21.8 C
Скопје
19/06/2025 23:23
МАКТЕЛ

   

Нина Шерифовска мајка на Еди, македонскиот олимпиец: Се чувствувам како да чекорам меѓу два света – на гордоста и на грижата

      



Разговарајќи со Нина Шерифовска, чувствуваме дека сме во присуство на жена која длабоко ја разбира сложеноста на животот, која не се плаши да нурне во сопствената дивина и да ја слуша мудроста на нејзините внатрешни чувства. Како директорка во успешна фирма и мајка на Еди, македонскиот олимпиец во џудо и на Берна иден кардиохирург, Нина го отелотворува архетипот на жена која балансира помеѓу секојдневните обврски и внатрешниот свет полн со инстинкт и интуиција.

* Спомнавте дека сакате да ги започнувате утрата сама, со шолја кафе. Можете ли да ни кажете повеќе за тој ритуал?
– Утрото е моето време за мене. Додека сите спијат, уживам во тишината и мирот пред денот да започне. Тој момент пред изгрејсонце, со шолја кафе, ми помага да се поврзам со себе и да се подготвам за денот. Тоа е мој начин да размислам пред да се соочам со светот.

   

* Вашиот успех како деловна жена и мајка е очигледен, но како да најдете рамнотежа помеѓу овие две улоги?
– Всушност, не се само две улоги, јас сум и сопруга и ќерка, сестра, пријателка. Но, одговорот на вашето прашење е всушност дека не е секогаш лесно, но верувам дека клучот лежи во слушањето на внатрешните сигнали, во потпирањето на она што го чувствувам длабоко во себе. Кога сум со семејството, се трудам целосно да им се посветам, дозволувам да ме води љубовта кон најблиските. Од друга страна, во деловниот свет се потпирам секако на моето знаење, но и на мојата интуиција, на онаа искусна жена во мене која секогаш го знае вистинскиот пат, дури и кога патот е нејасен и полн со предизвици. Иако навидум впечатокот е дека борбите ги војувам сама, успехот е целосен само ако во него се вклучени сите оние кои придонесуваат овој свет да биде поубаво место за живот.

* Вашиот син, Еди, македонски олимпиец, постигна голем успех. Како се справувате со тоа како мајка?
– Како мајка, се чувствувам како да чекорам меѓу два света – светот на гордоста и светот на грижата. Еди ме потсетува на херој од приказна, кој се соочува со предизвици и ги надминува сопствените стравови. Секој негов успех е како светлина што го осветлува и мојот пат, но и ме учи на потребата од храброст и прифаќање на неизвесноста. На крајот од денот, најважно ми е тој да е среќен и исполнет. А Берна е мојот брег. Млада и амбицозна, работи многу напорно да си го реализира сонот и да стане една од ретките жени кардиохирурзи. Си го знае патот и одвај чекам да видам што носи следниот бран.

* Која книга најмногу го обликуваше вашиот животен пат?
– Една од книгите што ми остави длабок впечаток е Жените што трчаат со волците од Кларис Пинколе Естес. Книгата што ме поттикна да размислувам за мојата дива страна, да ги слушам моите инстинкти и да не се плашам да го истражувам непознатото. Содржината ме упати да се поврзам со моите најдлабоки чувства, да ги истражам слоевите на мојата психа и да најдам сила и во интуицијата. Таа книга е како огледало кое ми покажува не само што сум, туку и што можам да бидам.

* Како се манифестира вашата интуиција во секојдневниот живот и во одлуките што ги донесувате?– Интуицијата е нешто што доаѓа тивко, како шепот, но кога ја слушате, ве носи на места што инаку не би ги забележале. Во деловниот свет често носам одлуки кои можеби на прв поглед не изгледаат логични, но длабоко во себе чувствувам дека сум во право. Во мојот личен живот се потпирам на интуицијата за да ме води кон она што е навистина важно – љубов, семејство, внатрешен мир. Интуицијата е компас кој ме води низ сè што правам.

* Вашето хоби е тенисот. Што ве привлекува во ваква многу напорна физичка активност?
– За мене тенисот не е само спорт, туку начин да се поврзам со моето тело и да го смирам умот. Тенисот ми помага да го намалам стресот и да ја почувствувам животната енергија. Тој ме потсетува дека животот не е само во мислите, туку и во телото.
Тенисот го сакам оти ми дава можност да запознавам многу луѓе со различни карактери, а тоа е убавината. Сакам луѓето да ги запознавам какви се вистински, оти кога играат во некој спорт од нив изглегува чист каратер. Но, јас се трудам да бидам и добар пример за моите деца, се занимавам со спорт од страст и таа страст за здрав живот им ја преносов и ним. Ете барем за тоа зборуваа успехот на Еди на Олимписките игри.

