Почитуван прв заменик-претседател на Република Северна Македонија, г. Груби, Почитувани министри, заменици-министри во Владата на Република Северна Македонија,Почитувани пратеници,Почитуван претседател на Демократската унија за интеграција, г. Ахмети,Почитувани екселенции,Дами и господа,Задоволство е денес, на оваа Свечена академија во рамките на прославувањето на Денот на знамето – 28 Ноември, со посебна радост да упатам од име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име срдечни честитки до сите присутни во салава, меѓутоа и до сите Албанци во земјава и насекаде низ светот. Срдечни честитки и кон Република Албанија, нејзините институции и граѓани. Несомнено дека овој значаен празник е длабоко втиснат во колективната национална историска меморија и во срцата на сите припадници на Албанскиот народ, каде и да се наоѓаат раштркани по светот и денес, кога ја одбележуваме 110 – годишнината од денот кога мудриот дипломат Исмаил Ќемали, заедно со делегати од различни албански градови го истакна националното знаме во Валона, повеќе од соодветно е со чувство на национална гордост да го чествуваме како симбол на албанската национална културна ренесанса.И денес сме собрани тука за да прославиме заедно, исто како што сме заедно во нашите стратешки определби и нашите евроатлански аспирации. Заедно сме во НАТО, ќе бидеме заедно и во Европската унија, затоа што нашата заедничка државна и регионална определба за европската интеграција е единствениот патоказ кој што не мотивира да работиме посветено и на неуморен начин за да станеме што побрзо дел од големото европско семејство. Таму, заедно, со исти вредности и стандарди ќе придонесеме за еден подобар свет за идните генерации.
Почитувани присутни,Живееме во времиња на предизвици во секој поглед. Предизвици кои започнаа со здравствената криза, за потоа да се надоврзе агресијата на Руската федерација врз Украина и економските, енергетските, прехранбените предизвици кои се последица на оваа војна. Токму затоа, обединувањето и соработката се единствениот начин со кој можеме да надминеме секаква пречка, затоа, евроинтеграцијата нема алтернатива, таа е единствениот правец. Албанците во земјава, заедно со сите други граѓани на Република Северна Македонија, меѓутоа и целиот регион на Западен Балкан одамна сме определени за градење на општества со прифатени универзални вредности за правата и слободите на човекот. Ние сме во ист брод, патуваме кон иста цел и важно е да направиме се што е во наша моќ за тој брод да ја одржи потребната рамнотежа. Особено сега кога имаме уште посериозна причина за обединување на силите, имаме добра волја и делуваме конкретно солидаризирајќи се со украинскиот народ, затоа што на Албанците им се познати војната, страдањето и стравот за животот на најмилите.Драги пријатели, повторно упатувам искрени честитки за успех и напредок на Албанците каде и да се, а празникот, како што е всушност цел Ноември, нека биде повод за чувство на гордост и радост за сето тоа што сме биле, сме и ќе бидеме во иднина.Благодарам на вниманието.Честит 28 Ноември- Денот на знамето!