив“.

Тогаш јас повторно викнав „Да им ебам мајката на оние што ти дале наредба за ова. Наредби они можат да дадат за изведување вежби во касарните каде ве примивме како гости, а не да ми се маате и парадирате по градот. За тоа само ние можеме да дадеме одобрување, а не твојата посрана влада од Софија. Дали сега ти е јасно?“, го прашав.

„Сичко ми е јасно“, рече тој. Тогаш тој престрашен генерал со сув глас нареди круг на лево, и се вратија, сведочи Чушкар.

Ако им се дозволела парадата, денес ќе имавме поголеми проблеми

Борецот Трајко Стаматовски, исто така, потврдил дека ослободувањето на Скопје е дело на македонските борци и партизани. Потегот на генералот Апостолски да не им се дозволи парадирање на бугарската армија (бидејќи не учествувале во битките за слобода на Скопје), според него одиграл важна улога и за денешно време.

Изненаден од тоа што Бугарија и во модерно време пробува да ја извртува и манипулира историјата за овој настан, тој сметал дека ако тогаш им се дозволело да парадираат, дека денес Македонија ќе имала многу поголеми проблеми, објаснувајќи се со бугарската историографија.

       

Најново

(ВИДЕО) ГЕНИЈАЛНА ИЗЈАВА НА ФИЛИП ПЕТРОВСКИ: Ако некој новинар на Алфа или на радио Лидер му постави критичко прашање на Мицковски, ќе го кренат и ќе го изнесат од сред емисија како партал, како Џипинг што го изнесоа на конгресот на комунистите во Кина

Sase Ivanovski

ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ ЗАПАДОТ МУ ВЕРУВА И ГО РЕСПЕКТИРА ШЕФОТ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА, ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ОТКАКО ЈА ПОАПСИ НАРКО МАФИЈАТА И ГО СОПРЕ НАПЛИВОТ НА МИГРАНТИ КОН ЕВРОПА

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: Со задоволство одговорив на поканата од страна на амбасадорот на Република Албанија, Н.Е. Фатос Река, да присуствувам на приемот по повод националниот празник на Албанија 28 Ноември – Ден на албанското знаме и 110-годишнината од независноста на Албанија

Sase Ivanovski

Илиеска: Во Буџетот за 2023 година има многу средства за непродуктивни трошоци, а потребни се сериозни мерки за инфлацијата да не расте толку

Tamara Ivanovska

Тодоров: Немаме намера да дискутираме за црковни прашања и црковниот статус на МПЦ-ОА

Tamara Ivanovska

Не бил само синот на Џафери, 449 студенти на Универзитетот на ЈИЕ завршиле во сива зона

Tamara Ivanovska

Јовановски: Блокадата кај „Мавровка” времено отстранета

Tamara Ivanovska

САД и Русија, само еднаш од почетокот на војната во Украина, ја искористиле линијата за избегнување меѓусебен конфликт

Tamara Ivanovska

Лагард: Инфлацијата во Европа сè уште не го достигнала својот максимум

Tamara Ivanovska

Јовановски: Блокадата кај „Мавровка” отстранета до петок

Tamara Ivanovska

Тешка сообраќајка кај пехчевското село Црник

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) Марјан Ангелов: Почнавме од нула, на овој рид извадивме вода и втора година успешно произведуваме органска пиперка

Tamara Ivanovska

РИЗИК ОД УПОТРЕБА НА ХЕМИСКО ОРУЖЈЕ ВО УКРАИНА Реална е заканата за употреба на оружје за масовно уништување

Tamara Ivanovska

ПРЕДВРЕМЕНО ПОЛАГАЊЕ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ БИЛО МАСОВНА ПОЈАВА Поразително сознание на Антикорупциската комисија

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: ВМРО ВО СКОПЈЕ НИ ВЕТУВАА ГРАНДЕ МАМА, ДОБИВМЕ ГРАНДЕ ПРОБЛЕМИ!

Sase Ivanovski

ИРАН ОСЛОБОДИ 700 ЗАТВОРЕНИЦИ ПОРАДИ ПОБЕДАТА НАД ВЕЛС!? Фудбалот им донесе слобода

Tamara Ivanovska

(Видео) Ковачевски: Преку стратешки инвестиции, обезбедени се над 1.000 MW во проекти за фотонапонски и ветерни централи

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) ТИТО ВО ПОСЕТА НА КОСОВО ВО 1970-ТА: Странците ми викаат дека на Косово ќе имало тензии, јас не им верувам, но факт е дека Косово е најсиромашно во цела Југославија иако тука има огромни природни богатства

Sase Ivanovski

(Видео) Ковачевски: Економијата е на добар пат, следната година ќе биде подобра

Tamara Ivanovska

Чадиева: СДСМ е на вистинскиот пат, чекориме кон стабилна, демократска, силна, европска Република Северна Македонија

