8.8 C
Скопје
02/03/2024 23:14
МАКТЕЛ

      

Од драма во драма – дали Алијансата избра да биде жртва?

      

Многу работи се познати кај политичките актери во френетичното загревање за изборната кампања. Сега еден момент изгледа најмистериозен – што ќе прави ВМРО-ДПМНЕ доколку победи и доколку успее да формира влада со преговарачката рамка и натамошниот пат кон ЕУ на Македонија.

   

Одговор број 1: Христијан Мицкоски во интервју за ТВ 24.

 

„ВМРО-ДПМНЕ е подготвена по формирањето на новата влада да седне со властите во Софија и да разговара да видиме – доколку има желба од таа страна – како ќе излеземе од оваа мртва состојба во којашто оваа влада и авантурите на (Бујар) Османи, на (Димитар) Ковачевски и (Стево) Пендаровски ја доведоа Македонија во евроинтегративниот процес“.

   

     

Одговор број 2: Антонио Милошоски во изјава за „Независен“.

„Не е идејата да одиме на меѓународна арбитража (како Словенија и Хрватска). Бугарија е второстепен актер во спорот. Првостепени се Франција, Германија, Холандија, Данска и други земји од кои ќе побараме да ни дадат предлог календар кога се подготвени за нова членка на ЕУ. Бидејќи сега ќе ги почнеш преговорите за членство, а не знаеш кога ќе ги завршиш“.

Одговор број 3: Антонио Милошоски во интервју за „Слободен печат“.

„Во 2019 година нас нè блокираше Франција, каде и тогаш и денес претседател е човек што припаѓа на европските либерали. И, за жал, тој потег и тогаш и денес го ценам како недостиг на визија за Европа за целиот европски континент… Изјавите од ЕУ дека не е можна промена на преговарачката рамка не го гледам како библиски став.

Залагањата на ВМРО-ДПМНЕ, или на идната влада по изборите, ќе бидат сериозен тест не само за Македонија, туку и за ЕУ во целина, и за Бугарија како сосед. Тоа би го именувал како дипломатски напор што треба да се движи во рамките на еден интегративен патриотизам“.

Одговор број 4: Тимчо Муцунски во разговор за „Плусинфо“.

„Западниот Балкан ќе биде еден пакет од гледна точка на пристапување кон ЕУ. Во овој момент, Србија, Црна Гора и Албанија се сметаат за првиот пакет, додека во вториот пакет се Косово и Босна и Херцеговина. Неизвесно е каде е Македонија. Сметам дека Западниот Балкан ќе биде апсорбиран од страна на ЕУ во еден пакет, без оглед што земјите се борат со своите индивидуални достигнувања. Доколку сме проактивни и ако го искористиме геополитичкиот контекст којшто ни оди во полза, можеме нешто да добиеме“.

Можеби мислите дека нема никаква разлика во овие ставови, а можеби проценувате дека тие се навистина различни. Не е ништо страшно луѓето во врвот на една партија да имаат различни или поинаку проспектирани ставови за една многу важна ситуација во која се наоѓа Македонија. Можеби ВМРО-ДПМНЕ е во потрага по вистинската стратегија која ќе треба да ја напише во предизборната програма. Па затоа, лидерот на партијата вели дека откако тој ќе ја формирал новата влада е подготвен да седне со бугарските власти за да разговара како да се излезе од „мртвата состојба“. Дипломатскиот гуру во партијата, Милошоски, пак, мисли дека како решение за блокадата од Бугарија неговата партија ќе понуди „европски модел, по примерот на Словенија и Хрватска“. Треба да се помести решавањето на спорот со моментот на ратификување на приемот на Македонија во ЕУ, како во хрватско-словенечкиот случај, вели Милошоски. Истото она што го бараше македонската влада при конципирањето на преговарачката рамка, а земјите-членки на ЕУ го одбија тоа.

Од другата страна на политичкиот спектар изгледа дека нема потреба од ваков квиз. Затоа што би било нелогично за партијата која учествуваше во калибрирањето на преговарачката рамка, а досегашниот премиер точките од неа ги брани како услови кои се најмалку проблематични. Па се претпоставува дека во изборната програма нема да има ништо што не е јасно од досегашните ставови. Но кој би можел да тврди со сигурност.

Херои и жртви

Тоа е околу квизот. Сега за она што ја прекри целата политичка сцена во Македонија. Драмата во Алијансата за Албанците. И политичките хиени што се појавија од саваната и мршојадците што гледаат како да го довршат она што другите ќе го распарчат.

