Комуникацијата со Луна-25 беше изгубена во 14:57 часот (11:57 по Гринич) во саботата – соопшти Роскосмос.
Руската лунарна сонда Луна-25, првата руска мисија на Месечината по речиси 50 години, се урна на Месечината по инцидент за време на маневрите пред слетувањето, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.Комуникацијата со Луна-25 беше изгубена во 14:57 часот (11:57 по Гринич) во саботата – се вели во соопштението на Роскосмос.
Според прелиминарните наоди, сондата „престанала да постои по удар во површината на Месечината“.