





-Осовременување на хируршките сали со најсовремени апарати и опрема е поводот за денешната посета во оваа хируршка клиника. Набавена е медицинска и немедицинска опрема во вредност од еден милион евра, обезбедени од Министерството за здравство, истакна Таравари при посетата на Клиниката. Станува збор за повеќе современи апарати, како што се: лапараскопски хируршки столб, електрохируршка единица со аргон плазма, апарат за трансфузија, пациент монитори, плазма стерилизатори, и друга опрема. Со новата медицинска опрема првпат во државата денес се изведе лапароскопска интервенција со употреба на флуоресцентен контраст.