Низ општина Гази Баба е поставена нова урбана опрема. Станува збор за унифицирани корпи за собирање на сметот од домашните миленици.
Гази Баба е првата општина во Република Македонија која на јавните површини ќе постави унифицирани корпи за собирање на сметот кој го оставаат домашните миленици. По поставувањето на куќарки, ова е втор чекор кој го преземаме и со кој на дело ја покажуваме нашата грижа кон домашните миленици. Во оваа прилика сакам да апелирам до сопствениците на миленици да ги користат поставените корпи за заеднички да се грижиме за заштитата на животната средина – бели градоначалникот Бобан Стефковски.
Тој најави дека на територијата на општината ќе бидат поставени и нови корпи за отпадоци.