18.8 C
Скопје
23/04/2025 08:59
МАКТЕЛ

    

Нема пари да се доврши Студијата за валоризација – заштитата на Демир Капија е неизвесна

      

Министерството за животна средина нема предвидено пари во буџетот за ова година за довршување на Студијата за валоризција на подрачјето на Демир Капија, за кое пред три години беше поведена иницијатива да се прогласи за споменик на природата. Еден дел од студијата, која започна да се изработува лани, е финансиран од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко- свест“ и The Nature Conservancy, а целиот документ треба да биде готов до крајот на оваа година. Студијата е неопходна за да може да се идентификуваат најголемите вредности и големината на заштитеното подрачје, пред да може да се спроведе процесот на вистинска заштита на природните богатства на регионот. Од Министерството најавуваат дека, сепак, годинава ќе се направат обиди да се најдат пари за довршување на документот.

„Во буџетот за 2025 на МЖСПП не се обезбедени средства за доработка на Студијата за валоризција на Демир Капија која треба да биде изработена според Законот за заштита на природата. Со оглед на тоа, Министерството ќе се фокусира на обезбедување на дополнителни средства, за да може Студијата за Демир Карпија да биде завршена во целост,“ велат од Министерството. Студијата започна да се работи од септември минатата година, а досега се направени повеќе активности. Целосно се завршени теренските истражувања на рибите, водоземците и влекачите, а тематските извештаи се во завршна фаза на изработка. На терен се одвиваат и истражувањата за пајаци, додека лани беа реализирани и истражувања на акватичните безрбетници. Истражувањата на сите акватични тела ќе треба да продолжат следниот месец. Истовремено, се прави и хидролошка карта на подрачјето со мапирање на постојаните и темпоралните водени текови, како и дигитализација на заканите за таксономските групи на риби, водоземци и влекачи.

   

Од граѓанската организација Еко-свест велат дека иницијативата за прогласување на заштитено подрачје во Демир Капија ја туркаат веќе речиси три години, во соработка со меѓународната организација The Nature Conservancy, во рамки на регионалната иницијатива „Заедно за реките“. Во текот на овој процес, воспоставена е соработка со Општината Демир Капија, Министерството за животна средина и просторно планирање, локалните институции, организации, иницијативи и бизнис заедницата. Како резултат на тоа Советот на Демир Капија и официјално поднесе иницијатива до Министерството за животна средина за прогласување на заштитено подрачје. Иницијативата беше прифатена, а Министерството во програмата за минатата година ја предвиде изработката на Студија за валоризација, која е клучен чекор во процесот на заштита.

„Минатата година, Еко-свест, со финансиска поддршка од The Nature Conservancy, обезбеди половина од потребните средства и во соработка со МЖСПП започна со изработка на Студијата. Сепак, загрижени сме од фактот што во буџетот за 2025 година не се предвидени дополнителни средства за овој процес, со што се доведува во прашање неговото успешно финализирање. Очекуваме дека Министерството ќе најде начин да ги обезбеди неопходните средства и да го поддржи овој значаен чекор кон заштита на природното наследство на Демир Капија“, вели Ѓорѓи Митревски од „Еко-свест“.

Студијата за валоризација, како прв и неопходен чекор во спроведувањето на процесот на прогласување на заштитено подрачје треба да се изработи во две фази. Во првата фаза се веќе започнатите теренските посети и изработката на тематските извештаи за риби, макроинвертебрати, пајаци, водоземци и влекаци, како и за хидрологијата на сливните подрачја на реките во Демир Капија. Во втората фаза, која треба да се реализира годинава ќе треба да бидат изработени извештаите за цицачите, птиците, лилјаците, како и за геоморфолошките особености на подрачјето.

Демиркаписката клисура е заштитена со закон како споменик на природата во 1960 година, но во реалноста никогаш не добила вистинска заштита на природните богатства. Регионот околу Иберлиска река е исто така заштитен во рамки на Националниот еколошки акционен план од 1963 година, како индивидуален животински хабитат. Регионот е специфичен по присуството на ретки видови на птици како белоглавиот и египетскиот мршојадец, кралскиот орел, орелот змијар, лисестиот глувчар и разни видови соколи, како и други ретки видови птици. Разни ретки и посебни видови цицачи како лилјаци, влекачи и инсекти исто така живеат во Демиркаписката клисура како и ретки и ендемични видови растенија. Со новата заштита се очекува најмалку четири притоки и дел од Вардар да влезат во заштитената зона, која ќе треба да се преклопи и со идното Натура 2000 подрачје, како и со постоечките Емералд подрачја по течението на Вардар и со ИБА подрачјето значајно за птиците.

