3.8 C
Скопје
07/12/2023 21:26
МАКТЕЛ

      

Одбраната и/или последните денови на Мицкоски

      

Она што денес се случува во најголемата опозициска како традиција потсетува на „Панорама“ од 2004 година кога Љубчо Георгиевски се сериозни инциденти вклучувајќи и оружје, сакаше да се врати на партискиот престол. Тогаш, од 33-те пратеници колку што ДПМНЕ во тој момент имаше во македонското Собрание, само десетина му останаа верни на Груевски. Сите останати заминаа во новоформираните ВМРО НП на Љубчо Георгиевски и Земјоделската партија на Марјан Ѓорчев.

   

Тешки зборови паднаа во Фејсбук комуникацијата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот во сенка на истата партија и бегалец од правдата Никола Груевски со привремен престој во Будимпешта.
Периодот на тензичен молк по измените на Кривичниот законик прв го прекрши, односно не го издржа притисокот Мицкоски, кој за „Франфуртер алгемајне цајтунг“ изјави дека неговиот претходник Никола Груевски е во тајна комуникација со владата, со цел да се подели ВМРО-ДПМНЕ за да се протуркаат уставните измени.

 

„За да издејствува уставни измени, Владата подготвува валкани дилови“, излезе со тврдење за германскиот весник Мицкоски и дополни дека „таа (Владата) планира да му вети кривична неказнивост на во Унгарија побегнатиот поранешен премиер Никола Груевски за тој да се врати и да помогне, со помош на неговите поддржувачи, уставните измени да поминат во Парламентот“.

   

     

Груевски експресно брзо реагираше на Фејсбук и го повика Мицкоски јавно да одговори на следните две прашања:
1. Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум.

2. Доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или што било јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата.

Груевски уште побара „одговорот да биде јасен, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање изјави на претставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка“. Вториот дел од барањето на Груевски „без префрлање изјави на претставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка“ е првата индиција на некои карактеристики на оваа јавна „ферка“ меѓу формалниот лидер и лидерот во дебела сенка. Тие се сигнал за дефинитивното разидување меѓу Мицкоски и Груевски, иако, до скоро, многумина во земјата беа на став дека тие се во длабока политичка врска и со координирани дејствија.

 Али Ахмети како кум на партнерскоразводната парница во ВМРО-ДПМНЕ

Но, пред да преминеме на анализа на тие индиции чиј вординг го налага заклучокот дека „пукнала тиквата“ меѓу некогашниот истомислечки пар, апсолутно е важно да заклучиме и да нотираме кој или што беше тригерот за оваа партнерскоразводна парница.

Али Ахмети. Лидерот на ДУИ кој ретко дава изјави, овој пат во два дена на две телевизии им го пушти „црвот на сомнежот“ на Груевски и на Мицкоски и тој почна да си работи и тоа овој пат со изненадувачка брзина што сугерира дека, всушност, тиквата била веќе зрела за пукање. Најголемата иронија што ретко кој може(ше) да ја очекува од Али Ахмети, односно ДУИ, е соопштението од 20 септември. Во него се вели дека „ниту државата, ниту граѓаните, ниту медиумите, ниту Американците и Европејците, ниту СДСМ и ДУИ не се непријатели на ВМРО- ДПМНЕ, туку сите прогресивни сили во државата се залагаат ВМРО да се откаже од својата изолационистичка политика и да станe дел од европска Македонија.

Еден пасус пред тоа од ДУИ/Ахмети и пораката: „Оваа внатрешна битка меѓу силите во ВМРО што се залагаат за интеграција на земјата во Европската Унија и оние што претпочитаат изолација се одвива на грб на државата и нејзините граѓани“, а тие, ДУИ/Ахмети, биле „за надминување на состојбите преку процесот на вистината и помирувањето“. Но, да се вратиме на индициите и на бојата на борбата на двете струи во ВМРО-ДПМНЕ бидејќи сега е веќе сосема јасно дека ги има и дека подолго време беа криени во втор план. Сега веќе јавноста почна да прашува: Кој за кого одработува? Дали јавните препукувања меѓу актуелниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ конечно излегоа на површина по подолготрајните шпекулации во јавноста дека Христијан Мицкоски не е во добри односи со Никола Груевски, во кого, пак, голем број од членството има доверба до денешен ден.