Нема никаква дилема дека во оваа драма нема „херои“, туку има една главна жртва – самата партија Алијанса за Албанците, а посредно нејзините гласачи, кои толку многу веруваа дека на овие избори може да се направи клучниот пресврт во детронизирањето на ДУИ. Неверојатна мечешка услуга на Арбен Таравари и министерскиот двоец им направија вмровските функционери, а и пратениците за време на вчерашната расправа во парламентот кога внимателно го глорифицираа ова крило во АА. А само до пред десетина дена Таравари беше „тотемот“ кој се исмеваше, се потценуваше, се навредуваше дека ја предал опозициската кауза, дека влегол во челуста на ѕверот само поради необјасниви интереси. Сега тој да ти бил пленот кој самоволно влетал во смртната игра, а не требало да го направи тоа.

Арбен Таравари на собирот на неговиот дел од Алијансата се обиде да ги амортизира впечатоците што се наметнуваат: „Со целосна одговорност велиме дека нема да станеме дел од влада која не би ги направила уставните измени и која не прифаќа почеток на преговорите со ЕУ“, рече Таравари.

Но дали е тоа доволно? Без оглед што ќе се случи на денешното Централно собрание на АА во Скопје, дали Зијадин Села ќе собере мнозинство од неговите членови за да го поддржат претходно усвоениот став партијата да излезе самостојно на изборите, работите немаат светла перспектива за Алијансата за Албанците.

Како би изглегле на изборите: Едно од крилата ќе може со печатот на АА да ги пријави до ДИК кандидатите за пратеници, другите можеби ќе бидат претставени како независни листи. Донтовиот количник, со голема веројатност, ќе ги претвори во прашина надежите и Алијансата треба да ја очекува судбината на Беса по изборите во 2016 година кога успеа да го уништи неверојатниот резултат и да се атомизира.

Непозната територија

Многумина ќе кажат дека после овој сегашен раскол во АА работите во албанскиот блок одат на непозната територија. Овие денови изгледа дека од расколот ДУИ ќе извлече најголема корист. Но работите се менуваат толку брзо што една прогноза пред десетина дена не мора да значи дека ќе се оствари за две недели. А уште повеќе на денот на изборите. ДУИ најпосле може да биде подјадена. Според проекциите на Таравари, приклучувањето на Алијансата на тројниот блок од „Европскиот сојуз за промени“ треба да донесе додадена вредност за оваа четирчлена група конечно да ја победи ДУИ. Кој може сега да знае колку од гласачите на Алијансата ќе останат дома, ќе гласаат за некој друг или ќе гласаат за крилото на Села.

Никој со сигурност не можа да каже што го натера Арбен Таравари неколку дена по изгласувањето на техничката влада да објави дека Алијансата ќе оди на изборите со опозицијата. Дали тригерот беше средбата на опозициската тројка плус Таравари со косовскиот премиер Албин Курти, кој чекор по чекор се обидува да ја гради улогата на регионален лидер на Албанците. И дека пиемонт на албанскиот свет треба да биде Приштина, а не Тирана. Дали Таравари уште не може да заборави и да им прости на трупите на ДУИ што сѐ правеа на двата избори за градоначалник на Гостивар тој да не успее. А тој сепак успеа и го победи ДУИ. Тој го победи ДУИ во Гостивар, но прашање е дали ќе го победи другото крило во сопствената партија.

Косовскиот премиер Албин Курти се обидува да ја гради улогата на регионален лидер на Албанците. Косовскиот премиер Албин Курти се обидува да ја гради улогата на регионален лидер на Албанците.

Надвор од жестоките обвинувања на двајцата министри против ДУИ и особено кон вицепремиерот Артан Груби, интегративците забележително молчат. Тоа е многу јасно – што и да кажат ќе биде против самите себеси. Талат Џафери, во основа, е во право: двајца министри кои изјавуваат дека го поддржуваат нивниот претседател дека на изборите ќе одат со опозицијата, ја прави ситуацијата дијаболична. За двајцата пржински опозициски вмровски министри тоа е законски овозможено. Алијансата е дел од владината структура од пред 11 месеци. Тогаш, што се тие двајца министри од Алијансата – уште еден опозициски блок во владата?

Тоа изгледа франкенштајнски, како што е франкештајнска самата пржинска влада, иако, според досегашното искуство, нејзината работа беше корисна. Тоа е дел од големата нервоза што ги има зафатено сите политички актери пред изборите. Што му требаше, на пример, на министерот за здравство, пред една недела да ја разрешува директорката на Клиниката за инфективни болести со смешен изговор и да постави директор од неговата партија. Зошто кај него надвладеа партиското наместо она со коешто сега се фали.

