13.4 C
Скопје
12/05/2025 21:54
МАКТЕЛ

     

Нема грешка со царините на Трамп, туку поинаква методологија

      

Забуната доаѓа од тоа што македонскиот ДЗС има дијаметрално спротивни податоци што прикажува дека државата има трговски дефицит со САД, а не обратно. Но, ваквите разлики во податоците се должат на добро познат феномен во статистички податоци „трговска асиметрија“, пишува Вистиномер во написот кој го пренесуваме во целост. Нема никакви грешки во равенката на САД што ја употребија на „залепат“ 33 отсто царина на македонските производи. Податоците од американскиот завод за статистика го потврдуваат тоа. Забуната доаѓа од тоа што македонскиот ДЗС има дијаметрално спротивни податоци што прикажува дека државата има трговски дефицит со САД, а не обратно. Но, ваквите разлики во податоците се должат на добро познат феномен во статистички податоци „трговска асиметрија“, пишува Вистиномер во написот кој го пренесуваме во целост. Премиерот Христијан Мицкоски, на владина прес-конференција по повод Светскиот ден на здравјето одговарајќи на новинарски прашања искажа неколку недоследности во врска со висината на тарифите, односно царините што администрацијата на Доналд Трамп ги воведе на втори април:

Ние работиме со нашите партнери, САД, и очекувам многу скоро да се коригира ова што очигледно е резултат на некаква грешка или погрешна информација имајќи предвид дека нашата трговска размена со САД во 2024 година е во негатива односно сме во дефицит. А, тие држави коишто се во дефицит практично немаат ваков тип на зголемување на давачките. [Извор: Влада на РСМ – датум – 07.04.2025] Образложение: Премиерот Мицкоски во изјавата потенцира дека е направена некаква грешка или се користени погрешни информации при калкулација на висината на тарифите, т.е. царините на македонските производи што се извезуваат за Америка — царини коишто во моментов изнесуваат 33 отсто. Но, бидејќи според оние податоци што САД ги имаат и според онаа пресметка која тие решиле да ја употребат, нема никаква грешка и со тоа оваа изјава на премиерот е недоследна. Во суштина станува збор за поинаква методологија од нашата, што новата републиканска администрација на САД ја применува за речиси целиот свет. На т.н. „Ден на ослободувањето“, минатата недела Трамп го презентираше пакетот царини кон речиси сите земји од светот. Меѓу земјите се најде и С. Македонија и како што може да се види од објавите на Белата куќа на Х (поранешен Твитер), македонските производи ќе бидат царинети по стапки што се меѓу највисоките во регионот.

   

Како што веќе Вистиномер објасни, равенката што се користи за да се пресмета висината на царината е следна: вкупниот трговски дефицит со одредена држава поделено со вкупниот увоз од државата, поделен на половина. Доколку ги погледнеме податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС), премиерот Мицковски е во право. Во вкупната трговска размена меѓу државава и САД, С. Македонија е во дефицит, односно извезуваме повеќе одошто увезуваме.

Фото: Вкупната трговија меѓу САД и С. Македонија;
скриншот од официјалните податоци на ДЗС

Според овие податоци, стоката и добрата на државата би треба да се царинат по само 10 отсто, што воедно е и минималниот праг за сите нови тарифи. Но, доколку ги погледнеме податоците од американската Census.gov страна (државна страница пандан на ДЗС), може да се најдат овие бројки.

