20.8 C
Скопје
20/06/2025 01:51
МАКТЕЛ

   

Не е точно дека во времето на Александар не постоеле Грци

      

Грците се нарекувале Хелени и нивната земја била Хелада. Името „Грци“ било дадено на народот во Грција подоцна од Римјаните. Живееле во континентална Грција и грчките острови, но и во колонии расфрлани околу Средоземното Море. Грција е дом на првите напредни цивилизации во Европа и се смета за родно место на западната цивилизација, почнувајќи од Кикладската цивилизација на островите на Егејско Море околу 3200 година п.н.е., минојската цивилизација на Крит (2700-1500 п.н.е.), како и микенската цивилизација (1600-1100 п.н.е.). Овие цивилизации имале рана форма на грчки јазик, пишува Вистиномер.

Објавата ја пренесуваме интегрално:

   

Анализираме објава на социјалната мрежа Тредс која споделува некаква мапа со владетели за која тврди дека го разбранувала македонскиот интернет.

Мапата која го разбранува македонскиот интернет: Како е можно Филип да е Македонец, а Александар Грк?, стои во објавата.

Објавата споделува и напис во кој се посочува:

Чекај, чекај, поимот Грција и Грци не постоеле во тоа време. Тогаш целата таа територија била расцепкана на градови-држави. Може ли некој да објасни зошто цела светска историја го игнорира овој факт?

Прво, објавата не објаснува на кој начин мапата која ја споделува го разбранувала македонскиот интернет, ниту пак, има пренесено некакви разбранувани реакции. Наместо тоа, изнесува наводни историски факти кои немаат никаква врска со вистинските факти.

Не е точно дека Грција и Грци не постоеле во времето на Александар Велики. Грците се нарекувале Хелени и нивната земја била Хелада. Името „Грци“ било дадено на народот во Грција подоцна од Римјаните. Живееле во континентална Грција и грчките острови, но и во колонии расфрлани околу Средоземното Море.

Точно е дека во тоа време не постоела една земја наречена „античка Грција“. Овој „аргумент“ не значи ништо, зашто во тој тој период не постоела ниедна од денешните држави, па не е јасно зошто од Грција такво нешто би се очекувало. Она што денес го нарекуваме „држава“ како начин на општествено уредување настанало многу подоцна, но тоа не значи дека не постоел народ со иста или слична култура, кои говореле ист или сличен јазик, каков што е старогрчкиот, па дури и посебна религија, при што со сите овие карактеристики се издвојувале и разликувале од сите други во нивното соседство. Наместо како една држава, Грција била поделена на мали градови-држави, како Атина, Спарта, Коринт и Олимпија.

Грчките градови-држави биле доминантна структура на населби во античкиот грчки свет и помогнале да се дефинира начинот на кој различните региони комуницирале едни со други.

Град-држава, или полис, била структурата на заедницата на античка Грција. Секој град-држава бил организиран со урбан центар и околните села. Карактеристики на градот во полисот биле надворешните ѕидини за заштита, како и јавниот простор кој вклучувал храмови и владини згради.

Грција е дом на првите напредни цивилизации во Европа и се смета за родно место на западната цивилизација, почнувајќи од Кикладската цивилизација на островите на Егејско Море околу 3200 година п.н.е., минојската цивилизација на Крит (2700-1500 п.н.е.), како и микенската цивилизација (1600-1100 п.н.е.). Овие цивилизации имале рана форма на грчки јазик.

Илијада, пoемата за Илион (Троја) е една од двете главни антички грчки епски песни што му се припишуваат на Хомер. Таа е едно од најстарите постоечки литературни дела што сè уште широко се читаат од модерната публика. Како и Одисеја, песната е поделена на 24 книги и е напишана во дактилен хексаметар , веројатно околу крајот на 8 или почетокот на 7 век п.н.е. Илијада и Одисеја веројатно се запишани на Хомерски грчки, литературен дијалект на старогрчкиот јазик кој се состои главно од архаична форма на јонски, со некои ајолски форми, неколку од аркадо-кипарскиот и пишана форма под влијание на атичкиот.

Според Британика, грчкиот јазик е индоевропски јазик што се зборува првенствено во Грција. Има долга и добро документирана историја – најдолга од кој било индоевропски јазик, која опфаќа 34 века. Постои античка фаза, поделена на микенски период (текстови со слоговно писмо посведочени од 14 до 13 век п.н.е.), архаичен и класичен период (почнувајќи со усвојувањето на азбуката, од 8 до 4 век п.н.е.); хеленистичка и римска фаза (IV век п.н.е. до 4 век н.е.); византиска фаза (од 5 до 15 век н.е.); и модерна фаза.

