12.8 C
Скопје
21/05/2025 05:27
МАКТЕЛ

     

Не ни стасува домашниот бурек, па мора и да го увезуваме, за секој трет муштерија по четврт со месо или сирење

      

Со сирење, со месо или пица, секое трето лице што влегува во пекарница купува бурек. Со чашка јогуртче, за еден четврт треба да се издвојат и до 120 денари. Пекарите велат дека фаворит е оној со месо, но се води „мртва трка“ и со оној со сирење. Младите преферираат и други видови, со лута пиперка, со стек, или со зденка и маслинки. За вкусовите не се дискутира кога е во прашање овој традиционален појадок, тврдат пекарите.

Но, во последно време, освен свежиот бурек, македонскиот пазар сè повеќе се полни и со разни замрзнати пити, пици, кифлички, кроасани, па дури и ѓевреци со потекло од регионот, но и од земјите на ЕУ. Нивните цени се далеку поевтини од свежата понуда, па се случува една пита бурек да чини колку еден четврт со јогурт купен во пекарница. Иако нема прецизни податоци за количините на овие замрзнати теста од Царинската управа на Македонија ги потврдуваат сознанијата на „Слободен печат“ за нивниот зголемен увоз.

– Во врска со прашањето за увоз на замрзнати производи од прехранбената и кондиторската индустрија, меѓу кои се и производите за кои прашувате, ве известуваме дека во Македонија вакви производи се увезуваат најмногу од Бугарија, Србија, Грција, Турција како и во помала количина од Швајцарија, Германија, Шпанија, Франција – прецизираат од Царината.

   

И Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агрокомората при ССК и сопственик на синџирот пекарници „Специјал“, за нашиот весник потврдува дека на македонските граѓани „не им стасува домашниот бурек, па мора и да го увезуваме“.

– Добра ви е забелешката дека има зголемен увоз на замрзнати пекарски производи. Нашите колеги од регионот имаат производна хиперпродукција, па оттука нудат пониски цени при извоз. Ваквите производи од регионот влегуваат со „0“ царина поради слободната трговија и откако ќе платат ДДВ, ним им се исплатува да ги продаваат далеку поевтино од производите што се нудат во нашите пекарници. Тоа е можно преку големата поддршка не само во соседните земји, туку и во ЕУ, каде добиваат не само субвенции за да извезуваат, туку и помош во материјали или суровини (брашно или масло за јадење) од тамошните стокови резерви. Станува збор за огромни индустриски капацитети, кои располагаат со современи машини и, што е најважно, со соодветен кадар, што е најболната точка за нас – објаснува Ѓорѓиевски.

Тој е дециден дека наместо да се ублажи проблемот со работната сила во пекарската индустрија со „Отворен Балкан“, заминаа многу искусни пекари од земјава.
Експертите велат дека многу е мал интересот кај младите да работат како пекари или бурекчии, а уште помалку се заинтересирани да отворат свои пекарници. Просечната старост на вработените во пекарската индустрија секојдневно се зголемува и веќе достигна 60 години, а неретко повторно се вработуваат веќе пензионирани лебари.

Сопствениците на некои скопски пекарници велат дека е уште полошо што најголемиот дел од процесите во пекарската индустрија не може да се автоматизираат и со тоа да се компензира недостигот на кадар. Во големата пекарска индустрија најмногу недостигаат месачи, обликувачи на тесто и пекари, па дури и разнесувачи на леб, па огласите со високи плати се постојано отворени. Во малата и микропекарска индустрија стопанствениците имаат проблем да најдат пекари и бурекчии.
Претходните анализи на Стопанската комора покажаа дека постои огромна дупка за квалификувани работници, а како што лани посочи Наташа Јаневска, експерт во СКСМ, ќе поддржат дел од нивните членки преку преквалификација и доквалификација за бараните вештини.

Зборот „бур“ значи „витка, превиткува, наведнува“ што асоцира на виткањето кори

Бурекот потекнува од Турција, но се верува дека Турците сè уште го правеле ова јадење во нивната татковина во Централна Азија. Етимолошки е поврзан со турскиот корен „бур“ – што значи „свиткува, превиткува, наведнува“, што асоцира и на виткањето кори. Турците со своите освојувања го ширеле бурекот низ Блискиот Исток и на Балканот, па почнале да прават бурек и арапските бедуини, а исто така го преземале и сефардските Евреи, кои во голем број се населиле во Отоманската Империја откако христијаните ги протерале од Шпанија. Во оваа огромна површина, бурекот е исполнет со најразлични филови – од вообичаеното месо, сирење, спанаќ, до понеобични, како кисела зелка, наут, туна – а има и празен бурек.

Во Скопје, правењето бурек има голема традиција. Иако треба да се има предвид дека изгледот и состојките на бурекот, онака како што ги знаеме денес, се од релативно понов период. Најпрвин, фурнаџиите и симитчиите го продавале бурекот, за потоа да се отвораат посебни бурекчилници, напиша хроничарот Данило Коцевски.