Можете да ги гледате анкетите, да верувате или да не врувате во нив, но според однесувањето на актерите изгледа дека ништо не е сигурно пред овие извонредно возбудливи избори. Се чини како никогаш досега. Тоа е магијата на демократијата.

(dw) Љупчо Поповски

    

Најново

ПОЧНА ИСКОПОТ НА МАТЕРИЈАЛИ ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО – ГОСТИВАР Џафери во Горна Бањица на средба со жителите кои најавија протести

Sase Ivanovski

ПОРАЗ НА УКРАИНА БИ ДОВЕЛ ДО ВОЈНА НА НАТО СО РУСИЈА Путин нема да запре, вели шефот на Пентагон

Sase Ivanovski

ЦУК: Спасена туристка од Австрија повредена при скијање на Попова Шапка

Sase Ivanovski

Во акцијата на МВР уапсен екс градоначалник од СДСМ и син на поранешен градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Незапамeтена трагедија во Србија: Две деца на возраст од една и три години пронајдени мртви, брачен пар од Нови Сад кој синоќа се загина паѓајќи од зграда, претходно си ги убиле сопствените деца, објавија српските медиуми

Sase Ivanovski

ОЈОГОКК ќе го истражува случајот со обезбедувањето на Мицкоски кој тепаше полицајци

Sase Ivanovski

КАКВО РУСКО ВЛИЈАНИЕ Ѝ ПРЕЧИ НА МАКЕДОНИЈА КОН ЕУ? Дачиќ во Анталија се сретна со Лавров

Sase Ivanovski

„ЗАОКРУЖЕНИ“ 8.500 ЕВРА ЗА ДЕТСКО СЕЛО Заврши акцијата за индивидуално донаторство во маркетите Веро

Sase Ivanovski

Ислам Абази по повеќе од една година се појави пред новинарите – случајот за Спасовски затворен, „Соравија“, „Бехтел и Енка“, „Трансмет“ уште во предистрага

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: МАКЕДОНИЈА НЕМА ДРУГА АЛТЕРНАТИВА ОСВЕН ЕУ, ТОА Е СТРАТЕШКА ЦЕЛ, НО БЕЗ КОЦКАЊЕ СО ИДЕНТИТЕТОТ

Sase Ivanovski

Османи на Анталија Дипломатскиот форум

Sase Ivanovski

Јакимовски и Ванковскa ги собрале потребните потписи за претседателска кандидатура

Sase Ivanovski

Тодоров: Ванковска, Јакимовски и Димитриевски имаат екстремни ставови

Sase Ivanovski

Богоев при посетата на Витаминка: Заедно креираме мерки и политики за поголема конкурентност на македонските компании

Sase Ivanovski

Одгледување на земјоделски култури под волтаици, новитет кој ќе се применува и кај нас

Sase Ivanovski

Вархеји: Планот за економски раст може да ги удвои економиите на земјите од Западен Балкан

Sase Ivanovski

Тошковски оствари средба со претставници од ДКСК

Sase Ivanovski

Ковачевски од Рим: Со СДСМ членството во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но достижна цел

Sase Ivanovski

Муцунски: На Македонија и граѓаните им треба претседател кој ќе биде лидер на нацијата и кој ќе не води по тој пат со заштитени национални интереси

Sase Ivanovski

СДСМ: Ново убиство, началниците и техничкиот министер на ДПМНЕ во МВР немаат капацитет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: ОВАА ВЛАДА ГО ИЗЕДЕ МЕСОТО ОД БУРЕКОТ, НАРОДОТ ЈАДЕ СИМИТ ПОГАЧА

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова: Претседателот треба да се однесува натпартиски, да едуцира,  обединува, да биде проактивен и да почитува соработка и мирно решавање на споровите

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова: Ве уверувам дека ќе градам сојузи и сојузништва, дека ќе интегрирам, а нема да дезинтегрирам

Sase Ivanovski

НСДП: СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ Е ДРЖАВНИК СО ВИЗИЈА ЗА ИДНИНАТА НА ДРЖАВАТА, НСДП ЈА ПОДДРЖУВА КАНДИДАТУРАТА ЗА ВТОР МАНДАТ 

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се бориме за комплетна промена на власта за која сум свесен дека носи комплетна одговорност

Sase Ivanovski

КАТАСТРОФА ОД НЕВИДЕНИ РАЗМЕРИ, ДОСЕГА ЗАГИНАЛЕ 13.230 ДЕЦА! Властите во Газа избројале вкупно 30.139 загинати и околу 7.000 исчезнати

