19.5 C
Скопје
21/06/2025 05:43
МАКТЕЛ

   

ОД ВИШОК СТРУЈА ОСТАНАВМЕ БЕЗ СТРУЈА Енергијата од сонце ќе ги изгори инвестициите ако не се обезбеди пренос или чување

      

Околу 41% од електричната енергија во земјава се произведува од обновливи извори, што е добро со оглед на планот за брза замена на јагленот во производството на струја, но неконтролираното вложување може да предизвика проблеми во прифаќањето на таа енергија, предупредуваат експертите. Македонија мора да вложува во електропреносниот систем за да може да го прифати новото производство на електрична енергија кое доаѓа од вложувањата во обновливи извори, посебно од фотоволтаичните централи. Или да гради базни електрани кои ќе ја намалат опасноста од испади на системот. Во спротивно ќе мора да издава помалку дозволи за енергетски капацитети или инвеститорите ќе треба самите да го решаваат вишокот на производство кое не може да го прими системот преку дополнително вложување во системи за чување или трошење на веќе произведената енергија, велат експерти.

Околу 41% од електричната енергија во земјава се произведува од обновливи извори, што е добро со оглед на планот за брза замена на јагленот во производството на струја, но неконтролираното вложување може да предизвика проблеми во прифаќањето на таа енергија, велат тие. – Со новиот Закон за енергетика се скратува можноста за издавање дозволи за инсталирање фотоволтаични централи без да се размислува за потребите од струја на земјата, но и покрај тоа останува да се работи на системот за прифаќање на таа енергија која се произведува и можноста таа да излезе од земјата и да се продаде – вели професорот Константин Димитров. Тој посочува дека не треба инвеститорите самите да се остават да го решаваат проблемот, туку и државата треба да вложува во преодниот систем. – Производителите имаат можност да ја складираат енергијата во батериски системи, но имаат и други можности како производство на хидроген или компримиран воздух. Тие самите ќе одлучат што ќе прават. Сега целото производство оди во системот и во одредени периоди го дебалансира. Навистина има можност за исклучување на фотоволтаичните централи, тоа право го има преносникот МЕПСО, но таа енергија треба да се искористи, а не да не се произведе, зашто има можности – вели тој.

   

За Велигден имавме едно дебалансирање на системот кога производството беше поголемо од потрошувачката, а пазарите и надвор од земјава немаа потреба од енергија, па се донесе одлука да се исклучат фотоволтаичните централи чија цена на струјата тие денови беше 0 денари. Колапсот на електроенергетскиот систем што се случи во Шпанија и во Португалија минатиот месец, ја алармира и земјава, бидејќи како една од причините за испадот беше наведена неискористена енергија од фотоволтаични централи. Одговорните во енергетиката велат дека нема да се дозволи испад сличен на оној во Шпанија, бидејќи се координираат активностите, но не можат да бидат сигурни дали испад на системот не може да дојде од регионот со кој сме поврзани. Според податоците на Регулаторната комисија за енергетика, во употреба се фотоволтаични централи со инсталирана моќност од околу 850 мегавати. Тоа е повеќе од половина од потенцијалот на македонската електропреносна мрежа кој се проценува на 1.500 мегавати. Инсталираната моќност на обновливите извори на енергија е 55,72%, по што следат термоелектраните со 34,65% и остатокот од 9,63% е на ТЕ-ТО. Само, фотоволтаичните централи учествуваат со 28,4%.

Ова го наметнува и прашањето дали досега премногу се дадени дозволи за изградба на фотоволтаични централи, наместо да се градат големи базни хидроелектрани. Од Регулаторната комисија велат дека уште има простор за инсталирање сончеви капацитети за производство на струја бидејќи преносниот систем има уште капацитет да ги прими, но потребно е да се инвестира во батериски или во друг вид систем за чување на енергијата. Професорот Ристо Цицонков вели дека оваа хиперпродукција со инсталирање соларни системи и преоптовареноста на мрежата во часовите кога не се произведува соларна енергија може да се надмине со синхронизација на други извори од други капацитети, како хидроцентралата Чебрен и слично. Во меѓувреме треба да најдеме начин за балансирање на системот преку систем за чување на енергијата. – Треба целокупниот енергетски систем да се контролира на многу пософистициран начин (smart grids). Во моментите кога има вишок на електрична енергија од обновливи извори (сонце и ветер) не треба производството да се стопира, туку вишокот да се складира. Има неколку опции за складирање – батерии – тие се скапи, имаат релативно мал капацитет и складирањето трае кратко време, производство на водород со електролиза. И овој систем е скап, но се претпоставува дека во иднина ќе биде подостапно. Пумпно-акумулациски хидроцентрали (на пример во иднина Чебрен), реверзибилни хидроцентрали. Ова моментално е многу атрактивна опција, но една таква можност е и изградба на т.н. Козјак-запад – вели Цицонков.

