11.8 C
Скопје
10/02/2025 15:16
МАКТЕЛ

На Фејсбук убиства не се решаваат!

Сведоци сме на непотврдени информации во однос на семејниот приватен живот на семејството на 14-годишната Вања, секакви теории на заговор, стотици и стотици чуени-недочуени-претпоставени мотиви за двете убиства, исполитизирани и испреплетени во една мистерија која сега наводно ја расплетуваат корисници на социјалните мрежи, со што се создава целосна конфузија во однос на два трагични настана, едни од најбизарните во поновата македонска историја.

Факт е дека постојат голем број неодговорени прашања во однос на мотивите, зошто и како се случиле убиствата и што ги поврзува. Факт е и дека тоа доведува до збунетост кај јавноста. Факт е и дека голем број од луѓето немаат доверба во институциите. Но, исто така и факт е дека кога еден случај е во предистрага, а од пред неколку дена во истрага, не може и не смее да се очекува на чинија да го имаме она што го знаат истражните органи. Затоа се тие истражни органи, а ние сме јавност. Затоа се викаат истражни, оти истражуваат. Замислете како би личело сè што тие знаат, да го соопштуваат во јавност, на мегдан, во живо, вака:

Го истражуваме таткото на девојчето. Негира. А не, чекајте, имаме нов момент. Ајде, сега ќе ви го дадеме целиот извештај од обдукцијата за да прочитате сите низ што се девојчето поминало, пред да биде убиено. Седете така, сега ќе ви ја нацртаме траекторијата за која засега мислиме дека е точна, за движењето на автомобилот. Не сме уште сигурни дека е таа, ама еве, имајте ја. Сега ќе ви ги дадеме сите изјави од осомничените. За кратко, ќе ги објавиме и другите изјави, од сведоците. Да ги споредите. Во меѓувреме, еве ви ги и снимките од сите камери, гледајте ги.

Ми се чини дека не постои свесност, дури и доколку во некој паралелен универзум би се направило сето ова, дури тогаш каква информациска војна би избила, со сериозни и ненадоместливи последици по целата јавност, по целата истрага, по исходот од истрагата и најважно, по семејствата на убиените. Чуму да ни ги дадат? За да ја задоволат нашата жед и глад за информации? Оти друго не може да биде. Зошто? Оти не сме истражни органи. Оти на Фејсбук убиства не се решаваат.

Точно е дека во моментов има нелогичности. И тоа е сосема нормално за случај кој е во истрага неколку дена, дури и за обвинителите. Гладта и жедта да се знае сè за само неколку дена, мора да биде потисната, во име на Вања и на Жежовски, сè додека не го видиме обвинителниот акт, а обвинетите на обвинителна клупа. Има нешто што се вели трпение, нешто од чиј недостиг сериозно патиме.

Моќта на конспиративниот умДел од конспиративните теории на социјалните мрежи за двојното убиствоОна што го живееме во моментов не е нешто непознато. Тоа постои одамна и во истражувања и во праксата и се вика „теорија на заговор“, нешто што во суштина претставува обид да се објаснат штетните или трагични настани како резултат на дејствија на „одредени моќни групи“. Ваквите објаснувања го отфрлаат прифатениот наратив околу тие настани – напротив, официјалната верзија ја сметаат само како дополнителен доказ за заговорот.

Според ова, настанат е и терминот „конспиративен начин на размислување“.Голем број експерименти откриваат дека чувството на вознемиреност ги тера луѓето да размислуваат поконспиративно. Ваквите чувства одат заедно со чувството на обесхрабеност, па оттаму, теоријата на заговор може да обезбеди утеха со тоа што ќе идентификува „жртвено јагне“ (најчесто тоа не е еден човек, туку цели влади, неименувани и именувани моќници, бивши и сегашни политичари) и со тоа ќе го направат светот да изгледа поедноставен и под контрола.

Во случајов, една група беше откриена од страна на истражните органи и тие се осомничени за двојното убиство. Но тоа не беше доволно, па сега опстојува наративот дека „некој нè лаже“, често со измислен етнички предзнак на случувањата, што само додава сол на раната.Истражувачите прикажуваат голем број различни причини зошто луѓето веруваат во теории на заговор. Многу од овие објаснувања се сведуваат на три клучни движечки фактори: потреба за да го разберат она што им е несфатливо, потреба за егзистенцијална контрола и потребата за припадност или да се чувствуваат „посебно“.

Кога луѓето наидуваат на различни информации, сосема е природно да се бараат објаснувања што ги поврзуваат точките. Теориите на заговор нудат објаснувања кои даваат извесно поврзување на овие точки, што воопшто не мора да значи дека се точни. Теориите на заговор, исто така сугерираат дека основните причини за некои немили настани / случувања во принцип се скриени од очите на јавноста и дека сето тоа се прави намерно, како последица на измама од некои надворешни сили.

