Една од најчестите причини за истекување на горивото можат да бидат искри од електричната инсталација, истрошен акумулатор или приклучок за агрегат, предупредува Саша Митровиќ за Мондо. За тоа да се спречи треба редовна контрола на маслото во моторот, сопирачката и на серво воланот, а овие нешта треба редовно да се заменуваат. Тој вели дека еднаш годишно е добро да се проверува системот на потпирање и системот за сопирање, акумулаторот двапати годишно, а треба да се проверуваат и радијаторот, ремените и цревата.
Не поаѓајте на одмор без детално да го проверите вашиот автомобил за можен механички проблем, а според стручен соговорник за српски Мондо, двете најчести причини за палење на возилото можат да бидат проблем со деловите или истекување на гориво.
Во првиот случај, механичкото расипување може да се забележи само ако автомеханичар ја прегледа колата. Тој треба да провери ја состојбата на менувачот, сопирачката, управувачкиот механизам и на моторот. Но, има нешта кои можете да ги направите и самите, а тие се следните: проверката на летни гуми, проверка на состојбата и количината на течност во возилото (количина на моторот и маслото за сопирачките, антифриз, течност за чистење на шофершајбната), како и состојбата на бришачите, проверка на состојбата и функционалноста на клима уредот и филтерот за полен, проверка на состојбата и контрола на притисокот на гумите (проверете ја резервната гума дали ја имате или исправноста на комплетот за поправање гуми).