Пратеничката Стојаноска до вицепремиерот Маричиќ: Бакнежи и намигнувања само по дома да си праќаш, лигав еден!
Вака реагираше денеска во Собранието пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска за време на седницата за пратенички прашања.
Стојаноска го обвини вицепремиерот дека ѝ испраќал бакнежи и ѝ намигнувал зад грб. Таа влезе во кавга и со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска за која рече дека наместо да даде одговор на прашањата, таа држи партиски говор.„Јас не знам како не ви е срам. Бакнежи и намигнувања само по дома да си праќаш, лигав еден“ – рече Стојаноска.
На министерката Тренчевска и порача:„Ни 10 минути не можевте да одговорите. Ќе зборувате за ВМРО-ДПМНЕ наместо за тоа што сте го сториле. Ова е скандал. Треба да одговорите што се случува со пензионерите, до каде се нивните пензии и до кога треба да излегуваат на улиците за да протестираат. Наместо да дадете вистински одговори, вие држите партиски говори“ – рече Стојаноска.Пратеничката му замери и на заменик-спикерот Горан Мисовски кој ја води седницата дека не го одржува редот на пратеници кои земаат збор на говорницата.