Светот и одредени случувања често можат да изгледаат збунувачки, опасни и хаотични. Во исто време, луѓето сакаат да разберат што се случува, сега и одма, и се поттикнати да ги објаснат работите што се случуваат.

Но, она што секој од нас мора да го разбере во случајов е дека не може сè да биде разјаснето „сега и одма“, колку и да сакаме. И она што итно мора да го сфатиме е дека овде не зборуваме за чипирање при вакцинација или за ковид-19 како измислена болест (теории на заговор исто толку штетни за општеството), туку за две конкретни фамилии кои во моментов ја живеат најголемата болка.Оттаму, ќе си ги задржиме теориите за себе, пред бескрупулозно да ги „шлапнеме“ на Фејсбук и ќе ги чекаме првите резултати од истрагата или пак додека дојде до тоа, повторно ќе се поларизираме во нашата замислена фејсбуковска детективска истрага со која нанесуваме само штета?

Мери ЈордановскаИзвор: Мета

Најново

Директорот на Царинска управа: Поднесени кривични за уште осум лица за кривичните дела со употребувани возила

Sase Ivanovski

Кога ќе излезе ќерка ми од гроб, тогаш убиецот нека излезе од затвор, му порача мајката на Емилија на судијата

Sase Ivanovski

Шефот на Хамас: Американските планови за Појасот Газа се осудени на неуспех

Sase Ivanovski

Таравари најави разрешување на уште директори на јавни здравствени институции

Sase Ivanovski

СКИЈАЧОТ МИРКО ЛАЗАРЕВСКИ СО БЕЗРЕЗЕРВНА ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА, ЌЕ СЕ БОРИ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ НА СП ВО СКИЈАЊЕ ВО АВСТРИЈА

Sase Ivanovski

Обвинителката Наташа Крстевска Цалева ќе раководи со Вишото јавно обвинителство додека трае кривична постапка на Мустафа Хајрулахи

Sase Ivanovski

Изгуби контрола и излета со мопед надвор од патот – почина на пат кон болница

Sase Ivanovski

Беса Адеми добила надоместоци од скоро 400 илјади денари од Академијата за судии и обвинители, а не присуствувала ниту на половина од седниците на Управниот одбор!

Sase Ivanovski

Кинезите му подготвија одговор на Трамп

Sase Ivanovski

Макрон за изјавата на Трамп дека ќе воведе царини: ЕУ е сојузник, а не проблем на САД

Sase Ivanovski

ДУИ: Албанците понижени и исклучени и во армијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Јавниот обвинител Коцевски: За сајт на црна листа имаме оформено предмети!

Sase Ivanovski

Француски хирург силувал 256 деца: Јас сум садист и многу сум среќен поради тоа!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Казните треба да бидат многу поригорозни, а родителите мора да знаат кај им се децата, вели Коцевски

Sase Ivanovski

Не размислувам да се повлечам, вели Коцевски

Sase Ivanovski

Захарова: Му кажав на Зеленски кога би можел да заврши конфликтот во Украина

Sase Ivanovski

Фирми што постојат само на хартија имаат огромни даночни долгови

Sase Ivanovski

Почина Живко Павлов, бардот на македонскиот хумор и сатира

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Маж од Минесота добил бесплатно крстарење: На бродот се разболел од грип и требал да плати медицинска сметка од 47.000 долари

Sase Ivanovski

Канје Вест: Бјанка не смее да облече ништо без моја дозвола, таа е со милијардер, зошто да ве слуша вас глупави и сиромашни идиоти

Sase Ivanovski

Денес е Светскиот ден на пицата: Еве како јадењето за работниците стана најпопуларно во светот

Sase Ivanovski

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Мајката на Илон Маск на 76 години прошета по пистата на модната недела во Њујорк

Sase Ivanovski

Николовски: Во Скопје ќе градиме 4 згради за да ја симнеме цената на становите

Sase Ivanovski

Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого

Sase Ivanovski

СЛОН ИСПИЛ БУРЕ АЛКОХОЛ И ВЛЕТАЛ ВО СЕЛО Селаните се обиделе да го избркаат со багер, па настанал тотален хаос

Sase Ivanovski

Северна Кореја почна да произведува дронови со техничка помош од Русија

Sase Ivanovski

Помал одѕив на вториот бојкот: Прометот опаднал за 22 отсто

Sase Ivanovski

Шиа исламот во Иран Ирак Aзербејџан и Бахреин се нарекува Дванаесет Шија поради12 Свети имами по прокот Мухамед

Sase Ivanovski

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Sase Ivanovski

Сопственикот на Маверикс, Патрик Думонт ги наведува „карактерот“, „културата“ како одлучувачки за трејдот на Лука Дончиќ, потврди и дека тимот не се сели во Лас Вегас

Sase Ivanovski

Парламентарни избори во Косово

Sase Ivanovski

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Sase Ivanovski

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Sase Ivanovski

(Фото) СДСМ: ДПМНЕ потврди дека Мицкоски троши иладници евра за лајкови, 60.000 евра потрошил само тој досега

