19.8 C
Скопје
25/09/2023 12:17
МАКТЕЛ

   

    

НЕ БИЛО САМО СКОПЈЕ 2014-ТА, ГРУЈО ИМАЛ И ДРУГИ ИДЕИ: ЗАД ВОДНО ТРЕБА ДА НИКНЕ НОВО СКОПЈЕ Еве како Никола Груевски гледа на развојот на метрополата

    

За почеток еден тунел под Водно, а потоа уште два, треба да го поврзат Скопје со три нови градски јадра – тоа е визијата за која поранешниот премиер пишува на Фејсбук.

Скопје како главен и најнаселен град во Македонија има потреба од голема промена и нов хоризонт. Долгорочно, за неколку децении, планината Водно треба да стане средиште, а не завршеток или крај на јужниот дел на Скопје.

   

Потребно е проектирање на најмалку три, а за почеток изградба на само еден тунел под Водно со голем проток за коли и најмалку 8 коловозни ленти, како и простор за воз, трамвај, велосипеди и пешаци. И сите потребни подземни инсталации, како гасоводни, водоводни, канализациски и други цевки, кабли и слично, кои ќе помогнат во развојот на новиот дел од градот, или можеби новиот град.

 

Во кој дел како микро локација на централното градско подрачје би понирал тунелот од страната на Скопје и би излегувал од другата страна, би требало да биде работа на високо стручни професионалци, градежници, архитекти и урбанисти, но јасно е дека каде и да биде, ќе има потреба од претходна експропријација на земјиште и можеби и куќи, чии сопственици треба да бидат чесно и пазарно обештетени и исплатени, за да може да се изгради тунелот кој на Скопје ќе му отвори нов хоризонт на југ, во правец кон денешната општина Сопиште односно област во јужниот дел на Скопската котлина наречена Каршијак, во сливот на Маркова Река.

Три нови градски јадра

   

     

Тоа е крупен проект кој бара освен пари и време, промена на генерален и детални урбанистички планови, меѓуопштинска соработка и голем ангажман на владата и кој надминува еден мандат на една влада. Потребна е и мнозинска јавна поддршка. И бара многу способна влада.

Другите два тунели би можеле да се изградат подоцна, можеби по 10, 15 или 20 години по градбата на првиот, кога Скопје на големо ќе се прошири и изгради зад планината, отворајќи перспектива кон еден многу живописен крај со прекрасни пејсажи и села кои сум ги посетил и од каде секогаш ќе паметам неверојатни незаборавни глетки, како с. Цветово на пример.

Тој дел од градот би имал отоворена визуелна или географска перспектива кон езерото Козјак и кон езерото Матка, планината Караџица, планината Јакупица со врвот Солунска глава (2.540 метри) и планината Китка, која се наоѓа југоисточно од градот Скопје. Таа е дел од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина и претставува негова североисточна гранка. Тука е и планината со највисок истоимен врв Китка со надморска височина од 1.588 метри, а на билото се истакнува и врвот Краста (1.445 м) и препознатливи карпести облици. Билото на планината Китка претставува вододелница на долините на Маркова и Кадина Река. Изобилува со богат шумски фонд, претежно од листопадни дрвја (бука, даб, јасика) како и нискостеблести и грмушести зимзелени растенија. Кратко кажано многу живописна природа и глетка на околината, сончева област и со многу почист воздух од оној во Скопје.

Тунелот би требало да понира во низинскиот дел на Скопје, и да излегува на другата страна исто така во низинскиот дел на општината Сопиште.

Таму пак, можеби еден, два или повеќе километри подалеку од излезот од тунелот, односно подлабоко во низината и помалите ридови би требало да се предвидат најмалку три градски јадра или најмалку три нови центри. Сето ова во оваа фаза е многу полесно, бидејќи сега таа површина е ретко населена.

Нови булевари, трамвај и воз

Сегашната конфигурација на Скопје со еден центар кој се поврзува со плоштадот Македонија и со поширокиот дел околу него, урбанистички познат и како „Мал Ринг“ ја намалува функционалноста во сообраќајот, паркирањето, еколошки не е добар за здравјето на граѓаните заради голема концентрација на издувни гасови и создава многу загуба на време поради сообраќајниот метеж.