Фото: Скриншот од американското ДЗС;
Трговија меѓу САД и С. Македонија

Може да се види дека според официјалните податоци на ДЗС и Census.gov постои огромна дискрепанција меѓу конечните бројки на увоз и извоз на стока. Нужно се поставува прашањето зошто тоа се случува?. Oваа разлика во начинот на броење на трговскиот дефицит меѓу две држави е позната уште „трговска асиметрија“ и претставува широко распространет и добро документиран феномен во меѓународната економска и трговска статистика. Треба да се потенцира дека ваквите разлики не се нужно грешки, туку претставуваат различни методолошки и практични начини како се собираат и како се пласираат податоци за билатералната трговија, кои најчесто се поврзани со различните политики на самите земји. На пример, гранката за економски статистики при Одделот за економски и социјални работи на Обединетите нации идентификува три главни причини зошто настанува трговската асиметрија:

  • Примена на различни критериуми за припишување на [трговски] партнер во статистиката за увоз и извоз
  • Употребата на вредности од типот CIF [Cost, Insurance, and Freight] во статистиката на увозот и вредностите од типот FOB [Free on board] во статистиката за извоз,
  • Примена на различни трговски системи во компилацијата на податоци (Општ наспроти Специјален трговски систем).

Други причини може да се начинот на кои земјите го дефинираат „потеклото“ на стоката или добрата. Некои може да ја користат земјата каде што е произведена стоката, додека други ја користат земјата од која се испорачани. Ова е особено важно за стоките што минуваат низ повеќе земји за време на транспортот. На пример, на Census.gov за „земја на потекло на увозот“ се дефинира како: …. земјата каде што стоката е одгледувана, ископана или произведена, во согласност со Царинските прописи на САД. Во случаи кога земјата на потекло не може да се одреди, трансакциите се кредитираат во земјата на испорака. Во документот за методолошки објаснувања на ДЗС земјата на потекло, пак, се дефинира како: Земјата во која стоките се целосно произведени или каде што е направена последната значајна промена. Токму вакви мали разлики во дефинициите доведува до тоа различно да се вбројуваат податоците и да настанат големи разлики.

На пример, според начинот на кој увозниците известуваат за производите што ги носат во САД, тамошната методологија предвидува и за деловите внатре во производите да се наведе потеклото, каков што е примерот со овој увозник на рачни часовници во САД, кој кажува дека има обврска да наведе посебно од каде, од која држава, е потеклото на куќиштето, на механизмот и на ремчето на часовникот. Ваквите детални пдоатоци кои ги добиваат властите во САД и тоа на самиот влез на стоките во земјата, при самото царинење, бездруго доведуваат до поинаки бројки од македонските.

Доколку ги погледнеме статистиките за количината на увоз и извоз од 2020 до 2024 година, според македонскиот и американскиот ДЗС, може да се видат конзистентни разлики:

Фото: Статистики според македонскиот (тукатука и тука) и американскиот ДЗС за билатералната трговија

Ова го потврдува фактот дека ДЗС на двете држави имаат комплетно различни методологии и начини на водење сметка за билатералната трговија. Затоа не може да се каже дека статистиките на една земја се точни или неточни. Исто така, во разгледаните податоци за трговијата меѓу САД и С. Македонија се бројат само размената на стоки и добра, а не и услугите. Тоа е така, затоа што, како што објаснуваат во анализата на Њујорк Тајмс, тоа е начинот според кој новата Влада на САД ја одредува висината на царините. Администрацијата на Трамп го пресмета трговскиот дефицит користејќи само стоки – физички предмети што може да се испратат – а не и услуги, како што се технологијата, медиумите, банкарството и туризмот. (ДВД цеде се брои, претплатата на Netflix не.), пишува во анализата на Њујорк Тајмс. Затоа, ако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успее да направи посебни билатерални трговски договори со кои ќе се намалат или отстранат царините на македонските производи, тоа добро ќе дојде за македонските производители. Но, тоа е сосема различно и споредно од тоа да се тврди дека е направена грешка при пресметувањето.