Од страна на МЕПСО, веќе презентираа активности за модернизација на преносната мрежа, дигитализација, сајбер-безбедност и зајакнување на инфраструктурата. – Работиме со јасна визија и ограничени ресурси, но со континуирана посветеност да ја модернизираме нашата енергетска мрежа и нашите енергетски капацитети во служба на иднината – рече Божиновска. Од Министерството за енергетика велат дека системот е добро вмрежен со регионот со кој се дискутираат мерките што се препорачуваат на меѓународно ниво, но се прават напори и за подобрување на преносниот систем. – Правиме проекција за десет години во мрежата на МЕПСО, бидејќи за сите тие обновливи извори на енергија потребно е да има каде да се приклучат. Ние веќе почнавме со еден грант во Милетково, ја зајакнуваме мрежата на МЕПСО и сега ќе направиме план да видиме каде ни се потребни додатни инвестиции во инфраструктурата и во мрежата. Исто така ќе имаме нов далновод со Албанија што ќе почне да се гради, што значи интензивно работиме на подобрување на нашата мрежа – велат од таму.

Во неделата (18.05.2025) во раните утрински часови дојде до дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа. Причина за овој прекин беа високите напони на 400-киловолтната мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 киловолти во трансформаторски станици, објасни АД МЕПСО во врска прекинот на електрична енергија низ целата земја. Електричната енергија се врати во функција за еден, а во некои места за два часа по прекинот.

   

Најново

Апелација пресече: Нино Васев од домашен во притвор во Шутка

Sase Ivanovski

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе

Sase Ivanovski

ОП, ОП, ОП, БРАВО

Sase Ivanovski

„Таков каков што сум’’ – aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев

Sase Ivanovski

БОЕМОТ: „Проколнати“ локали во Скопје 

Sase Ivanovski

Дали знаевте дека на врвот на неговата кариера, Тоше Проески, во потрага по постојан развој и усовршување на неговиот вокал и уметничка умешност, отпатува во Њу Јорк да учи со еден од најдобрите светски вокални тренери како Бил Рајли Сениор, некој кој своевремено имал тренерски сесии со великани од калибарот на Селин Дион, Андреа Бочели и Џош Гробан

Sase Ivanovski

Филипче: СДСМ ги објавува првите 19 кандидати за градоначалници-личности со кредибилитет

Sase Ivanovski

Голем број дизел автомобили во Европа мора да завршат во отпад

Sase Ivanovski

Шефот на СЗО го осуди нападот врз болниците во Иран и Израел

Sase Ivanovski

Хезболах ги осуди заканите до ајатолахот Хамнеи: „Неодговорни и опасни изјави“

Sase Ivanovski

„ЕСМАИЛ ФЕКРИ Е ОБЕСЕН ПО СУДСКА ПОСТАПКА ПОРАДИ ВОЈНА ПРОТИВ БОГА“ Иран погуби агент на Мосад

Sase Ivanovski

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Д-р Саздов, анестезиолог од приватната болница „Аџибадем Систина“: Канцерогена болка се отстранува со крионевролиза- со ниски температури се оштетува нервот

Sase Ivanovski

Хрватска и Индија ќе соработуваат во одбранбената индустрија

Sase Ivanovski

ЕСМ вонредно купи струја од трговци по пожарот во РЕК Битола

Sase Ivanovski

ПЛАТИТЕ ВО ЕУ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ: Kои земји се на врвот?

Sase Ivanovski

„РАБОТОДАВАЧИ ПОДГОТВЕТЕ СЕ, СЕ РАБОТИ НА СТИМУЛАЦИЈА ЗА ДА ВРАБОТУВАТЕ СТУДЕНТИ“: Грчева најавува – се работи за нов Закон за студентска работа

Sase Ivanovski

Министерот Андоновски: Апасиев живее во Аеродром, а не знае каде да го регистрира новороденчето

Sase Ivanovski

„ЕКСПЛОДИРАА“ ЦЕНИТЕ НА КИРИИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Порастот стигнува и до 107 отсто

Sase Ivanovski

СТАТИСТИКА ОБЈАВИ НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлкава е просечната плата во Македонија?

