Поради ова, „Титаник“, во кој првообвинет е екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се најде на списокот на случаи на кои им прети застарување во однос на ова кривично дело.На денешното рочиште не се слушна ниту збор за измените во Кривичниот законик.
Немаше произнесување од застапникот на обвинението, обвинителката на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во врска со кривичното дело – злосторничко здружување, ниту пак такво нешто беше побарано од одбраната на обвинетите.
Обвинителката Лиле Стефанова на паузата од денешното рочиште, на барање на новинарите објасни дека не се произнела во врска кривичното дело злосторничко здружување и најави дека тоа ќе го направи во завршните зборови.Судскиот процес за „Титаник“ продолжува да се одвива по вообичаениот тек, а следното рочиште е закажано за два дена.