Едно лице загина, а 23 се спасени по несреќа во поранешен рудник за злато во Колорадо, САД, кој сега служи како туристичка атракција, соопштија властите. Луѓето биле заробени шест часа на длабочина од околу 300 метри во рудникот во Крипл Крик, Колорадо, откако се случиле механички проблеми во системот на лифтот, објави Си-Ен-Ен.
Најпрво единаесет лица биле спасени, а уште десетина луѓе биле заробени на дното на рудникот околу шест часа пред да бидат спасени во четвртокот вечерта. „Меѓу спасените има две деца, а четири спасени лица добија помош од медицински персонал поради полесни повреди“, рече шерифот на округот Телер Џејсон Мајкесел, додавајќи дека во тек е истрага за да се утврди причината за дефектот на лифтот.
Мајксел истакна дека 12 луѓе биле заглавени на ниски температури од околу 10 степени Целзиусови и имале вода, ќебиња, столици и радио. Поранешниот рудник за злато е туристичка атракција повеќе од 50 години, а последната несреќа се случила во 1986 година. Туристичката обиколка на рудникот за злато од 1890-тите трае околу еден час.