Од горенаведената аргументација можеме да заклучиме дека Грција и Грци, како и грчки јазик имало во периодот на Филип II Македонски и на Александар Велики. Ова се добро познати историски факти и историјата нив не ги игнорира. Па, имајќи го предвид сето ова, објавата што ја анализираме ја оценуваме како неточна.

   

Најново

Татко се онесвести кога дозна дека неговиот син е извлечен мртов од урнатините во Киев, бројот на загинати порасна на 23

Sase Ivanovski

Најубедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори наесен очекува вицепремиерот Николоски

Sase Ivanovski

Објавен е јавниот повик за набавка на 120-те еколошки автобуси од кои 80 ќе бидат наменети за Град Скопје, соопшти вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски

Sase Ivanovski

Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски

Sase Ivanovski

Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја

Sase Ivanovski

Зеленски го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на украинските копнени сили

Sase Ivanovski

МВР доби пријава за инцидентот во општина Кочани во кој вработена беше удрена со шише вода

Sase Ivanovski

Трамп го напушти самитот Г7 предвреме поради Макрон и Зеленски, пишува „Фајненшл тајмс“

Sase Ivanovski

Владе Дивац повреден во сообраќајна несреќа во Црна Гора

Sase Ivanovski

ЗНАЧИ КОГА ЌЕ ТЕ ПОТЕРА МАЛЕР Силен земјотрес го погоди североисточен Иран

Sase Ivanovski

Макрадули: Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, има поделби

Sase Ivanovski

Иран бара од Советот за безбедност на ОН да ги осуди нападите на Израел

Sase Ivanovski

Димитров во „Вин-Вин“: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот наратив дома и веројатно погрешно пласиран

Sase Ivanovski

Нетанјаху за војната со Иран: Го менуваме лицето на светот

Sase Ivanovski

Контролорите на летање најавуваат целосен штрајк: Македонското небо би можело да се затвори на 10 јули

Sase Ivanovski

Нов изглед на „Alexandria Premium Cuvée“ во јубилејната 140 година на „Тиквеш“

Sase Ivanovski

Мицкоски за можен влез на Тачи во Владата: Апсолутно се е можно, ама нема потреба

Sase Ivanovski

Захарова: Косово е дете на Западот и плод на агресијата на НАТО

Sase Ivanovski

Клековски: Сите трошоци за лекувањето на повредените во ,,Пулс” ќе бидат подмирени од Владата

Sase Ivanovski

Убиени се 84 цивили за еден ден во Газа

Sase Ivanovski

Мерц во телефонски разговор со Нетанјаху повика на умереност во кампањата на Израел против Иран

Sase Ivanovski

Израел го бомбардираше нуклеарниот реактор во Арак и нуклеарната постројка во Натанц

Sase Ivanovski

Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта, градоначалникот ветува дека ќе се одржи

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ Што се случува со некогаш големата СДС: Во Скопје лажни вести и некрофилија, во Кочани функционери на СДС делат тупаници

Sase Ivanovski

Бронзени бисти „магично“ снемуваат од гробиштата во Бутел

Sase Ivanovski

Мицкоски продолжува како расипана плоча, нема одговор на ниту едно прашање

Sase Ivanovski

Од Битола ќе започне одбележувањето на пет децении на сцената на култните ,,Леб и сол”!

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Обезбедени се дополнителни средства за исплата на зголемените пензии, инвестициите остануваат приоритет

Sase Ivanovski

Колку заработуваат сезонските работници во Хрватска и Црна Гора?

Sase Ivanovski

ТИЕ ШТО НЕМААТ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ КРАДАТ ТУЃИ ПОДАТОЦИ Често има вакви измами кон Фондот за здравство

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛСКИ МИНИСТЕР СМРТНО МУ СЕ ЗАКАНИ НА АЈАТОЛАХОТ „Тој не смее да продолжи да постои“

Sase Ivanovski

Путин: Подготвен сум да разговарам со Зеленски, но тој нема легитимитет да потпише ништо

Sase Ivanovski

Додека реновирал во домот, кавадарчанец пронашол експлозив скриен во ѕидот!

Sase Ivanovski

СДСМ: Кој лаже за пругата, Мицкоски или Кочоска?

Sase Ivanovski

Мицкоски: По 7 години, денес се отвори етно-комплексот „Македонско село“

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се реконструираат 15, а се градат 11 детски градинки за над 2600 дечиња

Sase Ivanovski

Мицкоски: Над 8 милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците

Sase Ivanovski

ФОКУС: Власта има стабилно мнозинство, но и недостигаат 6 пратеници за Бадентер!

Sase Ivanovski

Нотарите бараат поскапи услуги поради зголемени трошоци и стари тарифи

Sase Ivanovski

Кој е советникот Акиов, кој тргна во физичка пресметка и повреди службеничка во Кочани?

