НИКОЛОВСКИ: Како и секоја година пред стартот на откупот со откупувачите на тутун разговараме за престојната реколта
Заеднички констатиравме дека и оваа година квалитетот на тутунот е добар и дека ќе имаме успешен откуп.
Сите откупувачи со нивните откупни пунктови се подготвени за престојниот откуп на тутун
Подготвеност кај откупувачите има за директни разговори со Сојузот на тутунари, и во наредните денови заедно преку дијалог треба да ја утврдат динамиката на откуп
Дополнително се задолжува и подсекторската група за тутун да одржи состанок со цел утврдување на план за развој на секторот
Ова се заклучоците од денешниот состанок со откупувачите. Даваме шанса на разговорите со цел да имаме успешен откуп како минатата година.