   

Најново

Ако во минатото имавме договори кои за нас значеа понижување, денес имаме договори кои значат гордост, вели Митева

Sase Ivanovski

ИЛЈАДНИЦИ УЧЕСНИЦИ НА ВОДНО – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“ ПОКАЖА ДЕКА СПОРТОТ ОБЕДИНУВА

Sase Ivanovski

Новоизбраниот претседател на Романија, Никушор Дан ќе положи заклетва на 26 мај

Sase Ivanovski

„АЛКАЛОИД“ СО ЈУБИЛЕЈНА ПЛАКЕТА ОД ЦРВЕН КРСТ

Sase Ivanovski

Советот на етика ја отфрли жалбата на градоначалничката Арсовска против Ирена Мулачка и „Фокус“

Sase Ivanovski

Повреден мотоциклист на булевар во Скопје, се судри со автомобил

Sase Ivanovski

Мицкоски: Да ја чуваме Македонија не само на мапа, туку во срцето

Sase Ivanovski

Захарова: Зеленски и Западот се обидоа да ги попречат преговорите

Sase Ivanovski

Стефан Лазаров доделува стан во Ченто и автомобил, како благодарност за заедницата која го поддржувала!

Sase Ivanovski

Прес-конференција на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Николоски

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ СО НОВИ ПРАВИЛА: ДИРЕКТОРСКА ФУНКЦИЈА БЕЗ ПРИВИЛЕГИИ

Sase Ivanovski

Жаре: Историски викенд! Три вечери. Три преполни арени. Над 20.000 луѓе!

Sase Ivanovski

Усвоен нов закон: Ќе може да се вработуваат и корисници на пензија

Sase Ivanovski

ОКТА активности за превенција од пожари: едукативна кампања и донација на дрон за рано откривање на пожари на ЈП Национални шуми

Sase Ivanovski

Азир Алиу ќе го замени Таравари во Владата: „Нема ништо официјално“

Sase Ivanovski

Стефан Лазаров доделува стан во Ченто и автомобил, како благодарност за заедницата која го поддржувала!

Sase Ivanovski

Мирот во Украина се чини подалечен по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин

Sase Ivanovski

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

Sase Ivanovski

ОН предупредува дека 14.000 бебиња може да умрат во Газа во следните два дена oти немаат храна

Sase Ivanovski

Матурант пронајден починат во нива во Струмица

Sase Ivanovski

Опожарени три автомобили во Битола

Sase Ivanovski

Британски фирми со домашни подизведувачи ќе ја градат пругата од Коридорот 10, за пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра

Sase Ivanovski

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Sase Ivanovski

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

Sase Ivanovski

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Sase Ivanovski

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Sase Ivanovski

Митева: Договорот за стратешкото партнерство со Обединетото Кралство претставува дипломатска и историска победа за Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Kостадиновска – Стојчевска до Минчев: Зошто нема вработување на лектори по македонски јазик?

Sase Ivanovski

Костадиновска – Стојчевска : До каде е Националната стратегија за македонски јазик?

Sase Ivanovski

Дебата во рамки на Форумот за културна дипломатија: „Иднината на демократијата во фрагментиран свет: Како да зајакнат демократските институции“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Николовски до Трипуновски: Како од лидери во искористеност на ИПАРД, ВМРО -ДПМНЕ ја доведе во прашање акредитацијата за европските фондови?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Николовски до Трипуновски: Ќе останат ли земјоделците без зелена нафта, а учениците без мерката „здрав оброк“?

Sase Ivanovski

Мицевски: За прв пат во историјата на Македонија се усвои Закон за работно ангажирање на лица, на барање и на работниците и работодавачите

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Родовата еднаквост не е давање предност, туку отстранување на пречките и создавање еднаков терен за сите

Sase Ivanovski

Нов проект на Северна Македонија и ФАО, поддржан од Зелениот климатски фонд, ќе го зајакне управувањето со шумски пожари и ќе придонесе за зголемена климатска отпорност

Sase Ivanovski

Укинати два члена од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик

Sase Ivanovski

„Денот на сесловенските просветители” прославен во македонската амбасада во Пекинг

Sase Ivanovski

СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ЈАПОНИЈА

Sase Ivanovski

Време е за БУКВАЛНО. ЏЕЗ…

Sase Ivanovski

На денешен ден во 1911 г. кај месноста Водениците на река Црна – Марково стапало, до своето родно село Света, Демирхисарско славно загинал војводата Георги Христов Ралев – Свеќанчето

Sase Ivanovski

Николовски до Трипуновски: Празни ветувања, укинати мерки и намалени субвенции – каде е реформата во земјоделството?