* Кои се вашите визии за иднината, како во деловниот така и во личниот живот?
– Иднината за мене е секогаш обвиткана со мистерија и тоа е она што најмногу ме возбудува. Професионално, сакам да продолжам да го развивам Park Residence како место каде што се среќаваат иновациите и удобноста, но и луксузот, тоа е место каде што луѓето се чувствуваат поврзани и инспирирани. Понекогаш се прашувам дали сум се родила хедонист или полека животот ме научил на тоа. Лично, сакам да продолжам да ги истражувам сопствените можности, да живеам живот кој е и свесен и слободен. Светот е полн со нераскажани приказни и можности, и задоволство ми е да слушам, но и да зборувам за патувањата, но само со оние кои се подготвени да слушаат.

   

Најново

Татко се онесвести кога дозна дека неговиот син е извлечен мртов од урнатините во Киев, бројот на загинати порасна на 23

Sase Ivanovski

Најубедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори наесен очекува вицепремиерот Николоски

Sase Ivanovski

Објавен е јавниот повик за набавка на 120-те еколошки автобуси од кои 80 ќе бидат наменети за Град Скопје, соопшти вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски

Sase Ivanovski

Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски

Sase Ivanovski

Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја

Sase Ivanovski

Зеленски го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на украинските копнени сили

Sase Ivanovski

МВР доби пријава за инцидентот во општина Кочани во кој вработена беше удрена со шише вода

Sase Ivanovski

Трамп го напушти самитот Г7 предвреме поради Макрон и Зеленски, пишува „Фајненшл тајмс“

Sase Ivanovski

Владе Дивац повреден во сообраќајна несреќа во Црна Гора

Sase Ivanovski

ЗНАЧИ КОГА ЌЕ ТЕ ПОТЕРА МАЛЕР Силен земјотрес го погоди североисточен Иран

Sase Ivanovski

Макрадули: Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, има поделби

Sase Ivanovski

Иран бара од Советот за безбедност на ОН да ги осуди нападите на Израел

Sase Ivanovski

Димитров во „Вин-Вин“: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот наратив дома и веројатно погрешно пласиран

Sase Ivanovski

Нетанјаху за војната со Иран: Го менуваме лицето на светот

Sase Ivanovski

Контролорите на летање најавуваат целосен штрајк: Македонското небо би можело да се затвори на 10 јули

Sase Ivanovski

Нов изглед на „Alexandria Premium Cuvée“ во јубилејната 140 година на „Тиквеш“

Sase Ivanovski

Мицкоски за можен влез на Тачи во Владата: Апсолутно се е можно, ама нема потреба

Sase Ivanovski

Захарова: Косово е дете на Западот и плод на агресијата на НАТО

Sase Ivanovski

Клековски: Сите трошоци за лекувањето на повредените во ,,Пулс” ќе бидат подмирени од Владата

Sase Ivanovski

Убиени се 84 цивили за еден ден во Газа

Sase Ivanovski

Мерц во телефонски разговор со Нетанјаху повика на умереност во кампањата на Израел против Иран

Sase Ivanovski

Израел го бомбардираше нуклеарниот реактор во Арак и нуклеарната постројка во Натанц

Sase Ivanovski

Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта, градоначалникот ветува дека ќе се одржи

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ Што се случува со некогаш големата СДС: Во Скопје лажни вести и некрофилија, во Кочани функционери на СДС делат тупаници

Sase Ivanovski

Бронзени бисти „магично“ снемуваат од гробиштата во Бутел

Sase Ivanovski

Мицкоски продолжува како расипана плоча, нема одговор на ниту едно прашање

Sase Ivanovski

Од Битола ќе започне одбележувањето на пет децении на сцената на култните ,,Леб и сол”!

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Обезбедени се дополнителни средства за исплата на зголемените пензии, инвестициите остануваат приоритет

Sase Ivanovski

Колку заработуваат сезонските работници во Хрватска и Црна Гора?

Sase Ivanovski

ТИЕ ШТО НЕМААТ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ КРАДАТ ТУЃИ ПОДАТОЦИ Често има вакви измами кон Фондот за здравство

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛСКИ МИНИСТЕР СМРТНО МУ СЕ ЗАКАНИ НА АЈАТОЛАХОТ „Тој не смее да продолжи да постои“

Sase Ivanovski

Путин: Подготвен сум да разговарам со Зеленски, но тој нема легитимитет да потпише ништо

Sase Ivanovski

Додека реновирал во домот, кавадарчанец пронашол експлозив скриен во ѕидот!

Sase Ivanovski

СДСМ: Кој лаже за пругата, Мицкоски или Кочоска?

Sase Ivanovski

Мицкоски: По 7 години, денес се отвори етно-комплексот „Македонско село“

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се реконструираат 15, а се градат 11 детски градинки за над 2600 дечиња

Sase Ivanovski

Мицкоски: Над 8 милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците

Sase Ivanovski

ФОКУС: Власта има стабилно мнозинство, но и недостигаат 6 пратеници за Бадентер!

