Директорката на Универзитетскиот клинички центар на Војводина (УЦЦВ) Весна Туркулов, денеска изјави дека тројцата повредени во вчерашната несреќа во Нови Сад се во многу тешка состојба и дека нивните животи се во опасност, како и дека информациите дека две девојчиња починале во клиничкиот центар не е точна, објави Н1.
„Во тек е дополнителна дијагностика, но сите тројца се во многу тешка состојба“, изјави д-р Туркулов . Таа додаде дека е многу тешко да се дадат прогнози бидејќи се работи за многу тешки телесни повреди кои се опасни по живот. Во врска со информациите дека две девојчиња починале во Универзитетскиот клинички центар во Војводина, д-р Туркулов рече дека тоа не се случило.
„Тоа не е точно. Примени се три лица, сите за жал се многу млади, на возраст од 18 до 24 години. Едно лице е машко, а две се женски и сите се живи“, изјави докторката.