Да потсетиме само на една епизода, оние што го познаваат Никола Груевски, уверуваат дека тој никогаш нема да ја заборави онаа изјава на Мицкоски дека „секој што е бегалец од правдата треба да се соочи неа, а правосилно осудените треба да одговараат“ во интервју за А1.он од 28 октомври 2022 година. „Секој што е правосилно осуден, треба да си одговара. Дали се вика Никола Груевски, Христијан Мицкоски, Зоран Заев, Димитар Ковачевски или било кој друг во државата, без разлика на функцијата, треба да одговара“, рече тогаш Мицкоски, а Груевски тоа си го запиша во неговото тефтерче.

И почна да си работи. А за тоа како работи Груевски, одговорот најдобро го знае Мицкоски и затоа во својот одговор на „прозивката“ на Никола од Будимпешта напиша: „За Македонија не смее да има пазар и договори под маса. Нема да дозволам лични договори и аранжмани за сметка на колективниот интерес. Ова не е 2018-та, ова е друго време“.

 Предавници или патриоти – Клетвата на ВМРО од тројца војводи еден е кодош

Којзнае дали за ВМРО-ДПМНЕ ова е друго време, ако се знае дека расколите во оваа партија не признаваат ниту време ниту простор. Сега поделбата на „предавници“ и „патриоти“што ВМРО-ДПМНЕ ја аплицираше во односите со сите политички ривали и противници на нивните политики, полека почнува да се вгнездува во нивните редови. И тоа не им е прв пат. По правило се случува(ше) после секоја промена на лидерот и раководството на партијата.
Еве да се потсетиме. Иако релативно релаксирана беше транзицијата на лидерството од Љубчо Георгиевски кон Никола Груевски во 2002 година, само две години подоцна, во 2004, Георгиевски, со поддршка на „брат“ Љубе (Бошковски) му направи пуч на Груевски на вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, откако партијата доживеа дебакл на претседателските избори кога Бранко Црвенковски го победи Сашко Кедев.

Расколот во партијата кулминираше со случувањата во хотелот „Панорама“ кога на паркингот пред хотелот во кој се одржуваше седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, се собраа неколку стотици вооружени членови на партијата со барање седницата да биде прекината, а раководството да поднесе оставка.
Во крајно тензична атмосфера и со мирисот на барутот после серија инциденти, приврзаниците на Љубчо Георгиевски и Љубе Бошковски сепак не успеаја да ја остварат целта, но од 33-те пратеници колку што ДПМНЕ во тој момент имаше во македонското Собрание, само десетина му останаа верни на Груевски. Сите други заминаа во новоформираните ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски и Земјоделската партија на Марјан Ѓорчев, противкандидатот на Груевски на конгресот за избор на партиски претседател, кој една година претходно се одржа во Охрид.

Она што денес се случува во најголемата опозициска партија, како што напиша уште пред две година прилепскиот новинар Зоран Милошески, ги има сите показатели кои навестуваат дека „Панорама“ ѝ намигнува на „Белата палата“.

Одбраната и/или последните денови на Мицкоски

Кога почна да се пишува оваа анализа, нејзините контури го сугерираа насловот „Одбраната и/или последните денови на Мицкоски“ инспириран од култниот албум на белградската, ексјугословенска група „Идоли“. Колегата во редакцијата додека ја брејнстормиравме темата на оваа анализа и насловот кој се наметна рече дека интересно е совпаѓањето на „византизмот“ во албумот на „Идоли“ со „византизмот“ на внатрешните пресметки во ВМРО-ДПМНЕ.
Сепак, заклучивме дека оваа споредба не е баш најсоодветна зашто „византиските игри“ на царскиот двор во некогашната престолнина на Византија, Константинопол, навистина биле мотивирани од личните амбиции, но никогаш на сметка на империјата. Токму затоа Византиската Империја е најдолготрајната империја на почвата на Европа.

