– Засега нема пријави на поголеми штети. Не се исклучува да има поплавени подрумски простории но граѓаните вообичаено не пријавуваат, изјави Фемија Ајроски, раководител на Регионалниот ЦУК- Дебар.
Поради невремето неколку села во дебарско (Галичник …) немаат електрична енергија.Поради влажни коловози и помали одрони од камен и земја се препорачува внимателно возење и строго почитување на сообраќајната сигнализација по патиштата во поширокиот дебарски регион, порачуваат од секцијата на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта