Угледни Руси апелираат властите да го вратат телото на рускиот опозиционер Алексеј Навални на неговото семејство. Рускиот новинар, добитник на Нобеловата награда, Дмитриј Муратов и балетската ѕвезда Михаил Баришников објавија видеа во кои ги повикуваат руските власти да му го вратат телото на Навални на неговото семејство, една недела по неговата смрт во затворска колонија.
„Само дајте ѝ го на Људмила синот“, рече Муратов. Вели дека е непријатно да се зборува за тоа во земја која сѐ уште се смета себеси за христијанска.Повеќе од дваесет вработени во културата и медиумите во Русија ги повикаа властите да го предадат телото на Навални. Американскиот претседател Џо Бајден најави нов пакет од повеќе од 500 санкции за Русија поради нејзината војна против Украина и смртта на противникот на Кремљ, Алексеј Навални.