Tamara Ivanovska

Андрески: СДСМ како државотворна партија вистински се грижи за граѓаните и за реализација на стратешките интереси на државата

Tamara Ivanovska

(Видео) Ковачевски: Јас сум човек кој работи и ветеното го остварува, колку и да биде тешко

Tamara Ivanovska

(Видео) Ковачевски: Ја спасивме македонската економија со два огромни пакети антикризни мерки вредни 760 милиони евра

Tamara Ivanovska

Маричиќ од Градско: Политиките на СДСМ го штитат и вреднуваат трудот на земјоделците

Tamara Ivanovska

ФОТО НА ДЕНОТ: ЕВЕ ШТО СЕ ДОБИВА КОГА ЌЕ ИМ ДАДЕШ ВЛАСТ НА ВМРОВЦИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ковачевски: Ја спасивме македонската економија со два огромни пакети антикризни мерки  вредни 760 милиони евра

Sase Ivanovski

Јовановски: Блокадата кај „Мавровка” отстранета до петок

Sase Ivanovski

СВЕТСКАТА МЕГА ЅВЕЗДА ДУА ЛИПА ЈА СОБРА ЦЕЛА АЛБАНИЈА НА ПЛОШТАДОТ ВО ТИРАНА

Sase Ivanovski

ВО КРИЗА СМЕ ЦЕЛИ 15 ГОДИНИ Опаѓа конкурентноста на македонските компании, предупредува Азески

Tamara Ivanovska

Костадинов: Имаме план за економски раст и обезбедување на европската иднина на земјата

Tamara Ivanovska

Барлет Џафери не е единствениот што предвреме полагал правосуден испит?

Tamara Ivanovska

Партиите се како вино, не знаеш каков вкус имаат сѐ додека не ги пробаш на власт

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) ОВА ЛИ Е НОВИОТ СТРАТЕГ НА ВМРО ДПМНЕ – ЕКС АМБАСАДОРОТ ВО БРАЗИЛ, БОЦЕВСКИ: Нашата цел во идина треба да биде да ги натераме САД и ЕУ да признаат дека договорот од Преспа беше голема грешка!

Sase Ivanovski

Што треба да направите за да бидете корисник на земјоделски субвенции

Tamara Ivanovska

ДЕН НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ: АЛИ АХМЕТИ СЛАВЕШЕ ВО АЛЕКСАНДАР ПАЛАС, КАСАМИ НАПРАВИ ФЕШТА НА ТЕТОВСКИОТ ПЛОШТАД

Sase Ivanovski

Како да ги препознаете актерите во руската хибридна војна меѓу Македонија и Бугарија

Tamara Ivanovska

КОГА БОШЊАК ЌЕ ГЛУМИ НЕБАЊАТ ВМРОВЕЦ – САФЕТ БИШЕВАЦ ОД ВМРО ДПМНЕ: Немам ништо против Бугарите да влезат во уставот, но тоа да биде изгласано на референдум откако ќе влеземе во ЕУ?!

Sase Ivanovski

Американците чуваат 5000 тони злато во бункер отпорен на нуклеарни бомби во Кентаки,на пазарот ова злато вреди 300 милијарди долари

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) ЖЕСТОКА ДЕБАТА НА СЛОБОДНА ТВ: БИШЕВАЦ ВРЕСКАШЕ КОН КРОТКИОТ СТОЛЕ НАУМОВ

Sase Ivanovski

Јовановски: Никој не сака да понуди решение, Вечерва ќе биде одлучено дали ќе се прошират блокадите и на други локации

Sase Ivanovski

ТЕШКО НАС, ЌЕ ИСПОЦРКАМЕ ВО СООБРАЌАЈНИОТ ХАОС: Советот на Град Скопје без одлука за проблемот со приватните автобуски превозници

Sase Ivanovski

ЦРНА СЕ ЧУМА ЗАДАДЕ ДА ЈА ИЗЕДЕ ГОЦЕВАТА РАСА – Пантерот се движи кон потопли краеви, Македонија му е следна дестинација?

