МАКТЕЛ

    

Нема контрола колку кучиња се истоваруваат низ Скопје, ниту казни за оние што ги фрлаат на улица

      

Од Агенцијата за храна и ветеринарство досега не одговорија што преземаат за да се спречи приливот на кучиња по улиците, колку казни се изречени за нечипирано куче, ниту дали досега се изречени казни за нерегистрирано легло, односно за размножување кучиња и нивна продажба од дома, без никаква контрола. Граѓани со денови реагираат дека во Аеродром се истоварени глутници кучиња, кои за разлика од маалски кучиња се однесуваат агресивно, лаат и ги заплашуваат жителите. Поради тоа, тие апелираат до надлежните итно да најдат решение додека некој не настрадал. На социјалните мрежи се споделува и видео снимено на крстосницата помеѓу улиците Васко Карангелевски и Матеја Матевски. Стравот на жителите е уште поголем затоа што токму на овој потег секојдневно минуваат ученици од основното училиште „Љубен Лапе“. Според нив, треба да реагираат и општинските служби и заловувачите од „Лајка“ за да се обезбеди безбедно движење низ населбата. Според објаснувањата на граѓаните, кучињата се носат со комбиња од други градови, се истовараат доцна навечер најчесто кај хотел „Русија“ и се оставаат исплашени, збунети и дезориентирани на непозната територија, па нормално е што лаат и некогаш се однесуваат агресивно. Поради тоа, како што посочуваат, потребно е и тие да се заловат и да се стерилизираат.

Фото: Принтскрин

На фејсбук-групата „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“ се огласи и општинската инспекторка за заштита на животната средина Елена Ѓошевска Стојановска, која ги информира граѓаните дека Општината веќе пратила допис до Град Скопје и до „Лајка“, притоа објаснувајќи дека кучињата не се надлежност на Општината и дека Општината може само да алармира, да поднесе иницијатива и да бара од „Лајка“ да излезе на терен.

 Укажавме на алармантната состојба низ општината со бездомните кучиња особено околу и во училишните дворови. Повикавме веднаш да реагираат и да преземат мерки.  Децата се на прво место и никој не смее да им прави стрес на патот до училиште – посочи инспекторката.

   

Од ЈП „Лајка“ велат дека ќе излезат на терен за да видат за што станува збор, но додаваат дека има сериозен проблем со прилив на кучиња во градот што никој не го контролира. Како што објаснува директорката на претпријатието Радмила Пешева, тие работат во согласност со Законот за благосостојба на животните и се обидуваат да ја намалат популацијата на кучињата по улиците со стерилизација и кастрација, но дека сами не можат да го решат проблемот со бездомните животни затоа што недостасува преземање надлежности на повеќе нивоа.

 Општина Аеродром е една од општините која е најмногу покриена, речиси 70 отсто од кучињата се третирани, ојаловени. Има редовно прилив на нови, тоа никој не го контролира. Ние имаме два тима, 30 вработени и едноставно толку е моќта. Многу ќе биде добро општините сами да направат контрола кое домаќинство има куче, да им понудат кастрација. Ние имаме 120 бокса и тие се веќе окупирани со кучиња што ги земаме по налог затоа што биле агресивни и оперативни ни се само 30 бокса за да ја вршиме основната дејност – објаснува Пешева.

Според директорката, кај нас најголем проблем е неодговорното сопствеништво, но и тоа што нема казнување, не се знае кој сѐ има куче, како го чува, вели дека опасни кучиња се пуштаат сами да шетаат по улици и наведе дека, на пример, деновиве биле заловени пет питбули пуштени на улица.

Општините можат да преземат кампања за едукација, можат да дадат субвенции за стерилизација на домашните миленици. Можат со комунални редари да ги потсетуваат граѓаните на нивните законски обврски да го чипираат миленикот, може нивните комунални редари сами да проверуваат дали се чипирани милениците, може сами да купат читачи, нека побараат од Агенцијата за храна и ветеринарство проширување на ингеренциите на комуналните редари. Треба да покажат некоја грижа, да покажат дека некој го следи проблемот – вели директорката на „Лајка“.
Слободен печат - Радмила Пешева / Фото - Методи Здравев /
Радмила Пешева/ Фото: Методи Здравев

Пешева додава дека одговорноста за состојбата секогаш се префрла само на „Лајка“, а тие законски можат само да ги собираат кучињата на улица поради хуман третман, но дека не можат да превенираат или да казнат некого што пушта кучиња на улица. Како што посочува во стационарот има голем број заловени кучиња чии сопственици одбиваат да дојдат и да си ги земат. Чувањето на животни кај нас се регулира со неколку закони и тоа Закон за благосостојба на животните, Закон за регистрација и идентификација и Закон за ветеринарно здравство.

