Не треба да се наседнува на омразата, не треба да се палат огновите на омразата преку повици за одмаздништво. Повиците дека ВМРО ќе се вратело на корените и ќе има пак терористички акции како пред 100 години, тоа е страшно и недозволиво. Апелирам до браќата Бугари да не наседнуваат на ова сценарио кое е ковано и правено во седиштето на руската тајна служба ФСБ во Москва! Целта е да се креира конфликт меѓу Македонија и Бугарија и со тоа балканот да се внесе во хаос!
Тоа може да се види преку честитките на руските амбасади во Македонија за Гоце Делчев и во исто време честитки во Бугарија за годишницата од договорот од Сан Стефано?! Се хушкаат национализмите и радикалните нарации во двете земји кои се во судир една со друга?!?! Од една страна, Бугарите се Татари кои сакаат да не асимилираат, од друга страна Македонците се креација на Сталин и Бугари со поматен ум од комунистите и Белград?!
А вистината е дека сме браќа како сите на балканот, имаме заедничка историја, сме настанале од едно стебло, сме кревале заеднички востанија, сме си помагале во историјата, но сме имале и злодела едни кон други, кои треба да си ги простиме за подобра иднина на идните генерации. Треба да имаме симпатии едни кон други и да си простиме за сите грешки и да тргнеме заедно напред со респект и братска љубов, зошто е ова толку тешко?! Саше Ивановски Политико, уредник на Мактел.мк