Sase Ivanovski

Ковачки: Грижата на СДС е до тој степен што во касарната на Армијата нема вода за пиење, а кај министерката и тимот околу неа се служи флаширана вода

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДИРЕКТОРОТ НА ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО, РЕЏЕПИ: Советниците на ВМРО ДПМНЕ ме исмеаја затоа што сум Албанец и затоа што се обратив на Македонски јазик од почит кон моите сограѓани

Sase Ivanovski

(Видео)Ковачевски: На Скопје му се случува реприза од она што го гледавме за време на Груевизмот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РУСКИТЕ КОЦАРЕВЦИ И ЧЕПРЕГАНОВЦИ ДИВЕАТ КАКО МОНСТРУМИ – Руски филолог рече дека украинскиот јазик е дијалект, а Русија ќе полага право на многу територии

Sase Ivanovski

Онишченко тврди дека сите документи со кои го добил македонското државјанство се легални

Sase Ivanovski

Пет високотиражни весници бараат Асанж да не биде кривично гонет во САД

Sase Ivanovski

Американска амбасадорка во НАТО: САД не мисли дека е неопходно Русија да биде прогласена за „терористичка држава“

Sase Ivanovski

Вучиќ: Ако за Курти е завршено прашањето за статусот на Косово, тоа е и за мене

Sase Ivanovski

Хаос во Скопје: Во цела гужва се расипа и автобус сред булевар

Sase Ivanovski

(Видео) Куртоните се претераа со новинарство: Дописничката на Сител од Прилеп го малтретираше министерот Николовски за курсот на доларот?!

Sase Ivanovski

Евростат: Поради зголемените цени сè повеќе Европејци тешко ги покриваат основните трошоци

Sase Ivanovski

Кинески ботови го преплавија Твитер со порнографија за да ги сокријат вестите за протестите

Sase Ivanovski

Јаневски до Арсовска: Неспособен градоначалник има неспособен директор, граѓаните трпат

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ:Стевче Антовски покажа документи од кои се гледа судир на интереси при набавки во РЕК Битола во случајот со фирмата КОМПАКТ МСФ

Sase Ivanovski

Османи во Букурешт, на состанок на Северно-атлантскиот Совет на НАТО

Sase Ivanovski

Арсовска: “Лидерот” се закануваше дека нема да го дочекам крајот на мојот мандат – Ако мислевте дека ќе имате кандидат што ќе ви потпишува да крадете многу сте се излажале!

Sase Ivanovski

Откако го извади од памет цел свет-НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА ПОЧНЕ НУКЛЕАРНА ВОЈНА Путин потпиша таква Декларација

Sase Ivanovski

ИРЦИТЕ ОПАСНО ГИ „ДЕЛКААТ“ ФЕЈСБУК, ИНСТАГРАМ, ГУГЛ, ТИК ТОК… Само од Фејсбук до сега лапнаа 1 милијарда евра

Sase Ivanovski

МАЖИТЕ НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ ДИСКРИМИНИРАНИ НА ИЗБОРНА ЛИСТА Уставниот суд ја прифати иницијативата на Самка Ибраимовски

Sase Ivanovski

Вучиќ загрижен: Во Косово врие

Sase Ivanovski

Кај нас уште е вмровско дувло-Словенија донесе закон за деполитизација на јавната телевизија

Sase Ivanovski

Ковачевски се пожали: Едвај излеговме од Скопје

Sase Ivanovski

Јанев се изјасни за формирање коалициска влада во Бугарија

Sase Ivanovski

Уапсен тинејџер осомничен за силување на малолетничка во Скопје

Sase Ivanovski

Најмалку половина од средствата за кампањи од јавен интерес да бидат за локалните медиуми, смета Ковачевски

Sase Ivanovski

Левица: Укинатата пресуда на Мијалков доказ за неказнивоста

Sase Ivanovski

Компании од прехранбената индустрија, иако аплицирале, нема да добиваат поевтина струја зашто имале фотоволтаиц

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај во вторник и среда во Скопје

Sase Ivanovski

СДСМ Битола: Директорот на Водовод сокрил сообраќајка и платил поправка на каско осигурено возило?

Sase Ivanovski

Андоновски: Ако ЈСП не ги исплати приватните превозници, долгот од скоро 2 милиони евра по судски процес ќе се зголемува

Sase Ivanovski

Ѓоргиевска: Родовата еднаквост и економското зајакнување на жените – едни од клучните предуслови за одржлив и инклузивен развој на македонското општество и инклузија

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ:Еклатантно неспособната Арсовска да не дефокусира со лаги за јазикот, јавноста очекува решенија за јавниот превоз

Sase Ivanovski

СДСМ:Мицкоски го виде ли хаосот во Скопје што го создаде или сè уште се крие?

Sase Ivanovski

Средба Тренчевска-Вал:  Соработката со мисијата на ОБСЕ продолжува и се зајакнува   

Sase Ivanovski

Ќе се стабилизираат ли цените? – За Германците рестораните станаа луксуз, во Србија рекордно поскапување на млекото

Sase Ivanovski

Финансова полиција влегла во ЈСП. Ја чешлале документацијата за работата на приватните превозници?

Sase Ivanovski

Сите фактури кон приватните автобуски превозници се платени, тврди директорот на ЈСП

Sase Ivanovski

(Видео)Приватните превозници не се откажуваат од своите барања, на помош ги повикаа премиерот и претседателот

Sase Ivanovski

Leave a Comment