На 02.11.2024 година во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – обиколница град Скопје во правец од Тетово кон Велес, се случила сообраќајна несреќа во која Д.Р. (44) од село Кондово, скопско, управувајќи патничко возило „Опел корса“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола над возилото и удрила во бетонски столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.Р., додека нејзините сопатнички С.Р.(49) и С.Р.(19) двете од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 02.11.2024 година во 14.40 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, Кичево-Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Шевролет калос“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(53) од Скопје и товарно возило марка „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(29) од село Лојане, кумановско, во сопственост на Б.А.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на товарното возило М.А. и двајца сопатници од патничкото возило – З.С.(63) и Р.П.(55) двајцата од Скопје, додека пак со телесни повреди се здобила В.С. која го управувала патничкото возило и сопатничка од товарното возило Н.А.(26) од село Липково, кумановско, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево. На 02.11.2024 година во 18.45 часот од Медицинскиот центар Гостивар во Полициската станица Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.С. (53) од село Форино.
По превземените мерки било констатирано дека Б.С. управувајќи трактор без регистарски ознаки со приколка, изгубил контрола над возилото и се превртил. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар. На 02.11.2024 година во 09.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистарлниот пат Охрид – село Подмоље, патничко возило „Опел корса“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(48) од село Велмеј, општина Дебрца, откако претекнувал две возила, изгубил контрола над „Опел корсата“ и излетал од патот. Во несреќата Г.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. За настанот бил известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.