Ние немаме друга алтернатива освен оваа прогресивна визија и обединување на сите заедно, секој од нас да придонесе и да одработи чесно и посветено во следните години за брзо завршување на преговорите. Само така, ќе имаме иднина за почит и ќе оставиме наследство со кое некои идни генерации ќе се гордеат и ќе ги уживаат сите придобивки од она што ние го правиме денес.