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Повеќе пари за институциите кои имаат подобра реализација на капитални проекти

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Се подготвува еврообврзница за следната година

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: СДС го штити насилникот во Кочани од своите редови, тој и понатаму продолжува да биде нивен коалиционен партнер

Sase Ivanovski

Крстевски по инцидентот во Кочани: Преку опструкции партискиот интерес е ставен пред прогресот на Кочани

Sase Ivanovski

Се закануваат оние што правеа упад и тепаа, вели Мицкоски за најавите за штрајк од контролорите на летање

Sase Ivanovski

Сообраќајна незгода меѓу автомобил и службено возило на МВР, повредени полицајци

Sase Ivanovski

Ларс Ренмарк, од седумчлениот тим од Гетеборг, Шведска, кој престојуваше во Кочани, како психолошка и морална поддршка за семејствата на настраданите: Пожарот во „Пулс“ е екстремен тест за општеството, поседувате ресурси што треба да се искористат

Sase Ivanovski

Нов ирански ракетен напад врз Израел

Sase Ivanovski

Арсовска до градоначалникот на Чаир: Вики, не глуми, какво поткровје секој со очи гледа нова незаконска зграда дивоградба со 40 стана

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во тепачката на седницата подебелиот крај го извлече вработена во општина Кочани. Интервенирала и полицијата

Sase Ivanovski

Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април

Sase Ivanovski

СЛОВЕНЕЧКИ ЕКСПЕРТ ЗА АМПУТАЦИИ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА Државата го најавува следниот чекор во третманот на повредените од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

ДОНАЦИЈА ОД 1 МИЛИОН ЕВРА ОД СОВЕТ НА ЕВРОПА: Педесетина македонски училишта ќе добијат фотоволтаични систем

Sase Ivanovski

ЦУК: Поројните дождови без сериозни штети, поплавени неколку објекти во Арачиново

Sase Ivanovski

МАЛЕСКИ: Без „предавствата“ државата ќе колабира

Sase Ivanovski

ПОРАКА ОД МОСКВА И ПЕКИНГ ЗА ТРАМП Американски напад врз Иран ќе значи опасна ескалација

Sase Ivanovski

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ТРИЈАТ РАЦЕ Ќе има септемвриско покачување на пензиите

Sase Ivanovski

ВЛЕН до Арсовска: Дали бесправно изграден објект во Шутка му припаѓа на Илаз Лесковица – претседател на огранокот на ДУИ во Шуто Оризари

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Кочани е сардисано од опструкции, тврди градоначалникот

Sase Ivanovski

Пронајдено безживотно тело во Охридското Езеро

Sase Ivanovski

СДСМ: Го осудуваме насилството и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Кочани

Sase Ivanovski

Се зголемува цената на дизелот, бензините со иста цена

Sase Ivanovski

Усвоен ребалансот на буџетот, Владата ќе троши повеќе

Sase Ivanovski

Раководителот за урбанизам во Маврово Ростуше кој беше фатен како прима мито осуден на три години и четири месеци затвор

Sase Ivanovski

Мицкоски за „Салтировски Консалтинг“ упати на Љупчо Коцевски во чии раце е истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Во Кочани се одржува средба на родителите на жртвите во пожарот со обвинителите

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Тепачка на седница на советот на Кочани. Се степаа советникот Акиов и координаторот на ВМРО ДПМНЕ Стојков

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се засилуваат притисоците од бугарска страна против усвојување на извештајот на Вајц

Sase Ivanovski

Министерот Тошковски на средба со директорката на Центарот за спречување конфликти на ОБСЕ во Европа, Кејт Фирон

Sase Ivanovski

Нападната вработена во основно училиште во Ѓорче Петров, жена фрлила стол и ја удрила

Sase Ivanovski

Газа: 18 убиени во израелско гранатирање во близина на пункт за дистрибуција на храна

Sase Ivanovski

Најмалку 25 загинати во иранските напади врз областа Тел Авив

Sase Ivanovski

Историска посета: Индискиот премиер Нарендра Моди пристигна во Загреб

Sase Ivanovski

Лице од Македонија прегазено од камион тежок 15.3 тони во Германија

Sase Ivanovski

ИСУСЕ ХРИСТЕ Бугарија се мобилизира против македонскиот идентитет и јазик

Sase Ivanovski

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба, се третира од тешки инфекции на изгорениците

Sase Ivanovski

Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово

Sase Ivanovski

Средба на министерот Тошковски со Золт Бунфорд, специјален пратеник на унгарскиот премиер за Западен Балкан

Sase Ivanovski

Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа што јавно го обелоденив неговиот криминал

Sase Ivanovski

Василевска: Пристапот кон европското семејство ќе се прави само врз основа на транспарентна и неоспорна одлука на граѓаните на Македонија

Sase Ivanovski
Вчитувам....