Sase Ivanovski

Кои се бизнисмените кои ќе менаџираат со „Македонско село“?

Sase Ivanovski

Албански бизнисмен ја купи UNIQA во Македонија

Sase Ivanovski

Паљото е неуморен – најави нов поход на локалната власт, листата ќе му се вика „За Битола“

Sase Ivanovski

58 ПОВРЕДЕНИ ОД „ПУЛС“ ВЕЌЕ НОСАТ КОМПРЕСИВНА ОБЛЕКА Позитивни резултати и нови терапии во болницата во Кочани

Sase Ivanovski

ПОСЕТА НА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЕВРОПСКИ СОВЕТ ПО ПОВОД СКОПЈЕ ЕВРОПСКИ ГРАД НА КУЛТУРАТА ЗА 2028-МА

Sase Ivanovski

КАЦ НАРЕДИЛ ЗАСИЛЕНИ УДАРИ ВРЗ ИРАН Мета се Исламската револуционерна гарда и Басиџ

Sase Ivanovski

НЕТАНЈАХУ СЕ ЖАЛИ, СИН МУ ДВАПАТИ ОТКАЖУВА СВАДБА „Сите ја плаќаме цената за нападите на Иран“

Sase Ivanovski

„СПРЕМЕТЕ ГИ KOВЧЕЗИТЕ“ Илјадници луѓе протестираа по молитвата во Техеран

Sase Ivanovski

КАНЈЕ ВЕСТ И БЈАНКА ЦЕНСОРИ ЗАВРШИЈА ВО МЕНТАЛНА КЛИНИКА Неделно плаќаат 170.000 долари?

Sase Ivanovski

ПРЕДЛОЖЕНО Е РАЗРЕШУВАЊЕ ЗА ВИШИОТ ОБВИНИТЕЛ ХАЈРУЛАХИ Обвинителот Цветановски е казнет со помала плата

Sase Ivanovski

(Видео) Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на дното во Европа

Sase Ivanovski

Скопјанка нападната од партнерот на одмор во Грција

Sase Ivanovski

Дачиќ има највисока министерска плата во Србија, Вучиќ – речиси 60 отсто помалку примања од него

Sase Ivanovski

Кешишев: Многу се каам што бев со таа група

Sase Ivanovski

Зоран Ставрески не стана гувернер ама основа своја фирма за финансиски консалтинг

Sase Ivanovski

Сообраќајка на автопатот Тетово – Скопје, сообраќајот е во прекин

Sase Ivanovski

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж за регионот, денес таа е пример на застој

Sase Ivanovski

ССМ: За два месеца минималната кошница е зголемена за 2007 денари

Sase Ivanovski

МАНЕВ: Потрошив 6 години од мојот живот, запоставувајќи ја мојата фамилија и работата. Шест години ме манипулирал и ме спремал како жртвен вол

Sase Ivanovski

Иран би можел да произведе нуклеарно оружје во рок од „неколку недели“, соопшти Белата куќа, додека американскиот претседател Доналд Трамп дебатира дали да преземе воена акција против земјата

Sase Ivanovski

Во прекин сообраќајот на регионалниот пат Маврово – с.Галичник поради сообраќајна незгода

Sase Ivanovski

Може ли Израел да финансира војна на повеќе фронтови?

Sase Ivanovski

ОПШТИНА КУМАНОВО Проштална средба во чест на амбасадорката на Р Србија во РС Македонија

Sase Ivanovski

ВАКОВ ПСИХОПАТ СЕ РАЃА ЕДНАШ НА 100 ГОДИНИ Палевски: Боре пукаше, Манев е организатор, а Кешишев е стражар

Sase Ivanovski

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира за зголемена потрошувачка на водата и апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата

Sase Ivanovski

ДРАМА НЕВИДЕНА: Вработениот во Народна Банка што го уништил ранецот со пиштол и мотороли е сопруг на кривичен судија?!?!

