Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска одржува редовно годишно изборно собрание на кое се избираат нов претседател, како и членови на Управниот одбор, надзорниот одбор и на Судот на честа.Новинарите во најголем број досега излегоа на избор за претседател на ЗНМ
Освен актуелниот претседател Младен Чадиковски, за позицијата претседател на ЗНМ кандидатури поднесоа и Марјан Николовски и Фиљана Кока.За позициите во органите во ЗНМ вкупно има 47 кандидатури, од кои три за претседател на Здружението, 24 за членови во Управниот одбор, девет за членови во Надзорниот одбор и 11 за членови во Советот на честа.ЗНМ е здружение на професионални новинари основано на 17 февруари 1946 година во Скопје.Изборното собрание на ЗНМ се одржува во хотел „Александар Палас” во Конгресната сала 1,