11.8 C
Скопје
07/12/2022 14:48
МАКТЕЛ

НОВА ЅВЕЗДА КОЈА ГО ЗАСЕНУВА ДОНАЛД ТРАМП ВО АМЕРИКАНСКАТА ДЕСНИЦА: ДАЛИ Е ГУВЕРНЕРОТ НА ФЛОРИДА, РОН ДЕ САНТИС ИДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД?!

Медиумите знаат да бидат политички убиствени. Не овде, туку во најстарите демократии. Особено кога уредништвото (а и сопствеништвото) мисли дека одредени политичари или нивни идеи се штетни за општеството или партијата чии поклоници се.

Настаните во Америка по среднорочните избори се своевиден политички спектакл, а во него класичните медиуми – весниците и телевизијата – имаат неверојатна улога. Демократите го спречија најавуваниот „црвен бран“, неочекувано го задржаа Сенатот а поразот во Претставничкиот дом е најтесен можен. Во целата драма  поранешниот претседател Доналд Трамп посака да ја игра главната улога и вчудоневидувачки за него (а и за неговите хардкор приврзаници) се најде во амбиент кој е спектакуларно сменет. Дури и во оние средини кои беа природно живеалиште за неговите слогани како ќе ја направи Америка повторно голема.

  

Една недела по изборите, овој вторник, Трамп во својот дом Мар-а-Лаго во Флорида ја објави својата намера да се кандидира повторно за изборите во 2024 година. Се разбира дека многу од неговите пријатели не го напуштија Трамп, но острата реакција во медиумите покажаа колку ќе му биде тешко на поранешниот претседател да ги убеди оние што веќе не му веруваат или се скептични кон него. За македонски услови, насловите во повеќето медиуми би биле скандалозни и оценети како неверојатно политички пристрасни. „Њујорк тајмс“ извештајот од Мар-а-Лаго на својата веб-страница го најави со насловот: „Повторувајќи ги старите лаги  Трамп ја објави кандидатурата за претседателството во 2024“.

Убиствени наслови Какви наслови имаа конзервативните медиуми и блогови. Еве некои од нив: „Трамп го шокираше светот со тоа што речиси нѐ успа“, пишуваше на блогот RedState. „Стариот Мар-а-Лаго човек му вика на облак“, објави „Американски конзервативец“; „Дони, време е да си одиш“, напиша Blue State Conservative; „Трамп 3.0 е променет човек. Тој е губитник“, објави „Вашингтон егзаминер“. Насловот во „Нешенел ривју“ беше едноставен – „Не“. Но изгледа најспектакуларно од сите е епското тролање на влијателниот таблоид „Њујорк пост“. Настанот од Мар-а-Лаго беше забележан на дното на насловната страница со цела танка лента со наслов: „Човекот од Флорида се огласи“ (Florida Man Makes Announcement) и ги насочи читателите да го прочитаат текстот дури на страницата 26. Без слика, без ништо.

  

„Њујорк пост“ е во сопственост на конзервативниот медиумски могул Руперт Мардок, кој се сврте драматично против Трамп по среднорочните избори иако неговите медиуми одиграа клучна улога при победата во 2016. Познатата репортерка на „Њујорк тајмс“, Меги Хаберман даде извонредна дефиниција на Си-Ен-Ен за ваквиот ингениозен уреднички потег: „Никој не знае подобро од Руперт Мардок дека начинот да се вознемири Доналд Трамп е да не се спомне неговото име“.

Асошиетед прес, кој внимателно го следи американскиот медиумски простор, забележа дека веб страницата на Фокс њуз (телевизијата која беше ударна тупаница на Трамп и која исто така е во сопственост на Мардок) во средата беше доминирана од фотографијата на гувернерот на Флорида Рон ДеСантис,  кој триумфираше на овие избори, прикажан во облак од црвени, бели и сини конфети. ДеСантис сега стана голема надеж на Републиканците за изборите во 2024, а за Фокс њуз партискиот настан на кој беше гувернерот беше поважен од објавата на Трамп. Читателите со скролање надолу можеа да го најдат текстот за објавата на Трамп.