Трите нови центри можат да се разликуваат по стиловите на архитектурата на нивните “мали рингови”.
Па така, на пример, еден може да е со современ архитектонски стил, вториот може да е со историски архитектонски стилови, а третиот со футуризам. Се разбира, третиот би бил најскап, но и супер атрактивен, какви што делови или квартови има во Париз, Лондон и други главни градови.

Секако, оваа одредница на архитектонските стилови би важела само за централните јадра во радиус од околу 500-1000 метри, во кој светски познати архитекти кои би ги ангажирала државата однапред и кои би испланирале сѐ. Сѐ зад таа линија на трите нови “мали рингови” би било оставено на слободен избор на секој претприемач односно нивните архитекти.

Доколку така се одлучи, средствата наменети за тунелот би можеле да бидат вратени назад со плаќање на дневна/неделна/месечна/годишна вињетка за сите кои сакаат да го користат, сè додека инвестицијата не се врати во целост. Така, луѓето од другите градови нема да имаат чувство дека платиле со парите од нивните даноци проект кој нема или многу ретко ќе го користат.Втора опција е да биде исфинансиран од буџетот со неповратни средства, како што сите досега инвестиции се направени.

Со тунелот би требало на самиот почеток да се направат и најмалку два или три широки вкрстени булевари со осум коловозни ленти, простор за пешаци, велосипеди, трамвај и воз, кои ќе ја дадат новата форма и основата на новиот дел на градот, или ако така се одлучи, на новиот град со ново име. Не знам кое. Можеби Ново Скопје, или сосема друго име.

Скопје полесно ќе дише

Има многу примери во големи градови во светот каде под еден поголем рид во сред град има тунел. Има такви и во Будимпешта, Прага и во други градови. Сигурно вие ќе се сетите на повеќе такви каде сте биле.
Ништо невообичаено, а ќе биде едно долгорочно големо проширување и олеснување за Скопје.

За побрзо да заживеат по изградбата на тунелот, на ново проектираните плоштади во трите нови центри може државата да изгради и префрли три или повеќе, односно по една или две државни установи или министерства, што значајно ќе го растерети сообраќајот, паркирањето и гужвите во сегашниот центар на Скопје. Исто така сите државни институции ќе треба да отворат свои подрачни единици таму, како за почеток најмалку по една полициска станица, амбуланта или поликлиника, пожарна и сл.

Сè другото подоцна ќе си оди спонтано и ќе го решава пазарот и приватниот сектор, освен ново проектираните улици и друга инфраструктура кои ќе треба да се градат постепено како што се градат населбите. Дури и овие три или повеќе објекти на државни установи не се најнужни. Може и без нив. Тие само би го забрзале развојот на тој дел, но и без нив иако побавно, развојот ќе се случи.

Приватниот сектор ќе има голем интерес да инвестира таму. Скопје ќе се прошири, ќе се релаксира, „полесно ќе диши“, ќе се гради и ќе станува сè поубав и поатрактивен град. Од новите три центри до државната болница „Мајка Тереза“ ќе се стигнува со возило побрзо отколку од Радишани, Бутел, Маџари или од Ѓорче Петров.

Тунелот и целиот опишан проект би значел голем развој за општината Сопиште и за тамошните села, населби и жители исто така. Исто така би значел и голем развој на општината Студеничани, која е соседна општина на Сопиште и во непосредна близина на новиот дел на градот.Овој тунел и булеварот кој ќе излегува од него, може перспективно да биде почетната точка за градба на автопат од Скопје кон Охрид и Битола преку Македонски Брод, кој речиси за половина ќе го скрати патувањето.

Проектите за нова жичарница и за ски-патека се спремни

Скопје, односно владата, би требало да ја заврши и втората фаза од жичарницата, а тоа е од Средно Водно до градот односно до Клиниката за детски болести Козле, како што веќе се е испроектирано и подготвено за градба уште од 2016 година. Третата фаза би можела да биде жичарница од врвот на Водно, па по сртот сè до езерото Матка, а четврта фаза откако ќе заживее новиот дел на Скопје зад планината Водно, би била од врвот на Водно па до еден од новите три центри на новиот дел на Скопје, преку планината.