 За сите овие закони надлежна е Агенцијата за храна и ветеринарство. Сите пропусти се на нивните инспектори, а граѓаните ѝ праќаат тужби на „Лајка“. Зошто, затоа што сопственици пуштаат кучиња на улици? Од друга страна, АХВ обврската ја префрла на општините, во смисла дека општините треба се грижат за бездомните кучиња, но не им дава вистински ингеренции – истакна Пешева.
Улични кучиња Фото: Слободен печат/Стефан Крстески

Во Скопје има околу 6.000 кучиња и под услов и сите да се згрижат, наредната година како што тврди, ќе се појават уште 1.000 нови сѐ додека не се преземат мерки за контрола на сопствеништвото.

 Ние сега на годишно ниво трошиме околу 50 милиони денари само за нашиот капацитет, 1200 кучиња што третираме годишно, а замислете за 6.000. Тоа се јавни пари во недоглед, без идеја за решавање на проблемот – вели директорката.

Од Општина Аеродром побаравме одговор дали Општината на каков било начин се ангажира за справување со проблемот со улични кучиња во Аеродром, освен што очекува тоа да го направи „Лајка“ и дали размислуваат да воведете субвенции за стерилизација и кастрација на домашни миленици, за да се спречи создавање нерегистрирани и незаконски легла по домовите и продажба на кучиња без контрола, но одговор нема. Ниту од Агенцијата за храна и ветеринарство досега не одговорија што преземаат за да се спречи приливот на кучиња по улиците, колку казни се изречени за нечипирано куче, ниту дали досега се изречени казни за нерегистрирано легло, односно за размножување кучиња и нивна продажба од дома, без никаква контрола.

  

Најново

Агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија со оцена ББ+ со стабилен изглед

Sase Ivanovski

Сам да сакал да се скрие, каде така вешто би се скрил, за да не може никој да го најде, прашува семејството на неготинецот Миле, по кого се трага речиси два месеца

Sase Ivanovski

Јон Фрчкоски се повлекува од функцијата во партијата по обвинувањата дека користел кокаин

Sase Ivanovski

Компанијата Кожувчанка ја лансира првата Апликација – Потсетник за пиење вода, од Изворска!

Sase Ivanovski

Шефот на НАТО до Русија: Ако ја нападнете Полска, последиците ќе бидат поразителни

Sase Ivanovski

Собранието по реакциите: Пратениците работеа и продолжуваат со работата, откажани се седници, комисии и други настани

Sase Ivanovski

Ристески: Одлуката за зголемување на минималната плата за 2.200 денари е законска

Sase Ivanovski

Скопјанец со нож ѝ се заканувал на сосетката, искршил возила и прозорци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Прес-конференција на портпаролот Митева, МНР Муцунски и заменик мин. за економија и труд Ристески

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Аргумент плус – Разговор со Добрила Андоновска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Марковски: Одземањето на толку многу лиценци е поразителен факт, но не и изненадувачки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мохамад Багери и Амир Али Хаџизадех, командант на воздушните сили на ИРГЦ, го обиколија подземниот комплекс на Иран, познат како „ракетен град“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Се запали зграда во Неа Каликратија на Халкидики

Sase Ivanovski

Како некои мерки од „регулаторната гилотина“ се закануваат да ни ја откинат главата?

Sase Ivanovski

Еве ги 10-те најголеми нафтени и гасни компании во 2025 година.

Sase Ivanovski

СОВЕТОТ НА ОБВИНИТЕЛИ СНЕМА КВОРУМ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕТО НА КОЦЕВСКИ

Sase Ivanovski

Истражување: Речиси секој петти македонски граѓанин е сиромашен

Sase Ivanovski

Второ писмо од Јужна Америка: Диего од Аргентина, кој изгубил брат во иста катастрофа – во пожар во дискотеката „Кромањон“, во која животот го изгубиле 194 млади луѓе.

Sase Ivanovski

Ученичко катче во Гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци – Простор за дружење, креативност и инспирација!