Очигледно дека медиумската империја на Руперт Мардок, која толку долго го поддржуваше,  се сврте против Доналд Трамп.  Уште пред насловот за „Човекот од Флорида“ минатиот четврток, кога беше јасно дека нема ништо од „црвениот бран“, а многу од кандидатите за сенатори, конгресмени или за државни функции, доживеаја болни порази, „Њујорк пост“ го отвори фронтот откако на насловната страница објави фотомонтажа на Трамп како јајце кој несигурно е качен на ѕид од тули со наслов „Trumpty Dumpty“. (Значењето на овие зборови е кога нешто е толку оштетено што никогаш повеќе не може да се поправи или да се стави во функција.) А во форшпанот до сликата пишуваше: „Дон (кој не можеше да изгради ѕид) имаше голем пад – дали сите луѓе на Републиканската партија можат повторно да ја обединат партијата?“

А во официјалната објава на „Њујорк пост“ на насловната страница на Твитер пишуваше: „Еве како Трамп ги саботираше среднорочните избори за Републиканците“. На веб-страницата на весникот, колумнистот ветеран Џон Подхорец го нарече поранешниот претседател „Токсичен Трамп“. Подхорец напиша дека Трамп е „политички еквивалент на спрејот за инсекти ‘рајд’“ и „можеби најдлабоката алатка за одбивање гласови во модерната американска историја“.

Волстрит џорнал“ (уште еден весник во сопственост на Мардок) објави остар уреднички коментар со наслов: „Трамп е најголемиот губитник на Републиканската партија“. Трамп беше обвинет за поддршка на слабите кандидати кои загубија, како Мехмет Оз во Пенсилванија, Дон Болдук во Њу Хемпшир и Блејк Мастерс во Аризона што многу ги чинеше Републиканците за успех во Претставничкиот дом и Сенатот. Едиторијалот на „Волстрит џорнал“ ги спомна тие имиња, а и други, велејќи дека Трамп имал „совршено досие за изборен пораз“ од неговата победа над Хилари Клинтон на претседателските избори во 2016 година. „Демократите повторно успеаја да го направат Трамп централно прашање на кампањата и г-дин Трамп им помогна да го сторат тоа“, напиша „Џорнал“.

Не е прашање само во негативното покривање на Трамп од медиумската империја на Руперт Мардок, туку некои од насловите се и многу навредливи за него. Повлекувањето на медиумите на Мардок од Трамп, вклучително и на Фокс њуз, почна во текот на летото, давајќи му сѐ помалку простор. Репортерката Хаберман во својата книга за Трамп напиша дека медиумскиот могул сакал да ги измие рацете од Трамп по изборите во 2020 година. „’Треба да го исфрлиме овој човек’, рече Мардок за Трамп, исцрпен од одбивањето на Трамп да го признае поразот и неговиот речиси маничен говор во изборната ноќ“, напиша Хаберман.

Медиумите можат да бидат вистински професионални, длабински, па и донекаде неутрални, но старата приказна за нивна наводна објективност и непристрасност е одамна passé. Во ситуација на големи политички битки кои треба да го одредат правецот или иднината, не само на една партија, туку и на општеството, работите одамна се променети. Иако мејнстрим весниците не удираа со истата силина како оние на Мардок. Во главата на својот извештај од Мар-а-Лаго „Вашингтон пост“ го опиша Трамп како „поранешниот претседател за кој имаше двапати импичмент, кој одби да го признае поразот и инспирираше неуспешен обид за поништување на изборите во 2020 година, што кулминираше со смртоносен напад врз Капитолот на САД“.

Долгата глава во приказната на „Њујорк тајмс“ вели дека „историски поделеното претседателство на Трамп ги потресе столбовите на демократските институции во земјата“ и наведе дека тој ги игнорирал апелите на Републиканците кои го обвинуваат за лошиот настап на партијата во среднорочните избори. Во анализата „Лос Анџелес тајмс“ рече дека Трамп „се вратил на познатата тактика – соочување на слабоста со надменост“

Враќање на демократскиот поредок Овие среднорочни избори во САД донесоа уште еден спектакл, ако така може да се нарече. Оние што беа меѓу најгласните поддржувачи на теоријата на заговор за изборите во 2020, повторувајќи ги папагалски тврдењата на Трамп за украдените гласови, ги признаа своите порази. Мирно со јасни изјави, а некои преку молчење. Две години по драматичниот пораз на Трамп конспирациите, едноставно, веќе не поминуваат. Пред изборите многу експерти предупредуваа дека демократијата е во опасност да биде прегазена од поддржувачите на Трамп и дека нема да признаат ниту еден пораз. Но, на изненадување на многумина, речиси ништо од тоа не се случи. Во некои од трките луѓето на Трамп претрпеа порази со големи разлики, некаде тоа беше тесна загуба, но немаше драма. Некои од нив сакаа да ги доведат во прашање нивните порази, но едноставно јавноста беше речиси незаинтересирана како во случајот на Трамп и не им преостана ништо друго освен теоријата на заговорот да ја затворат во себе.

