Георгиевска и денеска повтори дека ќе закажана седница, но не прецизираше кога тоа ќе го направи.Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, рече дека многу се одолговлекува ова прашање и дека никој не бара нешто што не му следува.
-Кога сите знаеме дека изборите ќе се одржат на 8 мај бараме опозицијата да има можност да го пополни испразнетото место член на ДИК. Има пријавени пет кандидати. Собранието распишало оглас. Датумот на огласот е завршен. Комисијата треба само да види кој од тие пет кандидати, еден или повеќе, ги исполнуваат условите да бидат разгледувани како член на ДИК и Пленумот да се изјасни и да го избере членот на ДИК – рече Милошоски.