Заклучно, разликата во вкупниот износ на увезени и извезени стоки и добра меѓу две држави е добро познат феномен на трговска асиметрија. Асиметријата во податоците се должи на, на пример, раководење на финалните статистики, како што е користењето на различни трговски системи во компилацијата на податоци и различниот начин на утврдување на земјата на потекло на стоката. И, исто така, има забележителна и конзистентна разлика во податоците за билатералната трговија меѓу С. Македонија и САД. Заради сите овие горенаведените причини, изјавата на премиерот Мицковски дека има некаква грешка или погрешна информација, што довело до тоа администрацијата на САД погрешно да ги пресмета церините кон С. Македонија, ја оценуваме како недоследна. Начинот на кој САД го мери увозот и извозот е резултат на тамошната методологија, која се користи со децении. Разликите во методологиите доведуваат до тоа нивоата на надворешна трговија да бидат мерени различно и да доведат до сосема различни податоци. Извор: Новинска агенција МЕТА

   

Најново

Шилегов распали по Венко Филипче: Златна да визата!

Sase Ivanovski

ЛДП: Градскиот парк личи на џунгла, излегува на површина неспособноста на Арсовска

Sase Ivanovski

Апасиев: Во Влада се луксузираат, а во Собранието нема паркинг, кафе и јајца за доручек

Sase Ivanovski

Јаневска: Се залагаме за едносменска настава во сите училишта

Sase Ivanovski

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

Sase Ivanovski

Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Оваа влада има доволно мнозинство за да продолжи со проекти во корист на граѓаните

Sase Ivanovski

Песков: Јазикот на ултиматум не може да се користи за дијалог со Русија

Sase Ivanovski

Анчелоти е нов селектор на Бразил

Sase Ivanovski

Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не е здрава храна ако го намалиме лебот и го тргнеме „благото“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова може да ја револуционизира иднината на возењето

Sase Ivanovski

Машен, Германија – Повеќе од град, тоа е еден од клучните железнички центри во Европа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: За нас, говорат делата!

Sase Ivanovski

Недела поладне во Белград! Pan-Pot во кафетерија

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Каде што застана Груевски, продолжува Мицкоски

Sase Ivanovski

Масивната вежба на писта на американските воздухопловни сили со 53 авиони – испратена порака до ривалите како Кина

Sase Ivanovski

На многаја лета Свети Василиј Острошки…

Sase Ivanovski

Полска еднаш ги отвори вратите за милиони украински бегалци, но сега расположението се смени

Sase Ivanovski

Полска: Руската тајна служба стои зад пожарот во трговскиот центар во Варшава во 2024 година

Sase Ivanovski

Научниците откриваат колку точно тежина ви е потребно за да кревате за да стекнете мускули

Sase Ivanovski

САД и Кина се согласија да ги намалат царините во рамките на деескалацијата на трговската војна

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп е подготвена да прифати „палата на небото“ како подарок за Трамп од Катар

Sase Ivanovski

Објавена е првата излезна анкета од изборите во Албанија, Социјалистичка партија и Еди Рама водат со 79 пратенички места

Sase Ivanovski

Зошто кинескиот борбен авион J-10C „Vigorous Dragon“ е во тренд…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бендот „Фанк Шуи“ со голем хуманитарен концерт за Кочани во МКЦ на 15 мај

Sase Ivanovski

Ќе се работи Студија за природните вредности на Јабланица, целта е да се прогласи за заштитено подрачје

Sase Ivanovski

Лишени од слобода четири лица во гостиварско затоа што управувале возила со поголема брзина од дозволената

Sase Ivanovski

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Sase Ivanovski

Ретроспективната изложба на Анета Светиева

Sase Ivanovski

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Sase Ivanovski

Муртезани на средба со известувачот за Северна Македонија, Вајц  во Брисел: стратешки разговори за напредокот во пристапниот процес и поддршка за реформите

Sase Ivanovski

Лишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

(ФОТО) (Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Европските лидери го посетија Киев и и порачаа на Русија: 30-дневен прекин на огнот сега или ќе се соочат со огромни санкции

Sase Ivanovski

ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ ЌЕ СЕ ЕДУЦИРААТ, КАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВААТ КОН СВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Sase Ivanovski

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората како институционален облик на соработка

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ЗНАМ не можат да излажат никого

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ

Sase Ivanovski

Вчера 968 сообраќајни прекршоци, 636 за брзо возење

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Пронајдена дрога во Кавадарци, лишени од слобода две лица