Кери Лејк, една од најогнените поддржувачи на Трамповата теорија на заговор, тесно ја изгуби трката за гуверенр на Аризона од демократката Кети Хобс. Таа приговараше дека не биле избројани сите гласови стигнати по пошта, дека некои од машините за табулација работеле погрешно, но на крајот остана да живее со поразот. Во Пенсилванија, уште еден кандидат за гувернер, Даг Мастријано, кого Трамп отворено го поддржа, беше чисто поразен од неговиот противкандидат. Неговата кампања соопшти дека немало никакви нерегуларности при гласањето и дека би било смешно да се спорат изборите.

Веројатно најзвучен беше поразот на телевизискиот доктор Мехмет Оз во битката за Сенатот во Пенсилванија. Трамп го поддржа Оз како никого друг во кампањата. И тој загуби со дури 260.000 гласови и со победата Џон Фетерман им ја донесе на Демократите контролата на Сенатот. Најлаконската и веројатно најдобрата дефиниција за она што се случуваше ја даде претседателот Џо Бајден иако го загуби Претставничкиот дом: „Ова беше добар ден, мислам, за демократијата“. Навистина, изгледа дека низ САД се врати демократскиот поредок. Но прашањето што многумина си го поставуваат е – дали ќе трае? Љупчо  Поповски ДВ

  

Најново

(ВИДЕО) ТРАЈАНОВ: СИТЕ ТЕНДЕРИ ВО ЗЕМЈАВА СЕ НАМЕСТЕНИ, ИЗБОРОТ НА НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СУДСКИ СОВЕТ Е МНОГУ ПРОБЛЕМАТИЧЕН, НИ ТРЕБА НЕЗАВИСНА АГЕНЦИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ

Sase Ivanovski

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

Tamara Ivanovska

Приведен крадец од гостиварско, одземеното вратено на сопственикот

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) БОМБА НА ЈАКИМОВСКИ: СЕ СОМНЕВАМ ВО ИСКРЕНОСТА НА АГЕЛАР ДА ЛОВИ КРИМИНАЛЦИ, МИСЛАМ ДЕКА ЌЕ ЛОВИ НЕПОСЛУШНИ ПОЛИТИЧАРИ КОИ СЕ ПРОТИВАТ НА ПРЕДАВСТВА

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Ѓорчев во Вашингтон на форум за безбедност во Сенатот на САД

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) Стојанов: Успешно се справуваме со последиците од енергетската криза, наредната година ќе го реконструираме плоштадот во Неготино

Tamara Ivanovska

СДСМ: Мицкоски да го прекине изживувањето со скопјани и да ги запре блокадите

Tamara Ivanovska

ВМРО ДПМНЕ: Дамева од судски приправник преку фотка со Заев до прв човек на Судскиот совет – партизирањето пуштено на најјако

Tamara Ivanovska

Џонсон Мети донираше лабораториска опрема на Фармацевтскиот факултет

Tamara Ivanovska

Николоски: Остануваме на определбата за правичност во даночниот систем, се работи на нов модел на прогресија

Tamara Ivanovska

Мицкоски: Новиот увоз на струја е за 4 дена, од 8-ми до 11-ти декември, а ЕСМ за овој увоз „херојски“ ќе плати со народни пари повеќе од 3.700.000 евра

Tamara Ivanovska

Почнува постапката за изработка на учебници за трето одделение за учебната 2023-2024 година, МОН објави конкурс за автори

Tamara Ivanovska

ВМРО ДПМНЕ: Дуото Ковачевски-Арсовска се асови на бугарскиот бизнис и политика во Македонија, дали зад хаосот кој го воведоа седат бугарски бизнис интереси за набавка на автобуси кои веќе се пристигнати во Скопје?

Tamara Ivanovska

ВМРО ДПМНЕ: Лукаревска се отвори – во интервју ја призна неспособноста, незнаењето и некоординираноста на власта на Ковачевски

Tamara Ivanovska

РЕС е најсигурната компанија за снабдување со електрична енергија на стопанството

Tamara Ivanovska

Кирил Лазаров, долгодишен стопанственик и сопственик на Никоб Групацијата: Македонија и Бугарија  имаат сериозен проблем, а тоа е корупцијата и само таа не смее да не обединува

Sase Ivanovski

СДСМ: За хаосот во Скопје вината е кај Мицкоски и кадрите на ВМРО ДПМНЕ во јавните претпријатија

Tamara Ivanovska

194 санкции за брзо возење

Tamara Ivanovska

(Видео) Претседателот Пендаровски во посета на Врховната команда на НАТО за Европа

Sase Ivanovski

При преглед кај грчки државјанин, пронајдени 1250 кутии шверцувани цигари

Tamara Ivanovska

Стоилковски: Тимот на Данела после овие тајни средби со Ковачевски е СДС, ДУИ и Левица