Оваа страна на Водно, која сега е посетувана и која е со помалку сонце, е погодна за пешачење особено во лето, и за изградба на скијачка патека, за која владата која ја предводев комплетно го заврши проектот за нејзина изградба со опрема и за вештачки снег до степен на отворање тендер за градба и надзор, додека другата страна, онаа сончевата ќе стане поатрактивна за пешачење во зима.

Обиколницата околу Скопје „Мајка Тереза“, која 80% беше изградена во времето кога ја предводев владата на Македонија, при нејзиниот завршување, бидејќи сега е полупрстен или полу обиколница, би завршувала на периферијата на новиот дел од градот или новиот град, како и да се одлучи.

(Фејсбук статус на Никола Груевски)

    

Најново

Трката на бикови во Шпанија заврши трагично, активистите за заштита на животните апелираат да се укине оваа традиција

Tamara Ivanovska

Украинска армија тврди дека ја пробила линијата на Руската одбрана во областа на Доњецк и Запорожје

Tamara Ivanovska

Ковачевски: Единствен начин за стабилност во регионот е забрзување на евроатланските интеграции на Западен Балкан

Tamara Ivanovska

МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ СЕ ВЕЕ СРЕДЕ ГРЦИЈА, ИМАМЕ СВЕТСКИ ШАМПИОН ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ

Sase Ivanovski

АНГЕЛОВ: БОРБА СО ОГНЕНИОТ ЗМЕЈ КОЈ ГОЛТА СЕ ПРЕД СЕБЕ

Sase Ivanovski

Бизнисменот Стефанос Каселакис избран за нов лидер на СИРИЗА

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) ГЕНЕРАЛОТ АНГЕЛОВ ГАСИ ПОЖАР СО ГРАНКА И ШИШЕ ВОДА: ДА ТИ ЈА Е**М РАБОТАВА!

Sase Ivanovski

Убиство во Трст, обесено тело на заштитна ограда покрај патот

Tamara Ivanovska

Седум патници паднале во бесознание, туристички автобус принудно запрел во Франција

Tamara Ivanovska

Шкриељ: Жените се многу поодговорни како лидерки и помалку подложни на корупција

Tamara Ivanovska

Има шест активни пожари, во Пелагонија палењето ниви ја оштети пругата Велес-Битола

Tamara Ivanovska

Образовниот концепт не предизвикува рана сексуализација

Tamara Ivanovska

САД се согласија да ѝ достават на Украина ракети со долг дострел

Tamara Ivanovska

Пожар меѓу Богомила и Прилеп ги „закочи“ возовите, патниците оставени сами на себе

Tamara Ivanovska

Првата група бегалци кои побегнаа од Нагорно-Карабах пристигна во Ерменија

Tamara Ivanovska

(Видео) Сондата на НАСА со примерок од опасен астероид слета на Земјата

Tamara Ivanovska

Полицијата во Шпанија го истражува објавувањето слики на голи девојки генерирани од вештачка интелигенција

Tamara Ivanovska

Луѓето со пониски когнитивни способности потешко и побавно се одлучуваат за вакцинација, покажа голема студија

Tamara Ivanovska

И Тоше Проески меѓу иконите на светците во „неговиот“ манастир Свето Преображение во Крушево

Tamara Ivanovska

Стружанец е со тешки телесни повреди откако излетал со автомобилот од патот

Tamara Ivanovska

Скопјанка нападната од вонбрачниот партнер

Tamara Ivanovska

НОВАК ГО МРАЗЕШЕ ТЕНИСОТ, НЕ САКАШЕ ТОПКА ДА ВИДИ! Пред пет години Ѓоковиќ сакал да се откаже од тенисот откри неговата сопруга

Tamara Ivanovska

Викендов на подрачјето на Куманово изречени вкупно 120 санкции, 60 за брзо возење

Tamara Ivanovska

СДСМ: Во изминатиот период работевме напорно за зголемување на атрактивноста на средното стручно образование

Tamara Ivanovska

Еко Партнерс го одбележа европскиот ден на органска храна под мотото „Дојди, види, вкуси“