Sase Ivanovski

Продолжува имплементацијата на проектот „Состојбата на физичкиот фитнес, нутритивниот статус и статусот на стапалата кај децата и младите од Општина Кавадарци“

Sase Ivanovski

Оуд Крсте Мисирков Кавадарци ја бодреа македонската фудбалска репрезентација против Велс

Sase Ivanovski

Општина Кавадарци реализира сериозен проект за решавање на проблемите со поројниците во село Ваташа

Sase Ivanovski

КОНТИНУИРАНО СЕ ПОДОБРУВААТ УСЛОВИТЕ ВО КАВАДАРЕЧКАТА ГРАДИНКА

Sase Ivanovski

По барање на жителите на село Марена во соработка со инспекциските служби од Општина Кавадарци вчера и денес се врши чистење на речното корито на Овчка Река со неколку помали диви депонии

Sase Ivanovski

Улица ,,Ристо Џондев” село Ваташа – Кавадарци

Sase Ivanovski

ГРК ТИКВЕШ 2014 Е ПОВТОРНО ВО ПЛEЈ ОФФ !!!

Sase Ivanovski

Припадниците од исламската вероисповед го слават светиот месец Рамазан, Рамазан ишерит. По тој повод, за сите членови и пријатели од исламска вероисповед, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, заедно со претседателот на Џамискиот одбор Ахмет Фазлиов, претседателот на Советот на Кавадарци Стојанче Рамов и пратеникот во Републичкото собрание Зоран Јованчев, 7 година по ред организираа Ифтарска вечера во нивна чест, на која присуствуваше и претседателот на ИВЗ на Македонија Шаќир Фетаху

Sase Ivanovski

Ристески: Одлуката за зголемување на минималната плата за 2.200 денари е законска

Sase Ivanovski

Изградба на параклис на Св. Недела во Автокоманда

Sase Ivanovski

Стефковски: Хероите паднати за Македонија, никогаш нема да бидат заборавени❗️

Sase Ivanovski

ИЗГРАДЕНИ ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ И ПАРКИНГ ПРОСТОР СО ПАВЕР ЕЛЕМЕНТИ ВО ИДРИЗОВО

Sase Ivanovski

Стефковски: Средба со Бохдан Кобилијански, градоначалник на Град Хороденка од Украина

Sase Ivanovski

Започна изградбата на параклис на Св. Недела во дворот на Св. Архангел Михаил во Автокоманда

Sase Ivanovski

Стефковски: Ја информирам јавноста дека Секторот за инспекциски работи при општина Гази Баба започна со вонреден инспекциски надзор врз угостителските објекти и станбени згради кои се наоѓаат на територија на Гази Баба

Sase Ivanovski

СЕ ОДДРЖА ИТНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА. ДОДЕЛЕНИ 1.000.000 ДЕНАРИ ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ

Sase Ivanovski

Кривична пријава против четворица охриѓани за сторено кривично дело лихварство

Sase Ivanovski

Герасимовски: Следуваат средби со управителите и претседатели на куќни совети за подигнување на безбедноста на повисоко ниво

Sase Ivanovski

Таравари: Се зголемува бројот на пациенти кои се подготвени да се враќаат од странство

Sase Ivanovski

Приведен крадец во битолско, одзел нафта и масло од фирмата каде што работел

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите работат професионално и првпат пред лицето на правдата се изведуваат сегашни и поранешни функционери, без разлика на партиската или етничката припадност

Sase Ivanovski

Мобилни царински тимови и царински службеници запленија 4,5 илјади парфеми, облека, обувки со потпис на познати трговски марки, 323 штеки цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари

Sase Ivanovski

Продолжува истрагата за пожарот во „Пулс“, претреси во Кочани

Sase Ivanovski

„Алкалоид“ донира 15 милиони денари во Фондот на солидарност на Црвениот Крст наменет за поддршка на настраданите при пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Герасимовски: Безбедноста во училиштата и градинките е на највисоко ниво

Sase Ivanovski

На социјалните мрежи се појави ново видео од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

УСС-УКИМ АПЕЛИРА ДА СЕ ПОДОБРИ БЕЗБЕДНОСТА ВО СТУДЕНТДКИТЕ ДОМОВИ И ОБЈЕКТИТЕ НА УКИМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Само Вистина“ со Павле Трајанов и Снежана Калеска Ванчева 2 дел

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Снежана Калеска-Ванчева и Павле Трајанов во „Само Вистина“ 1 дел

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Да си кажеме – Кочани 2025 – Гетеборг 1998, пожар и недоверба со Ивица Челаковиќ

Sase Ivanovski

Видевски го изнел пиштолот од дома, но не знае каде, а го имал од помодарство

Sase Ivanovski

Веле Митаноски: Oхрид е разграбен со парите на балканскиот криминален бос Илија Павлов?!