Tamara Ivanovska

29-годишнина од смртта на Блаже Конески

Tamara Ivanovska

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, во рамките на денешните активности во Скопје по повод одржувањето на бизнис форумот меѓу двете земји, остварија и посета на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје

Sase Ivanovski

Приведен крадец од Велес, по распишана централна потерница

Tamara Ivanovska

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека и денешните закани за бомби се лажни

Tamara Ivanovska

МВР И УЈП УДРИЈА ПО МАКЕДОНСКИТЕ КРИПТО МАХЕРИ КОИ СЕ НАМЛАТИЈА ГОЛЕМИ ПАРИ ОД ТРГОВИЈА СО КРИПТО ВАЛУТИ АМА НЕ ПЛАЌААТ ДАНОК ЗА ЗАРАБОТЕНОТО

Sase Ivanovski

Груби оствари средба со новиот шеф на ОБСЕ, амбасадорот Вал

Tamara Ivanovska

АНТОНИО МИЛОШОСКИ ГО ПРИЈАВИЛ ПРЕД УСТАВЕН СУД ОБВИНЕНИЕТО НА СЈО ПРОТИВ НЕГО ЗА НАРАЧАНАТА ЛУСТРАЦИЈА НА СУДИЈА ОД КИЧЕВО, ТВРДИ ДЕКА Е ДИСКРИМИНИРАН ЗАТОА ШТО БИЛ ПОЛИТИЧАР?!?!

Sase Ivanovski

Два воза се судрија кај Барселона, најмалку 155 повредени

Tamara Ivanovska

Македонија не воведува визи за Косово

Tamara Ivanovska

Поведена постапка за сообраќајката во која загина 14-годишно дете

Tamara Ivanovska

Запалени банкомати во Топанско Поле

Tamara Ivanovska

Дојави за бомби во девет средни училишта во Скопје и во Народна банка

Tamara Ivanovska

НАСКОРО ЌЕ СЕ НАДМИНЕ ГРАНИЦАТА ОД 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА ТРГОВСКА РАЗМЕНА: Македонски и Бугарски компании потпишаа неколку договори за меѓусебна соработка

Tamara Ivanovska

Османи прeку фејсбук уверува: Нема да воведеме визи за Косово

Tamara Ivanovska

Тим од Вашингтон ќе „лови“ корумпирани функционери

Tamara Ivanovska

Сарачини во СТУДИО 10: Дезинформациите се опасност за безбедноста на нашата земја

Tamara Ivanovska

(Видео) Андоновиќ: Русија од агресор и самата станува жртва на агресија – Москва сака мир, но преговори нема

Tamara Ivanovska

Рама до Мицотакис: Не кријам дека за мене сте најдобриот грчки премиер

Tamara Ivanovska

СЕ СПРЕМАЛ ГЕРМАНСКИ 27-МИ АПРИЛ: Во рации низ Германија уапсени 25 десничарски екстремисти, планирале државен удар

Tamara Ivanovska

Кина ги намалува мерките против Ковид-19

Tamara Ivanovska

Колку изнесува К-15 оваа година

Tamara Ivanovska

Продолжува амандмантската расправа по Предлог-буџетот за 2023

Tamara Ivanovska

Македонско-бугарски бизнис форум „До една милијарда и понатаму”

Tamara Ivanovska

ПРВ ГОЛЕМ ПОРАЗ ЗА ТРАМП ВО СУДСКИТЕ ПРОЦЕСИ ПРОТИВ НЕГО: Семејната компанија на Трамп прогласена за виновна за проневера и даночна измама пред судот во Менхетен

Tamara Ivanovska

Аргентинската потпретседателка Кирхнер осудена на шест години затвор

Tamara Ivanovska

Н1: Сакавме да покажеме каква темница може да завладее во Србија доколку Н1 и Нова С не емитуваат програма

Tamara Ivanovska

Вал : Реформите никаде во светот не се безболен процес, потребно е политичко единство за нивно завршување

Tamara Ivanovska

Во рации низ речиси цела Германија уапсени 25 десничарски екстремисти

Tamara Ivanovska

При преглед кај грчки државјанин, пронајдени 1250 кутии шверцувани цигари

Tamara Ivanovska

Ахмети ја пречека американската амбасадорка со македонско и американско знаме

Tamara Ivanovska

Министерството за правда на САД повикано да оформи кривичен предмет за упадот во Конгресот во 2020-та година

Tamara Ivanovska

САД негираат дека ја охрабруваат Украина да ја напаѓа Русија

Tamara Ivanovska

Трет ден блокади на приватните автобуски превозници

Tamara Ivanovska

Променливо време со температури до 13 степени

Tamara Ivanovska

Семејната компанија на Трамп прогласена за виновна за проневера и даночна измама

Tamara Ivanovska

ВМРО-ДПМНЕ до Арсовска: Дали бугарски автобуси ќе ги заменат приватните превозници?

