Поставивме нови плочки, ги заменивме старите врати и целосно го променивме мебелот. Добивме трпезарија, со модерен и разигран лик, во живи и весели бои каде децата ќе се чувствуваат убаво и пријатно.
Во завршна фаза е и реновирањето на тоалетите, со промена на плочки, поставување нови подни сифони, а комплетна е сменета санитарната опрема и галантерија.
Се поставува и ново осветлување, како и замена на сите постојни дрвени врати.
Општина Центар вложува во квалитеното образование, училиштната инфраструктура и правилниот развој на младите.