Арбен Таравари од Алијанса за Албанците се јави со реакција по објавта на крилото на Зијадин Села за одлуката на Судот дека Села е легитимен претседател на Алијанса за Албанците.
„Велат дека добиле печати од Алијанса за Албанците да ги дадат на ДУИ. Ако е вистина, ќе се жалиме, ама и да ги добијат со заробениот систем што го имаат во рака, имам прашање… што е со народот?! Без вера, со ниту еден суд не може да го освоите народот! Промената започна и нема печат што ја спречува“, напиша Таравари на Фејсбук.