– Факт е дека мајката не била присутна кога на 3 месечно бебе е земено крв.
– Факт е дека многу медицински работници пациентите ги делат по етничка линија (и медицински работници кои се од албанска етничка припадност) и не треба да се правиме дека тоа не постои и дека не сме од тука.
– Факт е дека само пред неколку дена група на лекари и медицински сестри негодуваа зошто како директор на клиниката беше поставен Реџеп Мемеди.
– Факт е дека лекари одбиваа да бидат дела од комисијата која што треба да утврди дали повредите се направени од невнимание или со намера.
– Факт е дека ова е индивидуален чин и не може сите лекари и медицински сестри да се обвинат за индивидуална постапка.
– Факт е дека нeкакви комори, синдикати упорно зборуваат за етничката припадност на медицинската сестра, нагласувајќи дека шеф на одделот е лекарка Албанка.
– Факт е дека во здравствените јавни установи има дискриминација… Прашајте ги Ромите ќе ви објаснат најдобро ако сте алергични на други етнички заедници.
Колеги новинари, кога пишувате прилози за вакви теми заборавате многу битни детали затоа што сте заслепени од омраза. Секој кој што оди во клиника, оди поради тоа што има мака.
Заборавате дека се работи за 3 месечно дете.
А, и го заборавате најбитното… Дали се прашувате зошто во ваква состојба ни е јавното здравство?
Настрана катастрофалните услови… Колку од овие медицински работници добиваат „подароци„ секој ден?
Колку пациенти плаќаат приватно, на рака за контрола?
Да не се правиме луди. За проблемите се разговара јавно ако сакаме да ги решиме, па дури и да се вака проблематични кои што задираат и во меѓуетничките односи.
И не се чудете и не поставувајте прашања од типот: Дали е можно човек да се одмаздува на дете?
Сме виделе многу почудни работи изминативе години во здравството кои што никој не можеше да ги сфати. фб статус од новинарот Фуркам Салиу од порталих