Sase Ivanovski

Ковачевски од Рим: СДСМ ќе победи на изборите, а до 2030 година Северна Македонија ќе биде членка на ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Промената започнува денес и завршува на 8ми мај, за Македонија која оди напред и дава брзи резултати

Sase Ivanovski

Полициски хеликоптер пренесе повредено лице од Шар Планина до Клиничкиот центар во Скопје

Sase Ivanovski

Еду катче на ЛАЈКА: Зошто стерилизација на милениците е единствено и хумано решение?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ОБВИНИТЕЛОТ КОЦЕВСКИ: СИТЕ КРИВИЧНИ ДЕЛА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ СЕ ПРЕД КРАХ ВО СУДОВИТЕ ПОРАДИ ИЗМЕНИТЕ НА ЗКП

Sase Ivanovski

Ал-Малики: Палестинската управа е единствената легитимна власт што може да управува со Газа по конфликтот

Sase Ivanovski

КНЕЗ МИХАЈЛОВА ВО БЕЛГРАД ВО 70-ТИТЕ ГОДИНИ НА МИНАТИОТ ВЕК

Sase Ivanovski

ПРЕД 150 ГОДИНИ, ВО ВОЈВОДИНА САМО 35% ОД НАСЕЛЕНИЕТО БИЛЕ СРБИ

Sase Ivanovski

Многумина од убиените и повредени во инцидетот во Газа биле застрелани од израелската војска, велат од ЕУ

Sase Ivanovski

Американски воени авиони доставија храна до населението во Газа

Sase Ivanovski

Лавров: Русија ќе распореди дополнително оружје како одговор на проширувањето на НАТО

Sase Ivanovski

ДУИ: ВМРО најавува камшикување на граѓаните поради првиот Албанец премиер

Sase Ivanovski

Биљали: Тоа што ВМРО-ДПМНЕ е без план за ЕУ е самоубиство, треба да смислат нешто за да го зачуваат образот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОД ДЕН НА ДЕН, ИСЛАМОТ СЕ ПОВЕЌЕ ИМА СМИСЛА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кавги и тензии во Советот на општина Ѓорче Петров, ВМРО-ДПМНЕ не се откажа од спорниот ДУП

Sase Ivanovski

ДОЖД И СНЕГ ОД ПОНЕДЕЛНИК Март носи студено време

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТАРАВАРИ: СЕКОЈА СРЕДА БЕЗ ХОНОРАР ПРЕГЛЕДУВАМ ПО 60 ПАЦИЕНТИ НА НЕВРОЛОГИЈА

Sase Ivanovski

УАПСЕН Е И ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПОМАЛА ОПШТИНА ВО СТРУМИЧКО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТАРАВАРИ: ВО КУЌАТА ЗА КОЈА МЕ ОБВИНУВАА ВМРО ДПМНЕ СЕ СРЕЌАВАВМЕ СО МИЦКОВСКИ И ДОГОВОРИВМЕ КОАЛИЦИЈА ЗА ЛОКАЛНИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТАРАВАРИ: ВЕРУВАМ ДЕКА ВМРО ДПМНЕ СЕ ИСКРЕНО ЗА ЕУ И ЌЕ ГИ ВНЕСАТ БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ, САМО ПРЕД ГЛАСАЧИТЕ ГЛУМАТ ПРЕД ИЗБОРИ

Sase Ivanovski

БОЈМАЦАЛИЕВ: Во текот на вчерашниот ден во Републила Северна Македонија пристигнаа 165.000 обрасци за лични карти и 85.000 обрасци за пасоши

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТАРАВАРИ: ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ТРЕБА ПАК ДА СЕ ПРЕГОВАРА И НЕКОИ РАБОТИ ДА СЕ ИСФРЛАТ?!

Sase Ivanovski

Демири: Гостиварската болница се зајакнува со реконструкции, нова опрема и човечки капитал

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: ТАРАВАРИ ВЕЛИ ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА СЕ УКИНЕ РАМКОВНИОТ ДОГОВОР И ДА ИМАМЕ ГРАЃАНСКИ УСТАВ?!?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ Битола: Фамилијарна окупација од ВМРО – ДПМНЕ на битолските општински институции

Sase Ivanovski

НЕ СУМ ЗА СИЛНИ НАДЛЕЖНОСТИ, СТРАВУВАМ ОД БАЛКАНСКИ БОНАПАРТА Силјановска Давкова се обрати на изборната Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за претседател

Sase Ivanovski

ГРАЃАНИТЕ ЈА ПРЕПОЗНАА РАЗЛИЧНОСТА НА ЗНАМ Димитриевски вели дека не е момент за еуфорија, туку за одговорност