Тоа е добра поента во завршницата на овој текст да констатираме дека, ако ги пренебрегнеме личните мотиви и на Мицкоски и на Груевски, може да се каже дека „одбраната и последните денови“ во ВМРО-ДПМНЕ се всушност битка за ЕУ или/и за власт. Токму така како што во интервјуто за „Слободен печат“ изјави и Никола Тодоров, висок партиски функционер и министер во неколку наврати во времето на Никола Груевски, кој уште дополнува дека „во следните неколку месеци ќе се кристализира дали Мицкоски ќе прерасне во лидер кој ќе ја води нацијата или пак ќе мора да замине со бремето на човек кој ја оставил ВМРО најдолго време во опозиција“.

Тодоров уште вели дека „Никола Груевски сѐ уште има влијание не само меѓу вмровските поддржувачи, туку и кај дел од пратениците и меѓу раководството“ и тоа е доволно да прогласиме дека „Игрите почнаа!“. А какви ќе бидат тие игри, индикациите се во уште еден дел од изјавата на Мицкоски во која има и доза на закана: „Ако ти сакаш раздор тоа е твоја одлука на која јас сум подготвен да се спротивставам, бидејќи не станува збор за лична битка, туку битка за Македонија“. Од целата оваа ситуација најважно е, како во случајот на Византија, во битката на партиските лидери, и формални и во сенка, да не настрада Македонија и нејзината европска перспектива и иднина.

 

    

Најново

Британското МНР: Разговорите на пратениците хакирани од Русија

Sase Ivanovski

Во Москва убиен поранешен украински пратеник

Sase Ivanovski

ОН: Околу 400 муслимани Рохинџи кои пловат со два чамци се во опасност

Sase Ivanovski

Иранскиот претседател го обвини Западот дека го поддржува израелскиот геноцид во Газа

Sase Ivanovski

Прегазено малолетно девојче на булевар „Србија“, итно пренесено во болница

Sase Ivanovski

Исчезнатиот велешанец пронајден мртов, излетал со возилото од патот

Sase Ivanovski

Соработниците на поранешниот режим ја клеветат полицијата по странски медиуми

Sase Ivanovski

Хаџи Јанев: Договорот за екстрадиција со Турција навестува брзо испорачување на Палевски

Sase Ivanovski

ЕУ би можела да ги заостри санкциите кон Хамас и да ги воведе за израелските доселеници

Sase Ivanovski

Уапсени тројца разбојници –  ограбиле обложувалница

Sase Ivanovski

ПЛУСИНФО: НЕМА НИ ТРАГА НИ ГЛАС ОД ИНВБЕСТИТОРОТ НА ПОПОВА ШАПКА, ТЕХНО АЛПИН, КОИ ВЕТУВАА 170 МИЛИОНИ ЕВРА

Sase Ivanovski

ЗА КРИТИЧАРИТЕ НЕМА ПЛАТА Папата го казни кардиналот што го критикуваше

Sase Ivanovski

Мицкоски: Истрагата за Вања започнува предоцна, имам сериозни информации за ова што го тврдам

Sase Ivanovski

Бербок: Земјите од Западен Балкан целосно припаѓаат во ЕУ

Sase Ivanovski

ЖИРАФАТА ВО СКОПСКАТА ЗОО ПОЧИНАЛА ОД КАНЦЕР НА ЦРНИОТ ДРОБ

Sase Ivanovski

ГЕНЕРАЛ МИЛИ: Секој Русин, кога оди да спие, треба да се запраша дали ќе му го пресечат гркланот

Sase Ivanovski

По случајот со Вања, прилепското училиште ја укина апсолутната забрана за мобилни телефони

Sase Ivanovski

Градоначалникот Арбен Таравари ја пречека во средба германската амбасадорка, Петра Дрекслер

Sase Ivanovski

Забрана за движење на тешки товарни возила на „Ѓавато“ меѓу Битола и Ресен

Sase Ivanovski

Ќе ја трчаат ли заедно Ковачевски и Ахмети изборната трка?