  

Најново

Европејците на САД им ги истакнаа прашањата за кои не може да се преговара за мировниот договор меѓу Украина и Русија

Sase Ivanovski

По 10 години криење, синот на Владимир Путин, Иван Владимирович, за прв пат е виден во јавност. Наводно тајниот син на Владимир Путин и неговата долгогодишна партнерка, поранешната гимнастичарка и олимписка шампионка Алина Кабаева, првпат е виден во јавноста, пренесува опозицискиот руски телеграмски канал „VChK-OGPU“. Момчето за кое се вели дека се вика Иван Владимирович Путин и има околу десет години, до сега беше целосно криено од очите на јавноста. На фотографијата објавена од каналот со врски во руските безбедносни структури, Иван е опишан како „најосаменото момче во Русија“ кое речиси нема контакт со своите врсници и живее под постојан надзор на дадилки, учителки и чувари. Наводно, тој има и помлад брат Владимир Џуниор, кој има четири години. Путин никогаш јавно не ја признал својата врска со Кабаева, ниту дека имаат деца, иако за време на телевизиско гостување минатата година алудирал на „малите членови на семејството“ со кои гледа бајки. Официјален Кремљ се уште го негира постоењето на нивната врска, иако независниот истражувачки центар „Dossier Centre“ тврди дека има докази за постоење на два сина од врската. Иако Dossier Centre тврди дека има слики од двете момчиња, тие одлучиле да не ги објавуваат од етички причини, туку инсистираат на тоа дека нивниот раскошен живот е легитимно прашање од јавен интерес.

Sase Ivanovski

По 10 години криење, тајниот син на Путин за првпат виден во јавноста

Sase Ivanovski

Четири суптилни однесувања откриваат дали вашиот партнер е емоционално недостапен

Sase Ivanovski

Израелските власти изразија сочувство за смртта на папата, но брзо ја избришаа објавата

Sase Ivanovski

Бислимовски: Директорите на јавните претпријатија да работат по економски, а не по политички принципи

Sase Ivanovski

Израел потврди ликвидација на команданти на „Џама исламија“ и „Хезболах“

Sase Ivanovski

Со реорганизацијата на Стејт департментот предвидено е укинување на 132 канцеларии и 700 работни места

Sase Ivanovski

Газдата на „Пуцко Петрол“ излегува од притвор ако даде парична гаранција

Sase Ivanovski

Терористички напад во Кашмир – најмалку 20 туристи загинаа

Sase Ivanovski

ММФ ја зголеми прогнозата за економскиот раст на Турција

Sase Ivanovski

Трамп разговараше со Нетанјаху: На иста страна сме за сите прашања

Sase Ivanovski

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

Sase Ivanovski

Левица: Љутков ги повикал сметководителите надвор од работно време да изготвуваат плата, спротивно на Колективниот договор

Sase Ivanovski

Љутков: Новата пресметка на плати е најправилно решение

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска на средба со македонската бизнис заедница во Чикаго: Поддршката на Владата е целосна кон сите што сакаат да работат во Македонија

Sase Ivanovski

Зеленски: Украина е подготвена за директни мировни преговори со Русија

Sase Ivanovski

Броевите на личниот документ на папата навестуваат година и време на смртта

Sase Ivanovski

Вицепремиерот Николоски во работна посета на Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

Трамп, Зеленски, Гутереш, Макрон, Фон дер Лајен, принцот Вилијам – кој се ќе дојде на погребот на папата?

Sase Ivanovski

Зошто е полесно да се направи електиричен автомобил во однос на автомобил на погон на гориво

Sase Ivanovski

СДСМ: Тошковски да не ги штити неговите началници – за трагедијата во Кочани мора да има одговорност

Sase Ivanovski

Градоначалникот Валбон Лимани пушти во употреба уште една улица, најави работи на неколку локации

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска на средба со македонската бизнис заедница во Чикаго – Поддршката на Владата е целосна кон сите што сакаат да работат во Македонија и домашни и странски компании и компании основани од иселениците

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Армијата се модернизира, се работи на враќање на Скопски саем, нов мобилен оператор во Македонија

Sase Ivanovski

Меѓународниот балкански универзитет ќе биде домаќин на DIGIAGE 2025 Кампот за развој на видеоигри

Sase Ivanovski

Поранешниот хрватски преговарач Дробњак: 2030 година е остварлива цел за членство на С. Македонија во ЕУ, ама клучни се резултатите

Sase Ivanovski

(ФОТО) Навивачите на Ренџерс ја искористија смртта на папата да го провоцираат најголемиот ривал

Sase Ivanovski

Новиот министер за образование на Србија на првиот работен ден дочекан со протест

Sase Ivanovski

Само седум жени во светот смеат да носат бела облека при посета на папата

Sase Ivanovski

Погребот на папата Франциск е закажан за 26 април

Sase Ivanovski

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп

Sase Ivanovski

Во Македонија над 140.000 лица имаат дијабетес – аларм за посилни превенција и пристап до терапија

Sase Ivanovski

Ден на планетата Земја: Обновливата енергија е најмоќното оружје против климатските промени

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Економијата со помал раст, инфлацијата и ценовниот притисок ќе се зголемат

Sase Ivanovski

Зеленски повторно мета на дезинформации – „купил“ рудник за платина вреден 1.6 милијарди долари

Sase Ivanovski

ИЈЗ: Во март едно лице починало од СИДА, а регистрирани се три случаи потврдени на ХИB