Sase Ivanovski

ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР ГИ ИСПОЛНИ СИТЕ ЕТНИЧКИ БАРАЊА ЗНАМ е против избор на претседател во Парламент

Sase Ivanovski

Ќе се зголеми сумата за поврат на ДДВ: Ковачевски најави дека ќе изнесува 3.000 денари

Sase Ivanovski

МАКЕДОНЦИТЕ И АЛБАНЦИТЕ НИКОГАШ НЕМАЛЕ СУДИР МЕЃУ СЕБЕ И НЕМА НИ ДА ИМААТ! Министерот Лога мислел на политичките партии, а не на народите

Sase Ivanovski

Психијатарка истепала колешка во битолската болница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАЈКО МИЛА МАЈЧИЦЕ: ДЕСНАТА РАКА НА ПАЛЧО КОЈА МИСЛИ ДЕКА ТОЈ Е НЕВИН Е СОЦИЈАЛНА ИНСПЕКТОРКА ЗА ДЕТСКА ЗАШТИТА ОД ВЕЛЕС?!?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВТОР ДЕН ТРААТ РЕДИЦИТЕ ПРЕД ГРОБОТ НА АЛЕКСЕЈ НАВАЛНИ, РУСИТЕ МУ СЕ ПОКЛОНУВААТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТАРАВАРИ: СЕ ПЛАШАМ ДА НЕ НИ СЕ СЛУЧИ ПАК 2008-МА, ДА ЗАГЛАВИМЕ ПАК ВО ИЗОЛАЦИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАНДИДАТКАТА НА ДЕСНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ИНАКУ СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК ВО ВЕЛЕС: ПАЛЧО И ДРУГАРИТЕ СЕ НЕВИНИ!

Sase Ivanovski

Сузбиена криминална група поради трговија со марихуана, приведени 10 лица

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Протест против изградба на висококатници во Ѓорче Петров

Sase Ivanovski

Османи: Да се најде поинаков пристап со овозможување со мнозинство гласови ЕК да одлучи за отварање на поглавјата

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со Силјановска-Давкова нудат враќање назад во изолација

Sase Ivanovski

Обвинителот Коцевски: Сум имал 50 до 60 вакви случаи, но како убиството на Вања Ѓорчевска немав видено

Sase Ivanovski

Ковачевски на средба со Санчез: Северна Македонија единствено со СДСМ има извесна европска иднина

Sase Ivanovski

(Видео) Први снимки од местото на трагедијата во близина на Кичево, едно лице загина

Sase Ivanovski

Нови избори во Белград

Sase Ivanovski

Му се слошило, паднал и починал на улица – 32-годишна велешанка се наведнала и му ги земала парите

Sase Ivanovski

Како до работна дозвола за единствениот пазар на Отворен Балкан?

Sase Ivanovski

За Силјановска-Давкова Македонија била „преумна, храбра, образована, културна жена“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВРЕДИ ДА РАЗМИСЛИМЕ И ЗА ГРАЃАНСКИ УСТАВ Арбен Таравари предлага смела идеја во пресрет на изборите

Sase Ivanovski

БЕСПРАВНО ИСЕЧЕНИ ДРВЈА СТАРИ 60 ДО 80 ГОДИНИ! И натаму се масакрира Националниот парк „Шар Планина“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАМИОН ВИСЕШЕ ОД МОСТ ВО САД, ШОФЕРОТ СПАСЕН ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: СПАСОВСКИ ТРЕБАШЕ ДА ПРЕТПОСТАВИ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ ВАДАТ ДОКУМЕНТИ ВО 5 ДО 12

Sase Ivanovski

СКОПЈАНЕЦ ДЕВЕТ ГОДИНИ ЗЕМАЛ ИНВАЛИДНИНА ЗА ПОЧИНАТАТА МАЈКА Ја оштетил државата за 39.192 евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: ПРОБЛЕМОТ СО ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ ЈА ПОКАЖАА СЕТА СЛАБОСТ НА ДРЖАВАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИНО ТОДОРОВ: МИЦКОВСКИ ТРЕБА ДА ГО ПРОДОЛЖИ ГРУЕВИЗМОТ, АМА БЕЗ ЛОШИТЕ РАБОТИ КОИ СИТЕ ГИ ЗНАЕМЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИНО ТОДОРОВ: СЕ ПЛАШАМ ДЕКА ЌЕ ЈА НАЛУТИМЕ ГРЦИЈА, ТЕК ТОГАШ СМЕ ГО ОБРАЛЕ БОСТАНОТ

Sase Ivanovski
Вчитувам....