Sase Ivanovski

Во Територијална противпожарна бригада на Град Скопје одбележавн 20 Мај Денот на македонските пожарникари

Sase Ivanovski

Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти

Sase Ivanovski

Мицкоски: Николоски е овластен да го потпише стратешкиот договор, ќе се реконструира и модернизира железничкиот транспорт

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Условите се транспарентно објавени за пласман на средствата од унгарскит заем за компаниите и нема ризик врз Буџетот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАРЈАН ЃОРЧЕВ: ОЈО да ги проверува анкетните листови на сите функционери! Не ни треба ветинг, добро се знае кој, што правел

Sase Ivanovski

Нема повеќе пасоши! – Следната година, за летување ќе мора да имате оваа дозвола!

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денеска остварив посета во рамките на културниот проект „Посета на музејот“, со што одбележавме значаен дел од нашата историја и традиција

Sase Ivanovski

Костадинов: Со посебно задоволство ја прифатив поканата и заедно го одбележавме Вашиот ден, Денот на пожарникарите

Sase Ivanovski

Зоран Љутков: Во пресрет на одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание, денес сум во Разловци

Sase Ivanovski

Божиновска: Во Брисел со јасна порака – реформите во енергетиката носат резултати, а Македонија е подготвена за повеќе

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Синдикалната кошница поскапа за 1.217 денари, дебакл на политиките на власта

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со муралите и графити на фасадите, Центар наликува на урбаните метрополи од европските земји

Sase Ivanovski

Трипуновски до Николовски: Ние не креираме популистички мерки туку реални за стимулација на земјоделците

Sase Ivanovski

Арбен Таравари реагира за случајот во Нерово: „Што е поправедно – казино со дозвола или училиште без дозвола?

Sase Ivanovski

СДСМ: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ?

Sase Ivanovski

Митовски: Со изградба на монтажна катна гаража со нови 166 паркинг места, го решаваме проблемот со паркирање во Крива Паланка

Sase Ivanovski

Претрес во Битола, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип – Кочани на 21 мај (среда)

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗА МАЛКУ ФЕРАРИТО НА ИЏЕ ЌЕ СЕ БАКНЕШЕ СО БАНКИНАТА

Sase Ivanovski

Лишено од слобода едно лице од Неготино поради сомнение за „криумчарење мигранти“

Sase Ivanovski

Лефков: СДС наместо да покаже емпатија, продолжува со правни калкулации и политичка одбрана на неодговорноста

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана: Припадниците на Логистичката база (ЛБ), денеска со воена свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје, го одбележаа 20 Мај, денот на највисоката единица од доменот на логистиката во Армијата

Sase Ivanovski

Тиииит! Инк: ОТВОРЕН ПОВИК ЗА учество на летната школа за ФЕМИНИСТИЧКО ДРАМАТУРШКО РАЗМИСЛУВАЊЕ | ИФИ 4.0

Sase Ivanovski

Маја Стојковска, советничка СДСМ и коалицијата во Советот на Ѓорче Петров: Стојкоски и ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради – 0 за градинка, училиште и гаража!

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Мицкоски: Инвестираме во сите општини, без разлика од која политичка партија е градоначалникот

Sase Ivanovski

Сиљановска – Давкова и Мисајловски на промоцијата на родовата самопроценка во одбраната која покажува напредок во родовата еднаквост

Sase Ivanovski

Тренчевска: Срамно и бедно е Лефков да тврди дека со закон за помош на семејствата во Кочани се рушел правниот поредок

Sase Ivanovski

Талески: Бараме транспарентност и одговори за заемот од 6 милијарди евра

Sase Ivanovski

Манaсиевски: Филипче продолжува да молчи за случајот за Модуларна болница, дали е заштитен?

Sase Ivanovski

По свечено отворање на Деновите на поезијата, поетската авантура продолжува особено во знакот на младите

Sase Ivanovski

Герасимовски: 15.000 денари за практиканство во Општина Центар, студенти пријавете се на повикот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се исплашени што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се бори против корупцијата и криминалот

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен крадец во радовишко, следува соодветна пријава

Sase Ivanovski

Фуркан го тужи Латас за клевета, на следното рочиште ќе се соочат во судница

Sase Ivanovski

Трипуновски до Николовски: Додека трошевте државни пари на шетање, ние исплативме 8 милијарди денари кон земјоделците

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова знаела кого ќе предложи за иден гувернер, но сè уште не го открива

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Со Стратешкото партнерство со ОК е утврдена рамката која може да ја користиме, средствата ќе се користат со пониска камата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТУРСКИ МАРШ НА „ПРВИОТ МУЗИЧКИ ПАТ ВО ТУРЦИЈА“

Sase Ivanovski

Град Скопјe продолжува со третата фаза на градежните работи на главниот цевковод на булеварот Александар Македонски

Sase Ivanovski
Вчитувам....