Цените на нафтата денеска се зголемија за 2 отсто и отидоа на повеќе од 90 долари за барел, достигнувајќи го највисокото ниво од ноември минатата година, откако Саудиска Арабија и Русија објавија дека ќе ги намалат испораките до крајот на годината, објави Ројтерс.По пладне цената на барелот на лондонскиот пазар беше повисока за 1,21 долар во однос на вчерашното затворање и изнесуваше 90,21 долар, а на американскиот пазар барелот вредеше 87,14 долари или 1,59 долари повеќе од вчера.
Саудиска Арабија моментално ги намалува испораките за милион барели дневно, а пазарите денеска ги потресоа најавите дека ќе го скратат до крајот на годината и секој месец ќе ја анализираат состојбата на пазарот.Русија денеска најави и намалување на извозот на нафта за 300.000 барели дневно со цел „да се зачува стабилноста и рамнотежата“ на нафтените пазари, објави денеска рускиот вицепремиер Александар Новак.
Саудиска Арабија и Русија се водечки извозници на нафта во светот и членки на групата ОПЕК +.
Таа организација, независно од Саудиска Арабија и Русија, објави дека вчера во нафтената кошничка на нејзините земји-членки барелот поскапе за 1,61 долари, на 91,27 долари.