Овогодинешното 11-то издание на летната школа на УАКС, одржано од 29 јуни до 6 јули 2024 година, се фокусираше на реевалуација на хотелот „Палас“, архитектонско ремек-дело во распаѓање и национално наследство во Македонија.
Студентите истражуваа алтернативни стратегии за ревитализација на хотелот користејќи ги неговите нематеријални квалитети и предизвикувајќи ги конвенционалните стандарди на удобност.
Тутори на летната школа: Куба Снопек (главен тутор), урбанистички дизајнер и писател; Паулина Пага, антрополог и основач на Музејот на станбени населби (МОМ) во Лублин; Магда Заворска, визуелен уметник и пејзажен архитект; Павел Вељаноски (програмски директор на Охридската летна школа) и Максим Наумовски, партнери во македонското архитектонско стидио k87a и асистенти на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.
Продолжете со читање на marh.mk
>>> https://marh.mk/11-megjunarodna-letna-shkola-za-arhitektura-i-dizajn-ohrid-uaks/