Tamara Ivanovska

„КРУГОТ НЕ Е ТРКАЛЕЗЕН, ДОБРЕДОЈДЕ ВО ТИРАНА“ – ОГРОМНИ ПОЧЕСТИ ЗА МАНЧЕВСКИ

Tamara Ivanovska

СРЕДБА ОСМАНИ – ФИДАН ВО ЊУЈОРК

Tamara Ivanovska

Форум на жени лидери на ЈИЕ: Жените несразмерно повеќе се погодени од корупцијата

Tamara Ivanovska

Македонците од Албанија: Нас Македонците во Албанија ништо не може да не поколеба на пописот да се изјасниме она што сме

Sase Ivanovski

Вучиќ го осуди убиството на косовскиот полицаец и раскажа што се случуваше изминатите 12 часа: Срби од Косово во 02:46 поставија барикади во Бањска. Косовската полиција се обидува да ги отстрани тие барикади, доаѓа до конфликт во кој загина полицаец

Sase Ivanovski

Груевски возвраќа: Го обвинува Мицкоски за тајна соработка и заеднички планови со Заев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВУЧИЌ СО ВОНРЕДНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА: СРБИТЕ СЕ СЕКОГАШ ТЕРОРИСТИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЕЛИМИНИРААТ, АЛБАНЦИТЕ СЕ СЕКОГАШ БОРЦИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА!

Sase Ivanovski

„ФАРМАЦЕВТИТЕ“ ЈА ПОБЕДИЈА ПОЛСКА Шахистите на Алкалоид се вратија во игра за медал на Светското екипно првенство

Sase Ivanovski

Во Прилеп починал малолетник по пад од дрво

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski

Ковачевски: Целосна поддршка на КФОР за сите активности во насока на гарантирање на мирот и стабилноста во Косово и регионот

Sase Ivanovski

Заврши полициската операција во Косово, тројца убиени, двајца ранети, уапсени десетина вооружени напаѓачи

Sase Ivanovski

Според косовските медиуми, еден од убиените Срби е идентификуван – се работи за Радомир Почуча, воен ветеран од војните во екс Југославија, кој се борел во Украина за Вагнер

Sase Ivanovski

Акциска контрола во угостителски објекти на територија на цела држава, констатирано точење алкохол на малолетници, пронајдена марихуана…

Sase Ivanovski

Влада: Безбедносната ситуација во државава стабилна без индиции за можни нарушувања

Sase Ivanovski

Неконтролираното размножување ги полни улиците со бездомни кучиња, неопходен е ефикасен систем на казнивост

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Младите земјоделци во фокусот, над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“

Sase Ivanovski

Академскиот современ визуелен уметник Зоран Арсовски – Бабата избран за претседател на стручната жири комисија на lX Меѓународно биенале на минијатура “Уметноста на минијатурата” која ќе се одржи во Русе, Бугарија

Sase Ivanovski

Спасовски во Љубљана во работна посета и средба со министерот за внатрешни работи на Република Словенија,Боштјан Поклукар

Sase Ivanovski

Гевгеличанец со пиштол пред нивниот дом вечерва ги убил братот и неговата жена

Sase Ivanovski

Два „ертрактори“ вклучени во гаснењето на пожарите во Општина Долнени

Sase Ivanovski

Македонците од Албанија: Од кога сме родени знаеме дека сме Македонци

Sase Ivanovski

Мицкоски: Не очекувам Ахмети да се прекрши за Македонците од Албанија, апелирам да излезат и да се попишат како Македонци

Sase Ivanovski

Лавров со луда изјава: Русија го почитува територијалниот интегритет на Украина, таа вети во 1991-ва дека нема да влегува во воени сојузи

Sase Ivanovski

Рама ја повика евро-атлантската заедница под итно да ги седна на масата за дијалог Косово и Србија за нормализација на состојбата

Sase Ivanovski

Министерката за одбрана Петровска со осуда за инцидентот на северот од Косово

Sase Ivanovski

Охриѓанец и се заканувал на поранешната девојка со огнено оружје

Sase Ivanovski

МНР: Седум македонски државјани, од кои едно дете се во близина на манастирот во Косово

Sase Ivanovski

СЕ БАРААТ СТАНОВИ ПОД КИРИЈА Голема понуда и солидна побарувачка на пазарот на недвижности

