На Косово за десет дена се пререгистрирани над 2.000 возила со таблички РКС
Митровица регистарски таблички / Фото EPA-EFE/DJORDJE SAVIC На Косово во претходните 10 дена од српски на РКС се пререгистрирани 2.013 возила, а само денеска 107, јавија приштинските медиуми повикувајќи се на податоци на косовската полиција.
Најмногу возила се пререгистрирани во Северна Митровица – 677, во Лепосавиќ 669, во Зубин Поток 292, во Митровица 93 и во Штрпце, Липљан, Грачаница и Клина по едно.Рокот за пререгистрација на возила истекува на 31 ноември.Граѓаните кои се согласуваат да регистрираат возила со таблички РКС не плаќаат данок, поради што, според медиумите, досега на буџетот на Косово му биле одземени околу четири милиони евра.