Tamara Ivanovska

Четврти обид за старт на судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Tamara Ivanovska

Аргентинската потпретседателка Кирхнер осудена на шест години затвор

Tamara Ivanovska

Обраќање од Дритон Небиу член на Извршен одбор на Алијанса за Албанците до Димитар Апасиев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 анализа – Што ќе детектира американскиот тим за откривање на корупција?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАНЕНКАТА И ПРОСЛАВАТА НА МАРОКАНЕЦОТ ХАКИМИ ПО ПЕНАЛОТ СО КОЈ ЈА ЕЛИМИНИРА ШПАНИЈА Е ХИТ ВО СВЕТОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Општина Прилеп ќе одвои близу 300.000 евра за изградба на водовод во селото Канатларци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОКА КОЛА ОВАА НОВА ГОДИНА СО ПОРАКА ДА СЕ СЕТИМЕ НА ОНИЕ КОИ НЕ СЕ МЕЃУ НАС А МНОГУ НИ ЗНАЧАТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВУЧИЌ НАМРШТЕН СЕ РАКУВАШЕ СО ЕДИ РАМА ВО ТИРАНА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЕУ-ЗАПАДЕН БАЛКАН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зградата од 17 милиони евра на ЕСМ/ЕЛЕМ на пат да стане дивоизграден „споменик“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОПШТИНА ЦЕНТАР И ВЛАДАТА СЕ СКАРАА ЗА ОГРАДА

Sase Ivanovski

ЛЕНИН ЈА ПОВИКА ДАНЕЛА НА ТВ ДУЕЛ

Sase Ivanovski

МАЛКУ Е, ПОВЕЌЕ ТРЕБА, ТОЛКУ ЌЕ ПОТРОШИ НА КРЕЧЕЊЕ САМО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОВИНАРКАТА НА ТВ 24 ДО ЛЕНИН: ЗОШТО ПОСТОЈАТ СУДОВИТЕ, АКО СЕКОЈ ШТО ИМА СПОР СО НЕКОЈА ИНСТИТУЦИЈА ФАТИ ДА БЛОКИРА БУЛЕВАРИ ЌЕ БИДЕ ОПШТ ХАОС ВО ЗЕМЈАВА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛЕНИН: ДАНЕЛА МЕ ОСВОИ СО ТОА ШТО МНОГУ СИМПАТИЧНО СЕ СМЕШКАШЕ

Sase Ivanovski

Комерцијална банка и нејзината Mastercard Platinum картичка ќе помогнат во текот на оваа и наредната година локалот Audiokultura да донесе серија музички настани со одбран репертоар за несекојдневно уживање на публикатa

Sase Ivanovski

АУЕ ФОН: Д-р Горан Ковачев од Развојната банка на Република Северна Македонија имаше гостинско едукативно предавање пред студентите од Факултетот за економски науки како дел од предметот Банкарство

Sase Ivanovski

Студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ ФОН на едукативна екскурзија во Виена, европската културна престолнина, реализирана во периодот од 26.11.2022 до 01.12.2022 година

Sase Ivanovski

САМО ОВАА ЖЕНА МОЖЕ ДА ГО ОПРАВИ МАКЕДОНСКОТО СУДСТВО

Sase Ivanovski

ДАЛИ Е ОВА ИСТОРИСКА ГРЕШКА: Епа драги скопјани, БРТ не само што ќе беше брз транспорт, туку ќе решеше и проблем со протести и блокади. На него е со закон забрането возење на други возила и блокада

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тепачка во турскиот парламент, пратеник заврши со дупната глава

Sase Ivanovski

Стејт департмент: САД не ја охрабруваат Украина да изврши напади против Русија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БУГАРСКАТА ИСТОРИЈА СМЕТА ДЕКА НЕПРАВЕДНО И СЕ ОДЗЕМЕНИ ВАРДАРСКА И ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА, ИСТОЧНА ТРАКИЈА И ДОБРУЏА ВО РОМАНИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЛЕНКО ЗА БОЦЕВСКИ: ЧОВЕК МЕДУЗА, НАЈГОЛЕМ ЛИГУШ ВО ЗЕМЈАВА, ТАКА И ЛИЧИ

Sase Ivanovski

Leave a Comment