Синоќа околу 20.15 часот Ф.З. (25) од Штип пријавил во полиција дека ја убил неговата партнерка Е.П. од Штип. Во врска со овој случај детали објавија од Обвинителство.
„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место каде според првичните информации, во близина на сопствениот дом била лишена од живот една 29-годишна жена. Едно лице е задржано во полициска станица. При увидот беа подигнати траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел утврдување на околностите. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција“ соопштија од Обвинителство.