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонскиот павилјон меѓу 10-те највпечатливи на Венециското биенале, GOVTECH дигитална програма за решавање на проблемите на граѓаните, се зголемува довербата на граѓаните во финансискиот систем

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Акциска контрола синоќа во Скопје, 76 сообраќајни прекршоци, 20 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Чествување на 195-годишнината од раѓањето на Прличев со промоција на книга од акад. Митевски во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венециското биенале ги поздрави СДС, успех за македонската делегација предводена од Љутков, македонскиот павилјон во првите 10

Sase Ivanovski

Од утре почнува Robomac по 13-ти пат

Sase Ivanovski

Филипче му ја честиташе победата на Еди Рама

Sase Ivanovski

Симеонов: Се зголемуваат платите на здравствените работници што е услов за квалитетен здравствен систем

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза?

Sase Ivanovski

Амбер Херд откри дека дочекала близнаци, кои и се придружија на големата сестра Унах (4)

Sase Ivanovski

Бугарија наскоро на референдум – ќе одлучува дали ќе го прифати еврото

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан најавија директни преговори

Sase Ivanovski

Еди Рама на прагот на четврти мандат

Sase Ivanovski

Нови цени на горивата од полноќ: Дизелот поевтинува, бензинот поскапува

Sase Ivanovski

Почина кардиологот Агим Зеќири

Sase Ivanovski

“Ни падна нас да ги исправаме грешките од лековерност или незнаење на претходниците” беседеше премиерот интервјуиран од заменик министерката Трајков

Sase Ivanovski

Најмалку десет жртви во израелски напад врз училиште во Газа

Sase Ivanovski

Пакистански авион од кинеско производство собори два индиски борбени авиони, соопштија американските власти

Sase Ivanovski

ПКК објави дека се самораспушта и го запира вооружениот конфликт против турските власти

Sase Ivanovski

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Sase Ivanovski

Гардијан со детали: САД и Кина договорија намалување на царините за 115 отсто за период од 90 дена

Sase Ivanovski

Една епизода од Game of throns чини колку Х Македонски народни приказни

Sase Ivanovski

Слонот во собата и „куклите“ во Владата

Sase Ivanovski

Оптимизам на берзите во Европа по договорот меѓу САД и Кина за намалување на царините за 90 дена

Sase Ivanovski

Руско Министерство за одбрана тврди дека нивниот „Искандер“ уништил ХИМАРС на украинската армија

Sase Ivanovski

ЦЕЛТА Е ЕУ, НО ТРЕБА ДА ПОБЕДИМЕ И ВО ПАРИЗ, БЕРЛИН, РИМ… Мицкоски сака Македонија да биде трипати подобра од сите за да испрати порака

Sase Ivanovski

Голем триумф за Еди Рама – сам има мнозинство да состави Влада

Sase Ivanovski

ДУИ: Време е да се преиспита легитимитетот на политичките претставници на предвремени парламентарни избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Интрига или факт: Гајдов му удрил бокс/шлаканица на Зиков?

Sase Ivanovski

Основната разлика меѓу евро-интеграциите на Скопје и Кијив: Украина ја брани Европа сама по себе. ЕУ ја брани Северна Македонија самата од себе

Sase Ivanovski

САД и Кина се договорија да ги намалат царините!

Sase Ivanovski

Како причини за таа својствена одлика за Американците, се наведуваат американската култура и нивниот секојдневен живот

Sase Ivanovski

Костадинов до Ѓеоргиевски: Недостасува кадар во градинките во Струмица, зошто местата не се пополнуваат?

Sase Ivanovski

Хотел Златибор во Ужице, Србија е маестрален пример за социјалистичкиот модернизам

Sase Ivanovski

Бобан Стефковски: БЕЛОМОРСКИ ВИДУВАЊА 2025

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денеска имавме чест и задоволство да оствариме прекрасна средба со Крис Павловски и Џанкарло Девасини

Sase Ivanovski
Вчитувам....