Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од ОЈО Кочани се на терен откако ноќеска во кочанската дискотека Пулс изби пожар. Според информациите што „Слободен печат“ ги доби од директорката на болницата во Кочани, повредени се 90 лица а десетици изгореле во пожарот.
Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се преземаат дејства и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и основните обвинители на ОЈО Скопје и ОЈО ГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување, велат од ОЈО.