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Советникот на Филипче во Кочани да си поднесе оставка, наместо во интерес на граѓаните, работи на реализација на сценарио за негов спас

Sase Ivanovski

Иран е подготвен да разговара за ограничувањата за збогатување на ураниум

Sase Ivanovski

Пресудите за Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите избрани во Зајас и Струмица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Во Кочани пристигна првата пратка на креми за санација на изгорениците

Sase Ivanovski

ЕУ: Први унифицирани стандарди за чување на домашни миленици

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач во Македонска Каменица, управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Се шири лажна наградна игра поврзана со „Лидл“, компанијата апелира граѓаните да бидат внимателни

Sase Ivanovski

Чупеска: Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален, граѓаните живеат тешко и препознаваат неспособност

Sase Ivanovski

Прилепчанец оштетил апарат за коцкање па во полиција пријавил дека делото го сторило друго лице

Sase Ivanovski

ОПШТИНА КУМАНОВО: Втор третман на терестичка дезинсекција

Sase Ivanovski

Рамиз Мерко казнет со 10 илјади евра за незаконското поставување директори во училиштата

Sase Ivanovski

Европејците излегоа со предлог од четири точки до Иран за деескалација со Израел

Sase Ivanovski

Приведени тројца разбојници во Скопје, следува соодветна пријава

Sase Ivanovski

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти од трагедијата во Кочани, се подобруваат условите и во кочанската болница

Sase Ivanovski

Таткото на Вања до Палевски: „Зошто ми е убиена Вањичка?

Sase Ivanovski

Исланд е повторно на врвот на рангирањето како најмирна земја во светот во 2025 година, титула што ја држи од 2008 година. Ирска го зазема второто место, Нов Зеланд е трет, потоа Австрија и Швајцарија. Сингапур, Португалија, Данска, Словенија и Финска исто така влегуваат во првите 10

Sase Ivanovski

Таравари и Европскиот фронт ги поделиле општините: Се формализира коалицијата „BASHKË“ (ЗАЕДНО) за локалните избори

Sase Ivanovski

Дотерај се и трепкај за работна позиција – засрамувачки барања за жените на пазарот на труд

Sase Ivanovski

Фетаи: Таравари ми рече да го оставам на мира да оди со ДУИ во коалиција

Sase Ivanovski

Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа

Sase Ivanovski

Петрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче, целта е да се сее страв пред избори

Sase Ivanovski

НБРМ: Годинава се очекува просечна инфлација од 3%

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра – пруга без проект, но со веќе пресметана провизија

Sase Ivanovski

Aкиов: На правничката од општината и се извинувам. Јас не сум „гомнар“ ВМРО ДПМНЕ постојано провоцираат

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: Додека престојувам во Брисел и се залагам за достоинството на македонската Кауза, во исто време, добивам закани по животот на моите деца

Sase Ivanovski

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица на дебата во живо: „Ако го имате – дојдете. Ако не – молчете“

Sase Ivanovski

44-годишна жена пешак е жртва во синоќешната сообраќајка во Охрид. Без возачка дозвола 22 годишник ја прегазил на тротоар

Sase Ivanovski

АДВОКАТИТЕ СЕ НЕШТО ПОСЕБНО 10 години да имате – вина на Палчо нема да докажете, им рече неговиот адвокат на обвинителите

Sase Ivanovski

БОМБА ВО СУДНИЦА Манев: Човекот што го уништил пиштолот со кој Палевски ги уби Вања и Панче е Зоран Давитков и работи во Народна банка

Sase Ivanovski

Чупеска: Ценовните шокови бараат одговорна влада, но ВМРО-ДПМНЕ не покажува грижа за граѓаните

Sase Ivanovski

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Уапсено е лицето од Народна банка, за кое Манев рече дека го уништил ранецот со пиштолот и моторолите

Sase Ivanovski

360 СТЕПЕНИ: МВР ги довери возачките испити во Пелагонија на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Раст на туризмот над 20%, нови градинки и зголемени буџетски приходи

Sase Ivanovski

Манасиевски: СДС лаже за Кочани, како што лажеше за Смилковско, Младенов, Тамара, за на крај да завршат со кабелот во Модуларна

Sase Ivanovski

ТРОЈЦА СКОПЈАНИ ИЗМАМИЛЕ ФИРМА ОД БЕЛОРУСИЈА ЗА ОКОЛУ 750.000 ЕВРА Со затајување данок го оштетиле македонскиот буџет за околу 585.000 евра

Sase Ivanovski
Вчитувам....