Бразилската федерална полиција објави дека отворила истрага по денешниот обидот за упад во палатата Алворада, официјалната резиденција на бразилскиот претседател Луис Игнасио Лула да Силва во Бразилија.
Властите се обидуваат да ги утврдат „околностите на обидот за упад“ од лицето во автомобилот, се вели во полициското соопштение.
Според информативниот медиум „Метрополис“, кој прв ја објави веста, претседателот Лула бил во палатата Алворада кога се случил обидот за упад. Претседателот на Бразил предходната ноќ се вратил дома од Рио де Жанеиро.
Како што пренесува „Метрополис“, црн автомобил влегол во резиденцијата на бразилските претседатели, која се наоѓа на полуостров и е опкружена со градина, нешто пред 5:45 часот по локално време.
Одбивајќи да ги послуша наредбите на стражарите, возачот го продолжил патот до делот од металната ограда каде што била дупната гумата на автомобилот, пред да побегне.
При обидот за апсење, обезбедувањето пукало двапати кон автомобилот, се додава нво објавата на веб-страницата.