Ние, први во регионот започнавме со #ИПАРД 3 и еве веќе денеска, ги гледаме првите резултати. Ова се првите договори што ги доделивме денеска, вкупно 44 од кои 35 за Мерка 1, и 9 за Мерка 7.
Сега имаме на располагање 97 милиони евра европски средства, а вкупната програма што ја имаме на располагање е над 200 милиони евра.
За разлика од ИПАРД 1, со кој тогашната Влада од 60 милиони евра на располагање искористи само 16 милиони, со ИПАРД 2 програмата имаме нула евра поврат на средства.
Добро завршена работа, за која им честитам на двајцата директори Бабовски и Бачовски кои одлично ги менаџираа ресурсите и иако беше време на ковид криза, ние постигнавме успех кој искрено од душа сакам да се повтори и со ИПАРД 3.
Ќе се потпишуваат нови договори, ќе се инвестираат уште многу милиони евра во Македонија токму преку ИПАРД 3 програмата, ама нека се знае кој ги обезбеди тие пари и со колку труд и колку многу работа и посветеност и на Секторот за ИПАРД во Министерството и на вработените во Платежната агенција.
Ви честитам на сите и ви посакувам со среќа и бериќет да ги инвестирате средствата во реализација на вашите бизнис идеи, и тоа овде, дома.-Љупчо Николовки, министер за земјоделство, шумарсто и водостопанство на РС Македонија.