Sase Ivanovski

Тимот на „Макпетрол” ќе учествува на светската младинска карате лига во Венеција

Sase Ivanovski

ИРАН ЛАНСИРА КАПСУЛА СО ЖИВОТНИ ВО ВСЕЛЕНАТА Подготовка за претстојната вселенска мисија со ирански астронаути

Sase Ivanovski

Камерон ги повика САД да одобрат нов пакет помош за Украина

Sase Ivanovski

Бектеши: Доколку има потреба ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените

Sase Ivanovski

Снег и магла во Крушево, Прилеп, Плетвар и Пресека

Sase Ivanovski

Српски политичар во Косово приведен поради нерегистрирано возило и одбивање на полициска наредба

Sase Ivanovski

Членството на Северна Македонија во ЕУ е е клучно за спроведување на реформите, смета американската амбасадорка

Sase Ivanovski

Одреден 30-дневен притвор за возачот на Палевски

Sase Ivanovski

Аеродром бара стратешки партнер за да стане „паметна општина“

Sase Ivanovski

Нина Ангеловска избрана за прв претседател на Балканската Алијанса за е-трговија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВОДИЧ ЗА ЖЕНИТЕ, КАКО ДА ГИ РАЗБЕРЕШ

Sase Ivanovski

Сагата на тетовските комуналци: Останав без интервенција на трансфузиологија, а лековите за аритмија ги купувам приватно оти немам осигурување

Sase Ivanovski

„КИМ КАРДАШИЈАН ПСИХИЧКИ МЕ УНИШТИ!“ Тејлор Свифт откри дека поради старлетата цела година не излегувала од дома

Sase Ivanovski

ОВА Е ОДЛИЧЕН БОЖИКЕН ПОДАРОК ЗА ПУТИН Што мисли Кирби за одлуката на САД да не испрати помош за Украина?!

Sase Ivanovski

Најдобар начин да се реши корупцијата е евроинтеграцијата: Интервју со Едвард Џозеф

Sase Ivanovski

Лога: Нас ни е потребен регистар на дипломи за да нема злоупотреби и корупција во високото образование

Sase Ivanovski

Спасовски на средба со СВР Битола: Во 2023 имаме намалување на кривични дела за 19%, остварена ефикасност на полицијата од 42%, само во делот на разбојништва ефикасност од високи 69%

Sase Ivanovski

Спасовски на јубилејниот десетти Меѓународен спортски симпозиум: Улогата на спортот во создавањето на здрав животен стил додава дополнителна вредност на неговото универзално значење

Sase Ivanovski

Министрите Бектеши и Шакири презентираа нова мерка за ваучери за домашен туризам за студентите

Sase Ivanovski

Ковачевски: Инвестираме во науката, тоа е влог во иднината на младите и развојот на државата

Sase Ivanovski

ЗЕКОЛИ: Убиството на Вања предизвика колективен шок, во Вања си препознавме ќерки, внуки, сестрички, братучетки, онакви какви што имаме по дома

Sase Ivanovski

Еуромакс Ресоурцес: За да доставиме ревидирана и дополнета Студија за влијание врз животната средина неопходно е претходно да се донесе одлука за спојување на концесиите

Sase Ivanovski

Ивановска за „Фокус“: Обвинителството нема одлука за ниту една наша иницијатива за кривично гонење

Sase Ivanovski

Се огласи мајката на Вања: Животот ми се претвори во пекол!

Sase Ivanovski

ФОКУС: Кој е обвинителот за кој се утврди дека со години не ги работел предметите?

Sase Ivanovski

Правда го испрати барањето за екстрадиција на Палевски, Лога очекува брз и позитивен одговор од Турција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Возачот на Палчо до Турција не чувствува вина: Го возев во болница, ми кажа дека требало да се прави операција

Sase Ivanovski

Спасовски: Политиканството во вакви случаи на убиства уште еднаш ги убива жртвите

Sase Ivanovski

Лога очекува позитивен одговор од Турција за екстрадицијата на Палевски

Sase Ivanovski

Макрон: Ако некој мисли дека е можно да се уништи Хамас, тогаш војната ќе трае 10 години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВА Е ТОТАЛНО ЛУДИЛО: Европратеничка од Ирска со говор на конгресот на Левица не убедува да не сме влегувале во ЕУ, Ирска гадно се зафркнала што влегла?!