Sase Ivanovski

Мицкоски: Го пензиониравме СЈО, обвинителите се криминалци што не прогонуваа

Sase Ivanovski

Вучиќ: Непотребно убиени тројца Срби од Косово, двајца се тешко ранети

Sase Ivanovski

Убиени тројца напаѓачи, петмина уапсени соопшти косовската полиција

Sase Ivanovski

Мицкоски: Чудно е проклетството Груевски кој збореше за нож во грб, и разни ножиња да стане токму тоа за сопствената партија, не сум среќен со оваа преписка, но нема да дозволам валкани сценарија за уставни измени

Sase Ivanovski

Пазарниот инспекторат затвори неколку ланци на големи маркети во Скопје и Струга поради непочитување на одлуката за намалување на цените

Sase Ivanovski

Демократски сојуз: Владата да ги заштити Македонците од мешањето на Бугарија во пописот во Албанија

Sase Ivanovski

Хасани: Албанија е покрај Косово во овие тешки моменти кои бараат смиреност, во тесна соработка со сојузниците и партнерите

Sase Ivanovski

Борел: Утврдете ги сите факти за нападот во Бањска

Sase Ivanovski

Амбасадата на САД во Приштина најостро го осуди нападот врз косовската полиција

Sase Ivanovski

Косовски медиуми: Напаѓачите на косовската полиција се кријат во манастирот Бањско. Oд манастирот негираат

Sase Ivanovski

ГРУБИ И ОСМАНИ ГО ОСУДИЈА УБИСТВОТО ВО КОСОВО Двајцата со поддршка сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата

Sase Ivanovski

НАПАЃАЧИТЕ СЕ ОПКОЛЕНИ, НЕКА СЕ ПРЕДАДАТ Курти тврди дека има најмалку 30 тешко вооружени лица во Бањско

Sase Ivanovski

Мицкоски: Не треба да се биде голем аналитичар и да се види дека за жал 6 години земјоделците се уништувани од Владата на СДСМ и ДУИ, но наскоро тоа ќе се смени

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Власта со новиот измислен данок, сака да им земе арач на лојалните фирми, место да се бори со сивата економија

Tamara Ivanovska

СПАСОВСКИ: По долги години, денеска се исполнува една света обврска, големата желба на нашиот Тоше Проески и на крушевчани – се осветува манастирот Свето Преображение Господово во Крушево

Tamara Ivanovska

ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ИВО ИВАНОВСКИ ИМА НОВА ВИСОКА ФУНКЦИЈА – станува извршен директор на новата компанија на А1 Телеком

Tamara Ivanovska

„ГРАНИТ“ ЌЕ ЈА ГРАДИ ОБИКОЛНИЦАТА НА ТЕТОВО – компанијата објави зделка од над 12 милиони евра

Tamara Ivanovska

Елизабета Ѓоргиевска се сретна со холивудската актерка Натали Портман: Ние, жените водиме битки на неколку фронтови

Tamara Ivanovska

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот суд во Хаг

Tamara Ivanovska

ЕКРИ изразува загриженост за меѓуетничкиот говор на омраза во земјава

Tamara Ivanovska

ПЕНТАГОН РАСПОРЕДУВА НОВО ОРУЖЈЕ ВО ВСЕЛЕНАТА Почнува пресметка со Русија на сите фронтови

Tamara Ivanovska

ИМА МОЌ КОЛКУ 22 АТОМСКИ БОМБИ Познато е кога астероидот Бену би можел да удри во Земјата

Tamara Ivanovska

Владата го задолжи Инспекцискиот совет итно да го реши статусот на општинските даночни инспектори

Tamara Ivanovska

ПОСЛЕДЕН МАНЕВАР НА ТЕХНОЛОШКИОТ ЏИН – како да се избегне казната од 2,4 милијарди долари од највисокиот европски суд

Tamara Ivanovska

ГО ИЗБРАА ПУТИН И ДОБИЈА НОВ ХИТЛЕР Зеленски рече дека Украина нема да отстапи ни педа од својата територија

Tamara Ivanovska

Што е сина економија? Во Скопје се одржува самит за одржливоста на слатководните води

Tamara Ivanovska
Вчитувам....