Sase Ivanovski

Гаши: Изборите во Косово сведочат за зрелоста на народот на Косово

Sase Ivanovski

Методистите се протестанти кои не пијат не се коцкаат и помагаат на сиромаштите, први ги прифатиле црниците по укинување на посочението робови

Sase Ivanovski

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ: ТИПИЧНО МАКЕДОНСКО СЕМЕЈСТВО: ТРИЧЛЕНО ИЛИ ЧЕТИРИЧЛЕНО? ЗАКЛУЧЕТЕ САМИ!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Додека елитата на СДС се богатеше, над пола милион граѓани донесоа на прагот на сиромаштија со по 150 денари на ден

Sase Ivanovski

Битиќи за ‘Рацин’: Ако власта го спроведе Законот за нефер трговски практики, цените ќе се намалат за 30%

Sase Ivanovski

Само 4 килограми ураниум се потребни за напојување на нуклеарни подморници 30 години без полнење гориво. Реакторите што се користат се базираат на високо збогатен ураниум (HEU), кој содржи 90% или повеќе ураниум-235

Sase Ivanovski

ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски, малолетниците кои вандализираат да вршат општокорисна работа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Крешник Бектеши: ВЛАДАТА ПОДДРЖУВА БОЈКОТ – ДАЛИ ТОА Е ПОГРЕШЕН ПОТЕГ?

Sase Ivanovski

Дронот Nuuva V300, нов револуционерен начин за транспорт на добра.

Sase Ivanovski

ЗОВИЌ МОСТ – СИМБОЛ НА МАРИОВО

Sase Ivanovski

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори

Sase Ivanovski

Голема полициска акција во Чашка !

Sase Ivanovski

Песков за разговорот на Трамп и Путин:„Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам“

Sase Ivanovski

Вучиќ ги повика Србите во Косово и Метохија да излезат и да гласаат за Српската листа

Sase Ivanovski

Парламентарни избори во Косово, српската заедница се обидува да се врати во институциите

Sase Ivanovski

Истрага против дилер на дрога во Скопје: купувал хероин и марихуана, ги препакувал и ги продавал

Sase Ivanovski

Нивото на заштита на Вучиќ подигнато на највисоко можно ниво по вчерашниот инцидент

Sase Ivanovski

Трамп: Зборував со Путин, тој сака луѓето да престанат да умираат

Sase Ivanovski

Гулабоски: Манастирот Трескавец не доби водовод поради голема кражба

Sase Ivanovski

Ким Џонг-ун: САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот

Sase Ivanovski

Протести во Англија: „Не“ за кинеската мега-амбасада

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно

Sase Ivanovski

Саркози планира да поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права

Sase Ivanovski

Ако помине интерпелацијата, доблесно е членовите на Судскиот совет да се повлечат, порача Мицкоски

Sase Ivanovski

Адвокатот го брани клиентот, никако делото

Sase Ivanovski

Вооружен маж се забарикадирал во работилница во Грција и се заканува со граната, претходно убил две лица

Sase Ivanovski

Бриселски „Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени

Sase Ivanovski

Почнува судењето против Фадил Зејнелов кој ја уби 29-годишната штипјанка Емилија Пешева

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Sase Ivanovski

Си Џинпинг ја прифати поканата на Русија да присуствува на комеморацијата за Денот на победата

Sase Ivanovski

Зеленски ја потврди новата украинска офанзива во руската област Курск

Sase Ivanovski

Клековски: Рекорден буџет за подобро јавно здравство

Sase Ivanovski

Не се Алпите, нашата прекрасна Шап Планина е!

Sase Ivanovski

СДСМ: Граѓаните тешко осиромашени за осум месеци, Мицкоски допрва анализира што да се прави

Sase Ivanovski

Откријте го Јанче во Македонија

Sase Ivanovski

К О Н К У Р С за запишување на кандидати на Педагошко-психолошка и методска подготовка на Филозофскиот факултет – Институт за педагогија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Sase Ivanovski

Ново објавена снимка Ова е Марс! 140 милиони милји подалеку

Sase Ivanovski

Израелската армија ја проширува операцијата на Западниот Брег

Sase Ivanovski

Интервју со Роберт Вељановски, директор на Драмски театар: Заврши времето кога театрите беа повластениот медиум

Sase Ivanovski

Легендарниот Ромарио во врска со 38 години помлада девојка

Sase Ivanovski

„Да не беше војната, Југославија ќе го освоеше Светското првенство“

Sase Ivanovski

Тажна вест: Почина ирски боксер кој минатата недела се бореше за титула

Sase Ivanovski

УЕФА размислува да воведе уште една голема промена во Лигата на шампионите

Sase Ivanovski

Многу квалитетни фалсификувани левови и евра откриени во Бугарија

Sase Ivanovski

17 умствени трикови за решавање на животни ситуации и проблеми

Sase Ivanovski

Остров во Панама е прва жртва на глобалното затоплување

Sase Ivanovski
Вчитувам....