Sase Ivanovski

Нотарите бараат поскапи услуги поради зголемени трошоци и стари тарифи

Sase Ivanovski

Кој е советникот Акиов, кој тргна во физичка пресметка и повреди службеничка во Кочани?

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Повеќе пари за институциите кои имаат подобра реализација на капитални проекти

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Се подготвува еврообврзница за следната година

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: СДС го штити насилникот во Кочани од своите редови, тој и понатаму продолжува да биде нивен коалиционен партнер

Sase Ivanovski

Крстевски по инцидентот во Кочани: Преку опструкции партискиот интерес е ставен пред прогресот на Кочани

Sase Ivanovski

Се закануваат оние што правеа упад и тепаа, вели Мицкоски за најавите за штрајк од контролорите на летање

Sase Ivanovski

Сообраќајна незгода меѓу автомобил и службено возило на МВР, повредени полицајци

Sase Ivanovski

Ларс Ренмарк, од седумчлениот тим од Гетеборг, Шведска, кој престојуваше во Кочани, како психолошка и морална поддршка за семејствата на настраданите: Пожарот во „Пулс“ е екстремен тест за општеството, поседувате ресурси што треба да се искористат

Sase Ivanovski

Нов ирански ракетен напад врз Израел

Sase Ivanovski

Арсовска до градоначалникот на Чаир: Вики, не глуми, какво поткровје секој со очи гледа нова незаконска зграда дивоградба со 40 стана

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во тепачката на седницата подебелиот крај го извлече вработена во општина Кочани. Интервенирала и полицијата

Sase Ivanovski

Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април

Sase Ivanovski

СЛОВЕНЕЧКИ ЕКСПЕРТ ЗА АМПУТАЦИИ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА Државата го најавува следниот чекор во третманот на повредените од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

ДОНАЦИЈА ОД 1 МИЛИОН ЕВРА ОД СОВЕТ НА ЕВРОПА: Педесетина македонски училишта ќе добијат фотоволтаични систем

Sase Ivanovski

ЦУК: Поројните дождови без сериозни штети, поплавени неколку објекти во Арачиново

Sase Ivanovski

МАЛЕСКИ: Без „предавствата“ државата ќе колабира

Sase Ivanovski

ПОРАКА ОД МОСКВА И ПЕКИНГ ЗА ТРАМП Американски напад врз Иран ќе значи опасна ескалација

Sase Ivanovski

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ТРИЈАТ РАЦЕ Ќе има септемвриско покачување на пензиите

Sase Ivanovski

ВЛЕН до Арсовска: Дали бесправно изграден објект во Шутка му припаѓа на Илаз Лесковица – претседател на огранокот на ДУИ во Шуто Оризари

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Кочани е сардисано од опструкции, тврди градоначалникот

Sase Ivanovski

Пронајдено безживотно тело во Охридското Езеро

Sase Ivanovski

СДСМ: Го осудуваме насилството и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Кочани

Sase Ivanovski

Се зголемува цената на дизелот, бензините со иста цена

Sase Ivanovski

Усвоен ребалансот на буџетот, Владата ќе троши повеќе

Sase Ivanovski

Раководителот за урбанизам во Маврово Ростуше кој беше фатен како прима мито осуден на три години и четири месеци затвор

Sase Ivanovski

Мицкоски за „Салтировски Консалтинг“ упати на Љупчо Коцевски во чии раце е истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Во Кочани се одржува средба на родителите на жртвите во пожарот со обвинителите

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Тепачка на седница на советот на Кочани. Се степаа советникот Акиов и координаторот на ВМРО ДПМНЕ Стојков

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се засилуваат притисоците од бугарска страна против усвојување на извештајот на Вајц

Sase Ivanovski

Министерот Тошковски на средба со директорката на Центарот за спречување конфликти на ОБСЕ во Европа, Кејт Фирон

Sase Ivanovski

Нападната вработена во основно училиште во Ѓорче Петров, жена фрлила стол и ја удрила

Sase Ivanovski

Газа: 18 убиени во израелско гранатирање во близина на пункт за дистрибуција на храна

Sase Ivanovski

Најмалку 25 загинати во иранските напади врз областа Тел Авив

Sase Ivanovski

Историска посета: Индискиот премиер Нарендра Моди пристигна во Загреб

Sase Ivanovski

Лице од Македонија прегазено од камион тежок 15.3 тони во Германија

Sase Ivanovski

ИСУСЕ ХРИСТЕ Бугарија се мобилизира против македонскиот идентитет и јазик

Sase Ivanovski

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба, се третира од тешки инфекции на изгорениците

Sase Ivanovski

Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово

Sase Ivanovski

Средба на министерот Тошковски со Золт Бунфорд, специјален пратеник на унгарскиот премиер за Западен Балкан

Sase Ivanovski

Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа што јавно го обелоденив неговиот криминал

Sase Ivanovski

Василевска: Пристапот кон европското семејство ќе се прави само врз основа на транспарентна и неоспорна одлука на граѓаните на Македонија

Sase Ivanovski
Вчитувам....