„Оние кои не учествуваат во борбите ќе бидат евакуирани, ќе им биде испратена хуманитарна помош и ќе се почитува меѓународното право“, рече Нетанјаху.
Тој посочи дека Израел ќе направи се за да ги врати заложниците кои ги држи Хамас во Појасот Газа.„Барам да бидат објавени имињата на сите заложници кои треба да бидат ослободени како дел од предложениот договор“, рече израелскиот премиер, додавајќи дека е „прерано“ да се каже дали договор ќе биде постигнат.Тој нагласи дека Израел „во секој случај нема да капитулира пред барањата на Хамас“.„Ние сме решени да ги вратиме сите заложници“, рече Нетанјаху