Sase Ivanovski

МЕТАМОРФОЗИС: Министерството за одбрана (89,72%) е водечка институција во однос на исполнувањето на индикаторите на отвореност, а по неа следи Владата (79,14%) и Министерството за внатрешни работи (78,9%)

Sase Ivanovski

Ковачевски за Анѓушев: Посочениот господин никогаш не бил член на СДСМ, а сериозни се наводите зошто се најде на црната листа на САД

Sase Ivanovski

Османи и Шаленберг за Еурактив: 2030 година како таргет датум може да го заживее процесот на пристапување кон ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЖЕНА УАПСЕНА ВО САД ЗАТОА ШТО МАСТУРБИРАЛА НА ПЛАЖА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕРДОГАН ВО АТИНА: ДА ГО НАПРАВИМЕ ЕГЕЈОТ МОРЕ НА МИРОТ И СОРАБОТКАТА, ДА ЈА ЗГОЛЕМИМЕ ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА СО ГРЦИЈА ОД 5 НА 10 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Sase Ivanovski

Адвокатот што го однесе Палевски во Белград „куртули“ од мерки за обезбедување, а за струмичанецот што го однесе до Турција – предложен притвор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) По пауза од 7 години, Ердоган во Атина: почеток на нова ера во односите?

Sase Ivanovski

Httpool се ребрендира во Aleph за да го зајакне меѓународниот развој на огласувачите и брендовите

Sase Ivanovski

САД воведоа санкции против шефот на белорускиот Црвен крст, депортирал украински деца во Русија

Sase Ivanovski

(Видео) Спасовски го обвини ВМРО-ДПМНЕ за политиканство и најави дека ќе се испитуваат комуникациите на осомничените со лица надвор од групата

Sase Ivanovski

Во два часот на распит во Кривичниот суд ќе биде донесен Стефан Димковски

Sase Ivanovski

Османи: Постепената интеграција на земјите од Западен Балкан како нужен чекор пред нашето формално членство

Sase Ivanovski

Ковачевски: Ако има докази за истрагата, Мицкоски веднаш да ги достави до надлежните

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВА Е ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ СКЕЧЕВИ НА ЛЕГЕНДАРНИТЕ К-15

Sase Ivanovski

Граѓаните во Македонија пушат најмногу во Југоисточна Европа – цигарите кај нас се најевтини

Sase Ivanovski

Кривична пријава за директорот на битолски водовод за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“

Sase Ivanovski

ЗНМ: Квалификациите на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ кон Инфомакс мора да запрат!

Sase Ivanovski

Сеавус едукативниот и развоен центар се ребрендира во глобална Qinshift Academy

Sase Ivanovski

ОВА НЕ Е НА ДОБРО, ДА НЕ ПРАВЕЛ ПАЛЕВСКИ МАСАКАР ОВИЕ ДЕНОВИ: Исчезна маж од Велес

Sase Ivanovski

ВИДЕО НА ДЕНОТ

Sase Ivanovski

МАЈКАТА НА ВАЊА: Немавме кавги со таткото на Вања, јас и другата ќерка подолго време се бориме со тешка болест

Sase Ivanovski

Мајката на Вања: Не можам да разберам, се ми е нереално – зошто девојчето ми го пратија во гроб?!

Sase Ivanovski

Османи: Ако Западниот Балкан остане рана на телото на Европа или ќе крвари или ќе привлекува малигни влијанија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАЛАЈЏИЕВ: ПРОЦЕДУРАТА ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА ВО ТУРЦИЈА Е МНОГУ КОМПЛИЦИРАНА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШОКАНТНА ГЛАСИНА КОЈА КРУЖИ ВО ЈАВНОСТА: ДАЛИ БИЛО ПЛАНИРАНО РЕПРИЗА НА СМИЉКОВСКИОТ МАСАКАР, ДАЛИ Е ПАЛЕВСКИ ИЗВРШИТЕЛ И НА ТОЈ ЗЛОСТОР?!?!

Sase Ivanovski

АНЃУШЕВ: БЛАГОДАРНОСТ ДО МАЛТА ЗА МАНДАТОТ, НЕ МОЖАМ ДА БИДАМ КОНЗУЛ СО СЕНКА ВРЗ МОЕТО ИМЕ

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: ВОЗАЧОТ ШТО ГО ВОЗЕЛ ПАЛЕВСКИ ОД СРБИЈА ВО ТУРЦИЈА ЌЕ ДОБИЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА

Sase Ivanovski

Спасовски очекува денеска да биде испратена целосната документација за екстрадиција на Палевски

Sase Ivanovski

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

Sase Ivanovski
Вчитувам....