Sase Ivanovski

Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

Sase Ivanovski

Дебата на КЕП и НСЕИ: Реформската агенда како стратешка рамка и конкретен чекор кон ЕУ

Sase Ivanovski

УЈП: ЗАСИЛЕНА ПОДДРШКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ – 04 ПРИЈАВИ – ПОГОЛЕМА ДОСТАПНОСТ И ЕФИКАСНОСТ ПРИ ПРОЦЕСОТ

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

Sase Ivanovski

МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година

Sase Ivanovski

Ограбен хотел во центарот на Скопје

Sase Ivanovski

(ФOTO) Славе Ристов кувар во ресторанот Шалом во Струмица демантира дека бркал врски преку газдата Дано и достави доказ дека казна платил

Sase Ivanovski

Уништен е Рибарскиот прстен на папата Францис

Sase Ivanovski

Девет месеци не им е асвалтирана главната улица, жителите на Волково бараат итно санирање

Sase Ivanovski

Шестмина повредени во сообраќајка кај Пресека

Sase Ivanovski

МВР предупредува: Не отворајте, лажни пораки во име на ЕВРОПОЛ и полицијата

Sase Ivanovski

Потрошувачката кошничка за април повисока за 836 денари во однос на март

Sase Ivanovski

Партијата „Вреди“ ќе има претседателство од 23 члена

Sase Ivanovski

ЦУК: Гори градската депонија во Демир Хисар, засега пожарот е под контрола

Sase Ivanovski

Влада: По 1. мај средба Мицкоски – Таравари

Sase Ivanovski

Кривичен суд не ја прифаќа гаранцијата на Асмир Јахоски, тој останува во притвор

Sase Ivanovski

Екс потпретседателот на СДСМ Битиќи ограбен за Велигденските празници. Му украле златен накит и пари

Sase Ivanovski

Рејтингот на Трамп е најнизок откако по втор пат стана претседател

Sase Ivanovski

Граѓанска иницијатива за нов почеток во Кочани: Им должиме на загинатите

Sase Ivanovski

Без струја делови од општините Ѓорче Петров, Карпош и Сопиште

Sase Ivanovski

„Извини Зоки морално (ли) беше!“: Културните работници излегоа на протест

Sase Ivanovski

Левица предлага дуплирање на роковите за застарување за кривични дела за функционери

Sase Ivanovski

Инспекторатот на Општина Карпош провери 50 градби и изрече 26 казни

Sase Ivanovski

( ВИДЕО ) Манасиевски: Владата на СДС тврдеше дека нема да има нови блокади кон ЕУ за билатерални прашања, сега се демантирани и од ЕУ

Sase Ivanovski

Грција ја започна сезоната со цени исти како лани: Целта ни е туристите пак да ни дојдат, а не да ги боли глава од сметката!

Sase Ivanovski

Цените на бензините и дизелот остануваат непроменети

Sase Ivanovski

Мемов: ЗНАМ размислува за самостојни советнички листи но и соработка со ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: Папата ќе го паметам по неговиот извонреден ум, мудрост, топлина и едноставност

Sase Ivanovski

„Да ја напуштат Владата и да се обединиме“: Села со понуда до Вреди

Sase Ivanovski

ДУИ реагира што на интернет страниците на МВР, Министерството за транспорт и енергетика нема албански јазик

Sase Ivanovski

Комерцијална банка со задоволство го пушти во употреба новиот портал за Интернет банка – online.kb.mk

Sase Ivanovski

Тешка кражба во домот на Битиќи, украден е сеф

Sase Ivanovski

Заврши доказната постапка во судскиот процес за пожарот во модуларната болница, завршните зборови во мај

Sase Ivanovski

ОБЈАВЕН КОНКУРС ЗА ИЗРАБОТКА НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ЛОГО НА СОБРАНИЕТО

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани: „Реформската агенда е патоказ кој не е создаден за Брисел, туку пред сè за граѓаните што ги претставуваме, чија доверба е темелот на нашата демократија“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Застојот на интеграциите за Македонија е губење милијарди евра поддршка од ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Добро утро, добар ден на светскиот ден на планетата Земја со оваа глетка од Градски парк Моментот го забележа и овековечи Сара Марковска

Sase Ivanovski

КАДЕ ДИГИТАЛНИТЕ НОМАДИ САКААТ НАЈВЕЌЕ ДА ПРЕСТОЈУВААТ? САРАЕВО И ДУБРОВНИК МЕЃУ ОМИЛЕНИТЕ ДЕСТИНАЦИИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕ ШИРИ ЛИ ТОКСИЧНА ПЕПЕЛ ВО БИТОЛА? ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ИСТРАГА

Sase Ivanovski

Движењето ЗНАМ за наша Македонија започнува со средби со граѓаните, членовите и симпатизерите со кампањата „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги бранат бугарските позиции кои се од најголема штетност врз македонскиот народ

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведени две лица од тетовско затоа што управувале возила со брзина поголема од дозволената

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се занимава со сè и сешто, шета од тема на тема, само не дава одговор дали Филипче и Заев имаат златни визи за Дубаи

Sase Ivanovski
Вчитувам....