Денеска потпишав 18 договори за давање под закуп на државно земјоделско земјиште за површини над 3 хектари. Вкупно 150 хектари со намена за сточна храна даваме на вистинските земјоделци. Наша цел е секоја педа обработлива површина да ја ставиме во функција. Оваа година распишавме вкупно 7 јавни огласи, преку кои на располагање ставивме над 13.000 хектари државно земјоделско земјиште. Честитки до сите земјоделци, посакувам успешна и плодна работа.