Почитувани, Во продолжение Ви праќаме соопштение и фотографии од средба на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски со претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески: Унапредување на соработката со бизнис заедницата преку редовни консултации и заеднички настани, што треба да резултира со зголемување на конкурентноста на македонската економија, е договорено на средбата на директорот на Царинска управа Бобан Николовски и претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески.
Ваквиот начин на соработка ќе биде дефиниран преку нов Меморандум за соработка каде ќе биде дефинирана новата рамка за унапредување и развој на царинско-деловните партнерства. На средбата двете страни беа согласни дека на овој начин ќе се овозможи доследност, усогласеност, предвидливост и ефикасност на царинските и деловните процеси. „Унапредување на односите е многу важно за зголемување на перформансите на бизнис заедницата, а со тоа и за економска трансформација на државата како клучен приоритет на Владата“, потенцира Николовски.
Ваквото ниво на соработка е неопходно, при што двете страни ќе работат на воспоставување процес на редовни консултации и партнерство со бизнис заедницата. „Стопанската комора ја поддржува и охрабрува Царинската управа да го унапредува царинското работење со воведување на нови дигитални услуги и решенија и осовременување на опремата особено на граничните премини, зашто тоа истовремено ќе значи олеснување и забрзување на постапките и поддршка за извозните компании за зголемување на нивната ефикасност и конкурентност“, вели Азески.