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Скоро 10 000 слободни работни места, се отвора “патот” за вработувања на странци и на сезонци

Sase Ivanovski

ДУИ: Театарот на апсурдот продолжува

Sase Ivanovski

Данска воведува задолжителен воен рок за жените, наместо четири, ќе трае 11 месец

Sase Ivanovski

Песков: Русија и САД го продолжуваат дијалогот, Москва не го напаѓа енергетскиот систем на Украина

Sase Ivanovski

Хамас: И израелските заложници можат да бидат жртви на нападите врз Газа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Аргентина го понижи Бразил – демонстрација на сила со четири гола во мрежата на „кариоките“

Sase Ivanovski

Николоски: Започнуваме борба против административната мафија

Sase Ivanovski

Мециновиќ: Баравме оставка од Тошковски, ќе поднесеме интерпелација

Sase Ivanovski

Стабилно снабдување со јајца на домашниот пазар пред велигденските празници

Sase Ivanovski

Каја Калас се соочува со критики дека сè уште се однесува како премиерка

Sase Ivanovski

Поранешниот телохранител на Марадона е уапсен поради лажно сведочење

Sase Ivanovski

Зеленски: Американците сакаат да бидат посредници и да им покажат на Русите дека се во средина

Sase Ivanovski

Претреси во домот, возилото и два угостителски објекти на сопственикот на дискотеката „Пулс“

Sase Ivanovski

Таравари: Четворица пациенти од Шпанија и еден од Грција се враќаат денеска во земјава

Sase Ivanovski

Видески: Го прашав Палчо зошто ја уби Вања, а тој само ги крена рамениците

Sase Ivanovski

Таравари: Во Коалицијата ВРЕДИ состојбата е релативно стабилна и во владината коалиција се е во ред

Sase Ivanovski

ПРИВЕДЕНИ СОПРУГАТА И ЌЕРКАТА НА ГАЗДА ДЕКО Кој ја зел фалц лиценцата од Министерството за економија?

Sase Ivanovski

ВО ПРВИОТ ИСКАЗ РЕКОЛ ДЕКА ПАЛЕВСКИ ГИ ИЗВРШИЛ УБИСТВАТА, ВО ВТОРИОТ НЕГИРАЛ СЀ Боре Видевски негира дека е вмешан во убиствата на Вања и на Панче

Sase Ivanovski

БУРНО ВО ФИЛХАРМОНИЈА Вработените не го сакаат незаконски поставениот директор

Sase Ivanovski

ОБЈАВЕН СПИСОКОТ НА ЛИЦЕНЦИ ЗА ОДЗЕМАЊЕ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО И УРБАНИЗМОТ Меѓу нив се и 73 фирми кои градат мостови, патишта, централи…

Sase Ivanovski

РУСИЈА СЕ СОГЛАСИ НА ПРИМИРЈЕ ВО ЦРНОТО МОРЕ, НО ПОСТАВИ УСЛОВ Американците ќе помогнат за укинување на санкциите за извоз на храна

Sase Ivanovski

СИМБОЛИЧЕН ПРЕКИН ВО 59. МИНУТА НА МЕЧОТ СО ВЕЛС Пред почетокот минута молк за загинатите од Кочани

Sase Ivanovski

ВО АПРИЛ СНЕГ ДО КОЛЕНА? Македонија пред нов студен бран

Sase Ivanovski

КОЗМЕТИЧАРКА ЌЕ ЛАКИРА ГРАНАТИ, А ЕКСПЕРТ ЗА НАФТА ЌЕ ПРАВИ ТЕНК Германија инвестира стотици милијарди евра во индустријата за оружје, но нема кадар

Sase Ivanovski

ОБЈЕКТИТЕ КОИ ИМААТ ПРОПУСТИ ЌЕ ДОБИЈАТ РОК ЗА КОРЕКЦИЈА Перински вели дека безбедноста на граѓаните е најважна

Sase Ivanovski

ЦЕНТРИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА ЌЕ ДОБИЈАТ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Наскоро ќе се објави јавен оглас

Sase Ivanovski

„ФИЗИЧКИТЕ РАНИ ЌЕ ЗАРАСНАТ, НО ДУШАТА КРВАВИ“ Дарко Стојанов по преживеаниот пекол во Кочани

Sase Ivanovski

ОМИЛЕНАТА СЛИКА НА ЗЕЛЕНСКИ ЈА РАЗБЕСНИ МОСКВА Кремљ гори на платното на грузиски уметник

Sase Ivanovski

СРБИЈА ПОД ПРИТИСОК ОД БРИСЕЛ Вучиќ со нови ветувања откако ЕУ побара слобода на медиумите и борба против корупцијата

Sase Ivanovski
Вчитувам....